Правда и внатрешни работи



жүктеу 6.72 Mb.
бет24/51
Дата02.05.2016
өлшемі6.72 Mb.
1   ...   20   21   22   23   24   25   26   27   ...   51
:

6. Кои се овластувањата на одделните полициски сили (законски и административни, географска организација, меѓурегионална соработка итн.)?

Постојната структура и надлежност на полициските сили е уредена со Законот за внатрешни работи и подзаконските акти.

Имплементацијата на реформите на полицијата резултира со измени во структурата и надлежност на полициските сили, која се одвива во етапи. Првата промена беше воведувањето на Граничната полиција, овозможена со Законот за измените и дополнувањата на Законот за внатрешни работи (Службен весник на Република Македонија бр. 19/04). Следната промена беше започнувањето со работа на Одделот за организиран криминал.

Според постојната поставеност (која е фактички транзиторна) организацијата е следна:

Работите на системот на јавна безбедност ги врши Бирото за јавна безбедност, во рамките на кое дејствуваат Одделот за гранична полиција, Одделот за полиција, и Одделот за криминалистичка полиција.

Одделот за полиција ги врши работите на непосредно одржување на јавниот ред и мир, регулирањето и контролата на сообраќајот на патиштата, безбедноста на езерата како и други работи чија природа или услови бараат да ги извршуваат униформирани полициски работници. Во рамките на Одделот за полиција формирани се Единица за специјални задачи и Специјална единица за брзо распоредување како одделни полициски сили надлежни за постапување на целата територија на Република Македонија.

Заради заштита на безбедноста на Република Македонија, во услови на сложена безбедносна состојба или нарушување на јавниот ред и мир во поголем обем формирана е Посебна единица на полицијата на Министерството за внатрешни работи. Посебната единица е составена од припадници на полицијата, а со неа раководи командант на бригадата. Посебната единица се формира врз принцип на ангажирање на припадниците на полицијата определени во нејзиниот состав, во место и време кои со посебна наредба се определуваат во случај на активирање на Посебната единица. Наредба за ставање во приправност и нејзино непосредно ангажирање, донесува министерот за внатрешни работи или по негово овластување директорот на Бирото за јавна безбедност.

Одделот за криминалистичка полиција ги врши работите на спречување на вршење кривични дела, откривање и фаќање на сторители на кривични дела, криминалистичко-техничките работи.

Одделот за гранична полиција ги врши работите на заштита на државната граница, контрола на преминување преку државната граница, утврдување и решавање на граничните инциденти и други повреди на државната граница и други работи утврдени со закон.
За вршење на одделни задачи, како што се прашањата за аналитика и истражување, обезбедување на лица и внатрешно обезбедување на објекти, странци и имиграциони прашања, одбранбени подготовки и слично, организирани се посебни организациони единици во Бирото за јавна безбедност. Овие организациони едници, со имплементацијата на реформите ѓе функционираат во рамките на новиот Оддел за граѓански работи.
Согласно Акцискиот план за реформа на полицијата, до крајот на 2005 година треба во рамките на Бирото за јавна безбедност да функционираат Гранична полиција, Централни полициски служби и подрачни полициски служби.

Реформата во рамките на идните Централни полициски служби започна со воведувањето на Одделот за организиран криминал.

За извршување на внатрешните работи на територијата на Република Македонија формирани се 12 подрачни организациони облици - Сектори за внатрешни работи, организирани врз основа на големината на подрачјето, бројот на жителите, бројот на кривичните дела и прекршоци и други критериуми. Со нив раководат началници. Во рамките на Секторите за внатрешни работи организирани се вкупно 23 Одделенија за внатрешни работи. За непосредно извршување на полициските и другите внатрешни работи, за подрачјето на една или повеќе општини се формира најмалку една полициска станица. Со полициските станици раководат командири. Со новата организација се предвидува наместо 12 да се формираат 8 подрачни организациони облици.
Што се однесува до меѓусебната соработка, Секторите за внатрешни работи и полициските станици меѓусебно соработуваат и разменуваат информации потребни за извршување на полициските работи, а во поглед на меѓународната односно меѓурегионалната соработка, тие соработуваат со полициските тела на сите држави со кои се граничи Република Македонија и пошироко.
Организационите единици на Министерството за внатрешни работи своите работни задачи ги извршуваат во согласност со Законот за внатрешни работи („Службен весник на Република Македонија„ бр. 19/95, 55/97, 38/02, 33/03 и 19/04), Законот за кривичната постапка („Службен весник на Република Македонија„ бр. 15/97, 44/2002 и 74/04), Законот за преминување на државната граница и за движење во граничниот појас („Службен весник на Република Македонија„ број 36/92, 12/93, 11/94 и 19/04, Правилникот за вршење на работите на МВР („Службен весник на Република Македонија„ број 12/98 и 15/03), Уредбата за употреба на средства на присилба и огнено оружје („Службен весник на Република Македонија„ број 22/98 и 17/04) и други. Законските овластувања на Министерството за внатрешни работи подетално се разработени во одговорот на прашањето број 5 од Одделот „Полициска соработка„ на поглавје 24.

