Андалузија и лисабон бисерите на Шпанија и Португалија Авион/ 9 дена/ 8 ноќевања



жүктеу 53.01 Kb.
Дата01.05.2016
өлшемі53.01 Kb.
: assets -> files -> documents
documents -> Малта е составена од архипелаг на острови од кои три се населени (Малта, Гозо и Комино), и два ненаселени (Коминито и Фифлиа) и е една е од најмалите, но и најгусто населени земји во светот
documents -> Порядок проведения заседания Совета по развитию физической культуры и спорта при Губернаторе Курганской области
documents -> Семинаров по дисциплине «История науки и техники»

PUTNIK ALTA TURIST eden


Tel.: +389 2 3215008 ul. Maksim Gorki br. 31a,

1000 Skopje ,Republika Makedonija e-mail: contact@putnikaltaturist.mk



Fax. +389 2 3228701, str. Maksim Gorki no. 31a, 1000 Skopje, Republic of Macedonia Skype: putnikaltaturs www.putnikaltaturist.mk




АНДАЛУЗИЈА И ЛИСАБОН

Бисерите на Шпанија и Португалија

Авион/ 9 дена/ 8 ноќевања

Андалузија е најголемиот шпански регион со преубави градови и живописни села. Со околу осум милиони жители, таа е поголема од половина европски држави. Најјужниот регион на Шпанија, каде се сретнуваат Средоземното Море и Атлантскиот Океан е местото каде историјата оставила длабоки траги.

Андалузија е лулка на коридата, фламенкото, гитарата... Сонце, страст, звуци на фламенко и впечатливи бои, тоа е Андалузија, регион во кој се допираат истокот и западот во егзотична мешавина од традиционалните: шпанска, еврејска и арапска култура. Освен по убавината и културната разновидност, позната е и по шпанскиот заводник Дон Жуан и уметниците Диего Веласкез и Пабло Пикасо, чии најважни дела се наоѓаат во музејот во неговиот роден град Малага.

Покрај песочните плажи и планинските ресорти, тука е и модерната Андалузија со градови полни со отмени бутици, барови, ресторани и бурен ноќен живот. Андалузиските забави се познати како најгласни и “најколоритни”.

Лисабон е срцето на Португалија, најзападната европска метропола сместена на седум ридови. Градот е импресивен и харизматичен, со спој на традиционалното и модерното, со звукот на музиката Фадо и вкусот на највкусното португалско вино.

28. Декември (Понеделник) СКОПЈЕ – ИСТАНБУЛ

Состанок на групата на аеродромот во Скопје во 19.30 часот. Полетување за Истанбул во 20.45 и пристигнување во 23.25 часот (по локално време). Трансфер до хотелот и сместување. Ноќевање.



29. Декември (Вторник) ИСТАНБУЛ – МАРБЕЛЈА - МАЛАГА - ГРАНАДА

Појадок. Организиран трансфер до аеродромот во Истанбул. Полетување во 09.15 и пристигнување во Малага во 12.55 часот. Посета на монденското летувалиште Марбелја, чиј стар дел е опколен со Маварски ѕидини, Плоштадот на портокалите околу кој се наоѓаат итнересни средновековни градби. Во попладневните часови, разглед на најголемиот најјужен европски град Малага, наречена „Престолнина на Коста дел Сол“ и родно место на прочуениот шпански сликар Пабло Пикасо, прошетка до замокот Парадор, до старата палата Алкасаба, Римскиот театар, стариот Еврејски кварт и Катедралата. Патувањето продолжува за Гранада. Пристигнување во хотелот во вечерните часови и сместување. Ноќевање.



30. Декември (Среда) ГРАНАДА

Појадок. Разглед на сликовитата Гранада, град на кралскиот пар Изабела од Кастилија и Фернандо од Арагон. Посета на величествената Алхамбра, чие име на арапски значи „Црвена тврдина“. Тоа е една од најголемите туристички привлечности на Пиринејскиот Полуостров, комплексот од исламски и христијански објекти, заедно со прекрасните градини претставувал инспирација за многу поети. Од 1984 година се наоѓа на листата на УНЕСКО како светско култрно наследство. Ноќевање.



31. Декември (Четврток) ГРАНАДА – КОРДОБА - СЕВИЛЈА

Појадок. Тргнување за Кордоба, “осамениот град во срцето на Андалузија”, на брегот на реката Гвадалкивир. Разглед на градот опеан во стиховите на Лорка, град кој ги зачувал своите архитектонски бисери како што се: Стариот мост, Еврејскиот кварт и џамијата Мескита, симбол на градот и чудо на архитектурата, дел од богатството заштитено од УНЕСКО. Патувањето продолжува за Севилја. Пристигнување во најинтересниот и најраскошниот град во Андалузија. Сместување во хотелот. Слободно време за одмор. Препорачуваме Дочек на Новата Година на плоштадот или во локален ресторан со вечера и шоу програма. Ноќевање.



