Правда и внатрешни работи



жүктеу 6.72 Mb.
бет3/51
Дата02.05.2016
өлшемі6.72 Mb.
1   2   3   4   5   6   7   8   9   ...   51
:

3. Дали во вашата земја постои сеопфатна стратегија за управување со границите? Доколку постои, опишете ги главните компоненти на вашата стратегија за управување со границите и фазата на имплементација во која се наоѓа.

Согласно заклучокот од седницата на Владата одржана на 17.03.2003 година, се формираше Mеѓуминистерска работна група за координација на Проектот „Интегрирано гранично управување“. Работната група беше формирана со цел да го следи целиот процес, од подготовката на Националната стратегија за интегрирано гранично управување, се до целосната имплементација на овој концепт, предвидена до крајот на 2005 година.


Координатор на работната група е Министерството за внатрешни работи, а неа ја сочинуваат и претставници на Министерството за одбрана, Министерството за образование и наука, Министерството за надворешни работи, Министерството за финансии- Царинската управа, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Министерството за здравство, Министерството за за транспорт и врски и Министерството за за животна средина и просторно планирање.
Како резултата од работата на работната група, Владата на Република Македонија на 22.12.2003 година ја усвои Националната стратегија за интегрирано гранично управување.
Националната стратегија е изготвена во согласност со специфичните услови, општествено политичкото уредување и правниот систем на Република Македонија, имајќи ги при тоа во предвид компаративните искуства од другите земји кои во најблиското минато ја извршиле оваа трансформација, корпусот на меѓународни инструменти и легислативата на земјите членки и кандидати за членство во Европската унија, како и препораките содржани во Шенгенскиот каталог на најдобри пракси.

Целите кои треба да се постигнат со Националната стратегија се:



  • Воспоставување отворени, но контролирани и безбедни граници во согласност со европските стандарди и иницијативи, преку олеснето и забрзано преминување на границите за легитимни цели и истовремено идентификување, откривање, превенција, спречување и справување со нелегалните и непријателските движења, а особено справување со прекуграничните активности што го поддржуваат организираниот криминал и ја загрозуваат регионалната безбедност (трговија со оружје, луѓе и дроги);

  • Повлекување на Армијата на Република Македонија од одговорностите за гранично управување до 31 декември 2005 година;

  • Создавање на нова Гранична полициска служба, во рамките на Министерството за внатрешни работи, како основна служба за гранично управување во државата, која ќе ја преземе одговорноста за надзор на државната граница до 31 декември 2005 година;

  • Создавање на Национален координативен центар за гранично управување, со кој ќе раководи Граничната полициска служба во соработка со сите останати национални служби за гранично управување со цел да се постигне соработка, координација, заедничка поддршка и размена на информации помеѓу истите;

  • Зајакнување на прекуграничната соработка преку склучување на меѓународни договори за прекугранична соработка со соседните и други европски држави и истовремена размена на офицери за врска со граничните служби на соседните земји.



Главни компоненти на наведената стратегија се:

  • Опис на државната граница на Република Македонија - историја, соседни држави, постоечки гранични премини за патен, железнички и воздушен сообраќај, географско простирање на границата со топографија и граничната економија, односно главните економски активности на населението кое живее во пограничните региони;

  • Стратешки предизвици односно можни видови на загрозувања - конвенционален воен напад, можност за навлегување на непријателски групи и поединци, внатрешен конфликт и криминал;

  • Правни работи - Интегрирано гранично управување. Изработка на законски и подзаконски прописи во согласност со препораките од Шенгенскиот каталог на најдобри пракси со утврдена методологија за создавање на законска рамка со целосно почитување на човековите права и слободи. Основна е изработката на Закон за надзор и контрола на државна граница, како и регулирањето на соработката помеѓу министерствата и институциите вклучени во граничното управување;

  • Формирање на Национална гранична полициска служба во рамките на Министерството за внатрешни работи. Дефинирање на потребата, оперативниот концепт и надлежностите, воспоставување на Национален координативен центар за гранично управување заради координирање на активностите на различните служби вклучени во граничното управување, отворање на регионални центри, водење на криминални истраги, селекција, регрутирање и обука на персоналот на граничната полиција, размена на офицери за врска со соседните држави;

  • Методологија во процесот на примопредавање Гранична бригада - Гранична полиција со утврдена динамика и распоред без притоа да се доведе во прашање ефикасноста на граничното управување и безбедноста на државата;

  • Воспоставување на Национален систем за граничен мониторинг со цел навремено и прецизно пренесување на информации како и инсталирање на Затворен систем за видео надзор кој ќе овозможи на оперативните раководители да добиваат информации во живо што ќе им помага во процесот на донесување одлуки;

  • Категоризација на граничните премини (прва, втора и трета категорија) во согласност со нивното стратешко значење, со цел концентрирање на ресурсите на одредени гранични премини;

  • Надлежности и постапки на граничните премини со создавање и примена на Стандардни оперативни процедури засновани на определените надлежности на Граничната полиција и Царинската управа;

  • Вршење претрес на комерцијалните и други возила кои остваруваат влез - излез на граничните премини со профилирање на разузнавањето и проактивната истрага;