7. Како полицијата е кадровски екипирана и опремена и како се финансира (квантитативен преглед на вработени, згради, опрема, инструменти за комуникација, хардвер и софтвер итн.). Дали се располага со интегриран компјутерски систем за истраги?

Вкупниот број на вработени во Министерството за внатрешни работи изнесува 12.462. Од нив 8.216 се униформирани работници во Полицијата, 1.205 овластени службени лица во Криминалистичка полиција, 508 во Управа за безбедност и контраразузнавање, 750 вработени во Територијалните противпожарни единици како и 1777 работници на останати работни места во Министерството за внатрешни работи.

Министерството за внатрешни работи се финансира, односно е корисник на средства од Буџетот на Република Македонија, како од Централниот буџет - финансиран со изворни приходи утврдени во буџетот, така и од приходи кои ги наплатува Министерството и приходи остварени од дополнителни активности - самофинансирачки активности. Согласно постојните законски прописи финансирањето на Министерството за внатрешни работи се извршува преку три жиро сметки и тоа: буџетска сметка, сметка за средства од остварени приходи и сметка за самофинансирачки активности.

Извршувањето на буџетот на Минситерството за внатрешни работи во поголем дел се реализира на централно ниво, преку стручните служби. Имено, пресметките и исплатите на плати и надоместоци за сите вработени, како и обезбедување на униформи и опрема - капитални средства се реализира централно преку Министерството за внатрешни работи, додека набавките на потрошни материјали и услуги се реализираат преку подрачните организациони единици - Сектори за внатрешни работи.

Сите евиденции и изготвувањето на завршни сметки се во надлежност на Министерството за внатрешни работи.

Министерството за внатрешни работи располага со вкупна корисна површина од 136.688 м2 и тоа: Седиште на Министерство за внатрешни работи; Сектори за внатрешни работи - 12 локации; Органи за внатрешни работи - 23 локации; Полициски станици - 120 локации , како и 5 локации кои припаѓаат на Единица за специјални задачи, Специјална единица за брзо распоредување; Полициска станица за обезбедување на објекти и лица; Хеликоптерска единица, Центар за дресура и обука.

Седиштето на Министерството за внатрешни работи и седиштата на Секторите и Органите за внатрешни работи како и 68 Полициски станици кои се сместени по Секторите и Органите за внатрешни работи располагаат со вкупна корисна површина од 88.973 м2. Останатите 52 Полициски станици, Специјална единица за брзо распоредување, Единица за специјални задачи, Полициска станица за обезбедување објекти и лица, Хеликоптерска единица и Центар за дресура и обука се сместени на посебни локации со вкупна корисна површина од 47.715 м2.

Просечната старост на објектите е околу 40 години, што бара континуирано и зајакнато одржување, воведување на современи постројки за греење и климатизирање на просториите и други санации, а воедно бара знатно поголеми издатоци од пресметката во однос на одобрените средства.

Во врска со вооружувањето, објаснување на ОСЛ овластените службени лица располагаат со лично и формациско оружје, при што овластените службени лица во униформа носат пиштоли калибар 9 мм., а овластените службени лица цивили/ пиштоли 7,65мм. МВР располага и со пиштоли кал. 7,62 мм. Во вооружувањето на специјалците и посебните полициски единици постои и друго пософистицирано оружје-пушки и пиштоли за изведување на специјални задачи со различни калибри.

Во структурата на возила со кои располага министерството, доминираат автомобили од европски прозводители и од американско производство кои ги задоволуваат стандардите за извршување на полициски работи со светлосни и звучни инструменти. Министерството за внатрешни работи располага и со интервентни возила LAND ROVER DEFENDER и борбени возила БТР и Хермелин. За 2005 година се очекува донација на возила наменети за гранична полиција преку CARDS проекти. Вкупниот број на возила заедно со Товарни моторни возила изнесува 2.500.

Во својот состав Министерството за внатрешни работи располага со три хеликоптери кои се функционални и во добра состојба. Езерска полиција располага со 13 пловила од кои 1 глисер и 12 моторни чамци.

Во областа на телекомуникациите Министерството за внатрешни работи располага со:



  • Интегрирана комуникациска мрежа составена од 52 комуникациски јазли. Преку оваа мрежа се остварува целокупниот пренос на говор и податоци;

  • Телефонскиот систем се состои од 35 дигитални телефонски централи и 120 мини телефонски централи, на кои се поврзани околу 6.000 телефонски апарати;

  • Преносот на податоци се остварува преку единствена WAN мрежа, која поврзува 55 LAN мрежи;

  • Радиокомуникацискиот систем е базиран на ВХФ и УХФ фреквентен опсег. Системот е реализиран со репетитори Сторно и Моторола кои ја покрива целата територија на Република Македонија.