01. Јануари (Петок) СЕВИЛЈА

Појадок. Разглед на “престолнината” на Андалузија, Алказар, некогашна маварска владетелска палата, величествената Катедрала со повеќе олтари, со дела од познатите шпански сликари Франциско Зурбаран и Гоја и високата кула Гиралда со маварска декорација... Препорачуваме прошетка до квартот Санта Круз со вкусување на шпанскиот “тапас” и можност за крстарење со брод по реката Гвадалкивир од Златната Кула, од каде во 16 век испловувале Магелан и Кортес. Во вечерните часови, факултативна посета на шоу програма со фламенко танц, настанат во “темпераментната” Андалузија. Ноќевање.


02. Јануари (Сабота) СЕВИЛЈА – ЛИСАБОН

Појадок. Организиран превоз до Лисабон (околу 400 км) со попатна пауза за ручек. Пристигнување во хотелот во попладневните часови и сместување. Прошетка по уличките со калдрма низ квартот Алфама со можност за возење со стариот трамвај до Катедралата и Замокот од каде се пружа прекрасна глетка кон централниот дел на Лисабон. Ноќевање.



03. Јануари (Недела) ЛИСАБОН

Појадок. Разглед на португалскиот главен град кој ужива особено сончева позиција на крајбрежјето на Европскиот Атлантик: плоштадот Маркиз де Помбал, Авенијата на слободата, покрај реката Тежо, во зоната на плоштадот Комерцио и квартот Алфама. Препорачуваме посета на тврдината Белем каде се наоѓа и споменикот на славните португалски морепловци и откривачи, со кратко застанување на местото од каде Васко де Гама испловил на патување до Индија. Разгледот продолжува до симболот на Лисабон – манастирот Свети Јероним од 16 век, кој е под заштита на УНЕСКО. Прошетка до Паркот на нациите, комерцијален и резиденцијален кварт, каде се одржа светската изложба EXPO. Можност за возење со жичарницата со прекрасна глетка кон најдолгиот мост во Европа „Васко де Гама“, долг 17 километри. Ноќевање.



04. Јануари (Понеделник) ЛИСАБОН И ОКОЛИНАТА

Појадок. Факултативен излет во околината на Лисабон, прошетка до Синтра, сликовит град, некогашна летна резиденција на португалските кралски семејства, под заштита на УНЕСКО. Патувањето продолжува до најзападната точка на континентална Европа, Кабо да Рока. Покрај океанскиот брег, патот води до Кашкаиш, познато летувалиште кое со шеталиште е поврзано со Есторил. Ова монденско летувалиште со голем број голф терени, луксузни хотели и огромно казино, се споредува со Монте Карло. Враќање во Лисабон во попладневните часови. Вечерта, препорачуваме вечера со ритамот на специфичната португалска музика Фадо. Ноќевање.



05. Јануари (Вторник) ЛИСАБОН – ИСТАНБУЛ – СКОПЈЕ

Појадок. Организиран трансфер до Аеродромот во Лисабон. Полетување за Истанбул во 11.25 часот. Пристигнување во Истанбул во 18.15 и полетување за Скопје во 19.20. Слетување во Скопје во 19.50 часот.



За уплата до 27 Ноември 699 евра (43.350 денари)

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 779 евра (48.300 денари)



Цената вклучува:

- Повратен авионски превоз на релацијата Скопје-Истанбул-Малага и Лисабон-Истанбул-Скопје

- Трансфери со автобус на наведените релации според програмата

- Осум ноќевања со појадок во Хотели 3/4*

(Едно во Истанбул, Две во Гранада, Две во Севилја и Три во Лисабон)

- Разгледи и прошетки во градовите според програмата

- Професионална организација на аранжманот и придружник на патувањето
Цената не вклучува:

- Аеродромски такси 14.339 денари

- Факултативен излет во околината на Лисабон (Синтра, Кабо да Рока, Кашкаиш, Есторил)

- Влезници во локалитетите, карти за локален превоз (метро)

- Патничко-здравствено осигурување 450 денари
НАПОМЕНИ: За реализација на аранжманот е потребен минимум од 20 патници

За овој аранжман важат општите услови за патување на Организаторот на патувањето и СКТМ



Цената на аражманот се плаќа исклучиво во денари во агенција по курс 1€ = 62,00мкд. При резервација на аранжманот се уплќа 50% од износот на аранжманот како авансна уплата. Остатокот од аражманот се доплаќа на 10 дена пред поаѓање.






©netref.ru 2017
әкімшілігінің қараңыз

    Басты бет