Хенри Милер (1891-1980) потекнува од семејство на доселеници од Германија. Роден е и пораснал во Њујорк. Студирал само два месеци – иако бил одличен студент, не сакал да ги прифати „стегите на академското образование“



жүктеу 11.67 Kb.
Дата28.04.2016
өлшемі11.67 Kb.
: press
press -> Презентация большого сборника казахской классики
press -> Сегодня в Италии концертом на заводе «Фиат» Новосибирский академический симфонический оркестр откроет юбилейный сезон
press -> Тема: здравеопазване
press -> Жемчужины оперы – в цифре
Хенри Милер (1891-1980) потекнува од семејство на доселеници од Германија. Роден е и пораснал во Њујорк. Студирал само два месеци – иако бил одличен студент, не сакал да ги прифати „стегите на академското образование“.

Во 1928 и 1929 година, минува по неколку месеци во Париз, за во 1930 година таму да се пресели и да остане до почетокот на Втората светска војна. Во Париз живее во беда и сиромаштија: му помагаат пријателите, меѓу кои е и Анаис Нин, која го финансирала првото издание на Раковиот напоредник во 1934 година. И покрај тешкиот живот, парискиот период е еден од најплодните во неговото творештво. Тогаш ги пишува и ги објавува романите Раковиот напоредник, Црна пролет (1936) и Јарешкиот напоредник (1939). Парискиот период е значаен и поради неговите контакти со надреалистите.



Во 1940 година, Милер се враќа во САД, каде што со своите дела ги бранува современите американски културни вредности и морални начела. Раковиот напоредник е објавен во САД дури во 1961 година, по што следуваат неколку судски процеси против Милер, со обвиненија дека ги поткопува моралните и општествените вредности и дека објавувал порнографија. Судските процеси завршуваат во 1964 година и во негова полза, со пресуда дека неговите книги се книжевни дела. Ова е значајно од аспект дека настанот се смета за почеток на сексуалната револуција која од САД потоа се шири низ поголемиот дел од светот.

Меѓу позначајните дела од вкупно четириесет и трите објавени книги на Милер се и романите од трилогијата Ружино распетие: Сексус (1949), Плексус (1953), Нексус (1960), романот Мирни дни на Клиши (1956), книгите есеи Космолошко око (1939), Мудроста на срцето (1941), Климатизиран кошмар (1945) и Книгите во мојот живот (1952), и патописите Колосот од Маруси (1941), како и неколку книги посветени на сликарството.



©netref.ru 2019
әкімшілігінің қараңыз

    Басты бет