Се располага и со рачни, мобилни и стационарни радиостаници од типот Моторола.

Локалната компјутерска мрежа во МВР е поделена на два дела:

1. Локална мрежа во кампусот на Министерството и локална мрежа на Граничните премини која е базирана на Ethernet 10/100/1000 стандардот (IEE 802.3);

2. Локална мрежа во локалните организациони единици Сектори за внатрешни работи/Одделенија за внатрешни работи која е базирана на Token-ring стандардот.

Сите објекти независно од типот на локалната мрежа се структурно искаблирани,со тоа што Ethernet каблирањето е иѕведено според строгите стандарди на една од водечките светски компани во областа на мрежите,мрежните пасивни елементи и каблирањето компанијата Nexans.

Во зависност на типот на локалната мрежа се користат и соодветните мрежни активни компоненти:



  • за token-ring мрежата се користат соодветни комутатори и концетратори ( IBM token-ring hub,CAU,MAU);

  • за Ethernet мрежата се користат соодветни комутатори и концентратори ( CISCO switch,hub ).



Целиот информациски систем на МВР е централизиран на сервери кои се наоѓаат во кампусот на Министерството. Пристапот до централниот сервер ( IBM mainframe ) се одвива преку стандардни терминали или персонални компјутери на кои е инсталиран програмот IBM Personal Communications , додека комуникацијата се одвива преку Telnet ( TCP/IP протокол ) или преку IEEE 802.2 ( SNA протокол ), додека пристапот до другите сервери се одвива преку TCP/IP протокол.

Поголемиот број од активностите на информациониот систем на МВР што подразбира внес,ажурирање и директно пребарување на податоците во централната евиденција се одвива на централниот сервер во Министерството ( IBM Mainframe ). Дневно на централниот сервер се одвиваат околу 200.000 on-line трансакции, додека во шпицот на работата се случува да се изведуваат од 10-15 трансакции во секунда. При секојдневната работа истовремено се активни од 400-500 терминали од вкупниот број на околу 1000 терминали поврзани мрежата на централниот компјутерски сервер на МВР. Расположивоста на централниот сервер е 24X7X365 и тој е со следниве карактеристики:



  • IBM Multiprise 2003/206 with 512 MB RAM working on 17,4 MIPS with 12 parallel channels;

  • 6 HDD with 9 GB each ( 54GB) in mirror (means physically 12 HDD);

  • 2 OSA2 adapters with TR/ETH enabled.



Од системски и апликативен софтвер на овој сервер се користат оперативните системи VM/ESA 2.4 и VSE/ESA 2.3.2, трансакцискиот сервер CICS/VSE 2.3, пакетот за развој на апликации Language Envirinment 1.4 и базите на податоци DB2 ( релациска ) и DL/I,VSAM ( хиерархиски ).

Покрај споменатиот централен сервер се користат и други сервери како file,mail,DNS,communication sever и сервер за криминалистичка истрага. Овие сервери се наоѓаат на централна локација во Министерството и ги имаат следниве технички карактеристики.



  • Fujitsu Siemens PrimePower 650 with 6GB RAM working on UNIX operating system SUN Solaris v8 - количина 1

  • IBM Netfinity 5500 with 512 MB RAM working on Windows 2000 operating system - количина 3

  • IBM Netfinity 5000 with 256 MB RAM working on Windows 2000 operating system - количина 2

  • IBM Netfinity 3000 with 128 MB RAM working on Windows 2000 operating system - количина 3

  • PC Compatible Server with 256 MB RAM working on Windows 2000 operating system -количина 3



Во работата на Граничната полиција за контрола на преминот преку државната граница се користат локални сервери кои се поврзани во локалните мрежи на соодветниот граничен премин. Овие сервери се со следните технички карактеристики:

  • PC Compatible Server with 256 MB RAM working on Windows NT operating system - количина 13



Во овој момент во Министерството не постои интегриран компјутерски систем за водење на истраги. Криминалистичките аналитичари и инспекторите кои ја водат истрагата имаат можност од сите подрачни единици на МВР директно да пристапуваат до компјутерските евиденции на МВР во процесот на прибирање на податоци од интерес за истрагата. Единствено во организационата единица за борба против дрога и наркотични средства има апликативно решение за водење на истраги CISNIK (Criminal information system for national and international cooperation - донација од UNDCP). Ова апликативно решение е интегрирано со алатката решение за разузнавачка анализа (intelligence analyse) Analyst Notebook (i2) и овозможува целосно компјутерско водење на истражната постапка. Во моментов овие апликативни решенија за компјутерско водење на истрагата е регионално ограничено и се користат само на централно ниво, во организационата единица за борба против дрогата и наркотични средства во седиштето на МВР.


1   ...   20   21   22   23   24   25   26   27   ...   51


©netref.ru 2017
әкімшілігінің қараңыз

    Басты бет