  • Зајакнување на активностите со цел навремено откривање, попречување и елиминирање на обиди за илегална миграција, шверц и трговија со луѓе, недозволена трговија со дрога, нелегално поседување и транспорт на радиоактивни материи и други штетни и опасни материи, како и мерки со цел попречување на ширење на заразни болести;

  • Определување процедури на Зелената граница помеѓу Царинската управа и Граничната полиција;

  • Развој на граничните области со повеќеагенциски пристап и стратегија за развој на границите,

  • Езерска контрола со користење на копнена радарска контрола, со цел попречување на нелегалните езерски гранични преминувања;

  • Развивање на регионална соработка и координација на локално, регионално и централно (национално) ниво како и соработка преку Заедничките гранични комисии;

  • Развивање на систем за управување со граничните податоци;

  • Пасошки и визен режим, изработка на нови македонски патни исправи со многу поголем квалитет од постојните односно со поголем број заштитни елементи. Обука на конзуларниот персонал вклучен во издавањето на визи со цел откривање на фалсификувани и изменети патни исправи како и воведување база на податоци за издадени визи;

  • Разузнавање, анализа и делење на информации со цел зајакнување на националната способност за попречување на организираниот прекуграничен криминал преку развој на Национален модел за разузнавање, Формирање на Национален граничен разузнавачки комитет и подобрени, интегрирани и поврзани аналитички способности за гранично управување, спроведување на законите и разузнавање;

  • Анализа на ризиците - Оптимизирање на управувањето со ресурсите и операциите;

  • Заштита на податоците, како и управување со базите на податоци;

  • Воена поддршка на цивилните власти. Граничната полиција и Министерството за одбрана ќе работат на заедничко изготвување на јасни административни и оперативни процедури за меѓусебна поддршка во случај на закана на територијалниот интегритет;

  • Односи со јавноста и информации со вклучување на принципите на транспарентност и одговорност.

Во однос на фазата на имплементација на Стратегијата за интегрирано гранично управување, од моментот на нејзиното усвојување на 22.12.2003 година до денес, реализирани се следните активности:

  • Меѓуминистерската работна група со учество на експерт од држава членка на Европската унија изготви работна верзија од Акционен план за интегрирано гранично управување кој јасно ги дефинира конкретните активности кои треба да се преземат и временскиот распоред за имплементација на истите индикатори на остварување, одговорни министерства или агенции, неопходните ресурси и потенцијалните ризици и условености;

  • Извршени се измени на законската регулатива со што е создадена правна основа за формирање на граничната полиција. Изработени се работни верзии од Закон за надзор на државна граница;

  • Формирана е граничната полиција како посебна организациона единица во рамките на Министерството за внатрешни работи во чија надлежност се работите на заштитата на државната граница, контролата на преминување преку државната граница, утврдување и решавање на гранични инциденти и други повреди на државната граница и други работи утврдени со закон;

  • Извршен е трансфер на надлежноста во обезбедувањето на државната граница при што до сега од страна на Министерството за внатрешни работи односно од страна на Граничната полиција преземено е обезбедувањето на јужната граница кон Република Грција и источната граница кон Република Бугарија како и дел од границата кон Србија и Црна Гора на потегот од тромеѓето со Република Бугарија до реонот кој го покрива граничната полициска станица „Пелинце“;

  • Реализирани се три курса за основна полициска обука, која ја завршија вкупно 821 кандидати кои од Министерството за одбрана преминаа во Mинистерството за внатрешни работи. Обуката се изведува во Полициската академија со учество на експерти од ОБСЕ и истата содржи изучување на законските и подзаконските прописи со кои се регулира работата на полицијата со посебен нагласок на прописите од областа на граничното работење. Досега завршените кандидати распоредени се да извршуваат работи и работни задачи во организационите единици на Одделот за Гранична полиција;

  • Во тек се активности околу реализирање на два проекти за градење и зајакнување на телекомуникациската структура со кој ќе се овозможи трансфер на податоци од граничните премини до седиштето на Министерството и обратно како и централизирано собирање, обработка и дистрибуција на податоците кои се однесуваат на граничното работење;

  • Во тек е постпката по јавна набавка околу избор на фирма со која Министерството за внатрешни работи ќе склучи договор за изработка на нови патни и други исправи за идентитет. Новите исправи ќе бидат во согласност со европските стандарди односно истите во себе ќе содржат биометриски податоци, ласерско гравирање на фотографија и податоци за носителот на документот како и високо квалитетни заштитни знаци со кои значително ќе се намали можноста за нивно фалсификување;

  • Зајакната е прекуграничната соработка со соседните држави при што со граничната служба на Република Грција воспоставена е пракса на одржување на состаноци на локално, регионално и национално ниво како и размена на информации кои се однесуваат на граничната безбедност. Со граничните служби на Република Бугарија и УНМИК определени се офицери за врска, за размена на информации од областа на граничната безбедност.




1   2   3   4   5   6   7   8   9   ...   51


©netref.ru 2017
әкімшілігінің қараңыз

    Басты бет