Анеуризма на аорта и аортна дисекцијА



бет1/9
Дата06.04.2016
өлшемі0.54 Mb.
  1   2   3   4   5   6   7   8   9

АНЕУРИЗМА НА АОРТА И АОРТНА ДИСЕКЦИЈА


  • Базични факти

  • Анеуризма на аорта

  • Аортална дисекција

  • Референци

БАЗИЧНИ ФАКТИ


  • Аорталната анеуизма треба да се дијагностицира пред руптурирање: речиси секоја анеуризма може да се третира хируршки. Малите анеуризми, откриени случајно или со скрининг програма треба да се мониторираат се додека не добијат димензии кога бенефитот од хируршкиот зафат го надминува ризикот од интервенцијата.

  • Ризикот за руптура е мал кај аневризми со дијаметар помал од 5 цм.

  • Општиот лекар може лесно да биде обучен да дијагностицира аортална анеуризма со помош на ехо-томографија во својата пракса.

  • Аорталната дисекција секогаш треба да се има во предвид во случај на јака градна болка која сугерира АИМ но без ЕКГ наод во прилог на АИМ.

  • Пациент со дисекција на аорта треба веднаш да биде префлен во болничка установа

АНЕУРИЗМА НА АОРТА

Анеуризма на абдоминална аорта


  • Артериосклерозата е најважен етиолошки фактор

  • 85% од пациентите се мажи. Анеуризма на аорта се наоѓа кај 14% од мажите над 75 годишна возраст.

  • Палпабилна пулсирачка маса во горен или среден абдомен е типичен наод. Повеќето анеуризми се откриваат случајно.

  • Пациентите се жалат на болка која може да наликува на ренална колика или ишијадична болка. Болката често пати зрачи кон грбот. Најчесто болката е знак дека анеуризмата е во експанзија што побарува хируршки третман.

  • Калцифицирана анеуризма може да биде случаен наод на нативна рентгенграфија на абдомен или уринарен систем.

  • Дијагнозата може да се потврди со ехотомогравски преглед (направен во општа амбуланта изведен од обучен општи лекар).1

  • Третман

    • Хипертензија кај останатите кардиоваскуларни ризик фактори треба успешно да биде третирана.

    • Анеуризма со дијаметар со над 3 см се мониторира со ехо преглед секој 12 месеци. Кога дијаметарот на анеуризмата ке достигне 5 см кај мажи или 4.5 см кај жени ехо контролите се спроведуваат на секој 6 месеци.

    • Хируршки третман е индициран кога анеуризмата ке достигне над 5.5 см.(ннд-Б)

      • Околу 0,5 до 5% од анеуризмите со дијаметар 4 до 5 см руптурираат годишно, 3-15% доколку дијаметарот е помеѓу 5 и 6 цм, додека годишно руптурираат 10% до 20% од анеуризмите со дијаметар од 6 до 7 цм. Смртноста од руптурирана анеуризма е 90% .

    • Аневризми кои предизвикуваат бол или причинуваат периферна емболија треба хируршки да се третираат независно од големина.

    • Аневризми со дијаметар од 4,5 до 5,5 цм кои имаат тенденција на раст од 1 цм на годишно ниво мора хируршки да се третираат.

    • Анеуризмите кои се протегаат во торокалната празнина треба веднаш да се оперираат.

    • Постари браќа на пациенти со докажана анеуризма треба да бидат контролирани со ехо томографија (скрининг)(ннд-Ц)

    • Скрининг за аневризми на абдоминалната аорта упатува на намалување на морталитетот кај мажи, но нема значајна редукција кај жени (ннд-А).

Анеуризман на торакална аорта


  • Вообичаено асимптоматска. Болката сугерира експанзија.

  • Аортална регургитација

  • Трахеална или бронхална компресија или парализа на френичен нерв.

  • Понекогаш постои набрекнатост на вратните вени како последица од компресија од анеуризмата.

  • Може да биде видлива како случаен наод на нативна рентгенграфија на граден кош.

  • Третманот е хируршки или конзервативен.

АОРТАЛНА ДИСЕКЦИЈА


  • Типична локализација е асцендентна аорта (тип И и тип ИИ) и десцендентна торокална аорта (тип ИИИ). Тип И е дисекција ограничена на асцендентна аорта. Дисекција од останатите типови може да биде проширена и на абдоминална аорта.

  • Туника интерна руптурира и крвта навлегува помеѓу слоевите од туника медиа. Аортата е често пати дилатирана, што може да биде видливо на нативна рентгенграфија на граден кош.

  • Марфанов синдром често пати оди со дисекција или анулоаортална ектазија и аортална регургитација.

  • Инциденцата на аорталната дисекција е околу 2-3/1000000/годишно.

Симптоми


  • Ненадеен почеток на силна градна болка, без ЕКГ знаци за АИМ.

  • Пациентите се вообичаено мажи со хипертензија.

  • Локализацијата на болката може да се менува како дисекцијата напредува.

  • Болката зрачи кон регии слично како при АИМ, вклучително и кон вилицата и непцето. Често пати болката се чувствува на грбот

  • Останатата симптоматологија зависи од оклудирањето со дисекција на аорталните гранки, пр: исхемија на мозок, срце, бубрези и црева.

  • Можна е и акутна аортална регургитација (нов шум)

Наоди


  • Асиметричност на пулс (кај мал број на пациенти) Срцев шум заради аортална регургитација

  • Хипертензија, посебно изразена кај дистални дисекции

  • ЕКГ наодот не покажува АИМ, но може да покаже лева вентрикуларна хипертрофија, стар ИМ или исхемија ако дисекцијата ги зафатила коронарните крвни садови

  • Нативна рентгенграфија на граден кош може да покаже дилатиран лак на аорта, но најчесто е со нормален наод

  • Трансезофагеално ехо е одлична примарна процедура2. За финалната дијагноза е потребна компјутеризирана томографија, магнетна резонанца или ангиографија.

Третман


  • Систолниот притисок трба да се снижи на нормални 100-120 ммХг.

  • Првиот чекор вклучува 10 ммл нифедипин (изџвакан), нитратна (или нитропрусит) инфузија, бетаблокер и ефектна аналгезија.

  • Дисекција на асцендентна аорта треба итно да се оперира.

  • Прогнозата без хируршки зафат е многу лоша.

  • Примарниот третман на дисекција на десцендентна аорта е конзервативен; снижување на крвен притисок и пулсот...

  • Тромболизата е контраиндицирана

Каталог: wp-content -> uploads -> 2013
2013 -> Жылдарга “Кургак учук-iv” программасы
2013 -> Қорытынды Пайдаланылған әдебиеттер
2013 -> Создание информационной системы движения ценных бумаг на примере атф банка
2013 -> 1 Геологическая часть
2013 -> Оригинал: Политическая деятельность Урус-хана и его место в истории казахской государственности // Отан тарихы (Отечественная история). 2006, №1, стр. 89-95
2013 -> «Жануарға ветеринариялық паспорт беру» мемлекеттік қызмет стандарты
2013 -> I тарау. Қазақ әдебиеттану ғылымындағы абайтану мәселелері
2013 -> Жалпы білім деңгейіне мемлекеттік талап оқушылардың оқу кезеңін бітіру кезіндегі алатын білімі мен біліктіліктерінің қажетті минимум деңгейін анықтайды
2013 -> Мазмұны кіріспе
2013 -> АҚПараттық хат құрметті әріптестер!


Достарыңызбен бөлісу:
  1   2   3   4   5   6   7   8   9


©netref.ru 2019
әкімшілігінің қараңыз

    Басты бет