Малта е составена од архипелаг на острови од кои три се населени (Малта, Гозо и Комино), и два ненаселени (Коминито и Фифлиа) и е една е од најмалите, но и најгусто населени земји во светот



Дата25.04.2016
өлшемі49 Kb.
: assets -> files -> documents
documents -> Порядок проведения заседания Совета по развитию физической культуры и спорта при Губернаторе Курганской области
documents -> Семинаров по дисциплине «История науки и техники»
documents -> Андалузија и лисабон бисерите на Шпанија и Португалија Авион/ 9 дена/ 8 ноќевања

PUTNIK ALTA TURIST еден


Tel.: +389 2 3215008 ul. Maksim Gorki br. 31a,

1000 Skopje ,Republika Makedonija e-mail: contact@putnikaltaturist.mk



Fax. +389 2 3228701, str. Maksim Gorki no. 31a, 1000 Skopje, Republic of Macedonia Skype: putnikaltaturs




МАЛТА

22.05-25.05.2015

Малта е составена од архипелаг на острови од кои три се населени (Малта, Гозо и Комино), и два ненаселени (Коминито и Фифлиа) и е една е од најмалите, но и најгусто населени земји во светот. Престолнина на Малта е Валета, а локалното население едноставно ја нарекува Ил Белт, односно Град. Валета изобилува со споменици од исклучително историско значење кои се на листата на Унеско. Меѓу нив е Конкатедралата Свети Јован од 1572 година, која е и црква на витезите. Во оваа исклучителна црква за која Валтер Скот запишал дека има “највпечатлив ентериер кој некогаш го видел“ се чуваат и исклучително вредни предмети и слики, меѓу кои и цела колекција на свештенички одори, фламански таписерии, но и слики од Караваџо. Валета е и најголемата тврдина во светот со висина на ѕидот од 50 метри, а воедно и најдлабоко европско пристаниште. Интересно е што сите згради на Малта имаат име, а боите на прозорците на зградата на парламентот ја одредува партијата која е на власт, па кога власта ја имаат националистите прозорците се зелени, а кога на изборите ќе победат лабуристите – прозорците се црвени. Секоја година Малта е посетена од над милион туристи. Многумина доаѓаат поради преубавите плажи и чистото море, но во оваа земја таканаречениот културен туризам има најголемо влијание. По број на културно-историски споменици Малта е прва земја во светот, а на 400 илјади граѓани има дури 360 цркви. Покрај фасцинантните палати во кои некогаш живееле витезите, тука е „Градот на тишината“, Мдина, каде живеат 28 аристократски семејства, потомци на витезите, но и катакомби во местото Рабат (Викторија) каде некогаш престојувал Свети Павле. Ова се само дел од убавините што можат да се видат во Малта, која не случајно се нарекува отворен музеј на Медитеранот.

Програмска шема:
Денови: 4

Период: 22.05-25.05.2015



Ден


Појадок


Наутро


Ручек


Попладне


Вечера


Сместување

01




Состанок на групата. Полетување за Малта


Факултативно

Разглед на Mdina, Rabat & Mosta

Факултативно

Хотел 3*
Ноќевање со појадок

02

Во Хотел

Факултативен разглед на Valletta.

Факултативно

Слободно време

Факултативно

Хотел 3*
Ноќевање со појадок

03

Во Хотел

Факултативна посета на островот Gozo

Факултативно

Факултативна посета на островот Gozo

Факултативно

Хотел 3*
Ноќевање со појадок

04

Во хотел

Трансфер до аеродром.

Полетување за Скопје
















Програмата се реализира во група, потребни се минимум 25 патници.
♦ 3 ноќевањасо појадок
♦ Организација, водство на аранжманот и локален водич според програмата.
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 499 ЕУР (30.938 мкд)


Опис на програма:



Ден 01:СКОПЈЕ - РИМ - МАЛТА

Состанок на групата на аеродромот во Скопје два часа пред полетување. Полетување за Mалта, преку Рим, во 05:25 часот со авиокомпанијата Alitalia. Пристигнување во Малта во 12:15 часот. По завршување на царинските и пасошките формалности, трансфер до хотел во St.Julians. По сместувањето во хотелот, посета на градовите Mdina, Rabat и Mosta. Враќање во хотел. Ноќевање.


Ден 02:МАЛТА – ВАЛЕТА - МАЛТА

Појадок. После појадокот состанок со водичот во хотелот во договореното време и поаѓање за Валета. Екскурзијата вклучува посета на: Ко-Катедралата St John, Палатата на Големиот мајстор, како и Градската градина. По враќањето во хотел, време за слободни активности и можност за ноќна прошетка низ St.Julians. Ноќевање.


Ден 03:МАЛТА – GOZO - МАЛТА

После појадокот, поаѓање кон островот Гозо, познат по природниот мир и спокојството што го нуди неговата убавина. Краткото патување до овој остров е само по себе прекрасно искуство, а она што ве чека таму, во никој случај не треба да го пропуштите. На овој остров, времето го губи своето значење. Многуте пештери раскажуваат голем број легенди. Така во градот Рабат (Викторија) се наоѓа една мала пештера во која се верува дека свети Павле се засолнил по бродоломот и се сместил во куќата на Римјанинот Публиус, која се смета за прва црква на Малта. Рабат е исто така познат и по многуте катакомби.

За пештерата во близина на Ксаџа се врзува љубовна легенда за убавата нимфа Калипсо и Одисеј, која и по речиси два и пол милениума, денес се уште живее. Некои историчари сметаат дека Гозо е островот Огигија, кој се спомнува во Хомеровата "Одисеја", каде што убавата нимфа Калипсо седум години го чувала Одисеј како затвореник на љубовта. Калипсо му ветила бесмртност ако остане со неа, но Одисеј ги одбил нејзината понуда и љубов, успеал да избега и да се врати кај својата жена Пенелопа.

Уште една природна убавина е карпата-прозорец, попозната како Азурен прозорец. Силните морски бранови во изминатите илјадници години го издлабиле најпознатиот прозорец во светот, од кој може да се видат азурно-сините бои на Медитеранoт. Со векови жителите на Гозо таа карпа ја нарекуваат Прозорецот. По целодневната екскурзија, враќање во хотелот. Слободно време за индивидуални активности. Ноќевање.


Ден 04:МАЛТА – РИМ - СКОПЈЕ
По појадокот, одјавување од хотелот и трансфер до аеродромот. Полетување за Скопје во 13:05 часот.

Вклучено во програмата:

  • Повратен авионски билет,

  • Аеродромски такси,

  • 3 ноќевања со појадок во хотел 3*,

  • Трансфери според програмата,

  • Разглед на Mdina, Rabat&Mosta,

  • Професионален водич,

  • Наша асистенција во текот на целиот престој и организација на патувањето.


Во програмата не е вклучено:

  • Патничко осигурување

  • Разглед на Valletta = 35 €

  • Екскурзија до островот Gozo = 50 €






©netref.ru 2017
әкімшілігінің қараңыз

    Басты бет