Правда и внатрешни работи



жүктеу 6.72 Mb.
бет32/51
Дата02.05.2016
өлшемі6.72 Mb.
1   ...   28   29   30   31   32   33   34   35   ...   51
:

17. Кој вид на соработка постои со меѓународните тела за полициска соработка? Како е организиран тој вид на соработка?

Соработката на Министерството за внатрешни работи и меѓународните тела за полициска соработка може да се разгледа преку повеќе аспекти, а пред се од аспект на основните надлежности на МВР. МВР е надлежно за работите поврзани со заштита на животот, личната сигурност и имотот на граѓаните, заштита на слободите и правата на граѓаните, заштита на уставниот поредок, спречување и откривање на криминалот, одржување на јавниот ред и мир, контрола на сообраќајот, контрола и надзор на државната граница, престој и движење на странци, контрола на оружјето,експлозивни и други опасни материи и др. Исто така согласно одредбите од Глава 7 од Спогодбата за стабилизација и асоцијација меѓу Република Македонија и европските заедници од 9 април 2001 година, која се однесува на делот правда и внатрешни работи, Министерството за внатрешни работи презема обврски од делот на гранична контрола, визи, азил, миграција, односно спречување и контрола на нелегалната миграција, борбата против перењето на пари, спречување и борба против криминалот и другите незаконски активности, вклучувајќи ја соработката на полето на превенција и сузбивање на недозволената трговија и злоупотреба на дрога.

Министерството за внатрешни работи на Република Македонија активно соработува со следниве тела за меѓународна полициска соработка:

НЦБ ИНТЕРПОЛ

На 62-то заседание на Генералното собрание на Интерпол, одржано на Аруба, 1993 година Република Македонија е примена во членството на Меѓународната организација на криминалистичка полиција - Интерпол. Република Македонија ги исполнува сите обврски кои произлегуваат од ова членство и ги почитува меѓународните стандарди. Согласно со тоа е формирано одделение за НЦБ Интерпол во рамки на Секторот за меѓународна полициска соработка при МВР.

Националното Централно Биро на Интерпол – Скопје, со сегашното ниво на организираност, функционалност и техничка опременост, ја претставува Република Македонија како рамноправна членка на меѓународната криминалистичка полициска организација – Интерпол и рамноправен субјект во борбата со меѓународниот криминал од секаков вид. Ова НЦБ, во рамките на регионалниот CARDS проект на Европската Комисија, беше комплетно технички опремено со најсовремена опрема, со помош на која значително се зголеми функционалноста и ефикасноста во извршувањето на работните задачи. Компјутерската мрежа во Интерпол Скопје ги задоволува најсовремените светски стандарди во поглед на заштитата, брзината, капацитетот, функциите и сервисите кои ги нуди. Покрај ова, во рамките на овој проект, беа изведени повеќе обуки за вработените, од технички аспект (за одржување, администрирање и користење на техничката опрема) и од кориснички аспект (користење на сервисите на И-24/7 комуникациониот систем на Интерпол, обуки за работа со разни софтвери, користење на централните АСФ бази на податоци во Генералниот Секретаријат итн.). Со ова се подигна нивото на квалифицираност на вработените за извршување на секојдневните задачи.

Во однос на комуникацијата со централниот информационен систем на Интерпол, НЦБ - Скопје, активно ги користи централните АСФ бази на податоци за лица, украдени возила, украдени/изгубени патни исправи и административни документи, украдени уметнички предмети итн, како и партиципира со внесување на податоци во истите. Пребарувањето и внесувањето на податоци, кои Интерпол Скопје ги извршува секојдневно, се изведуваат во согласност со генерално пропишаните правила и врз основ на позитивните законски прописи во Република Македонија, а воедно и во согласност со Законот за заштита на личните податоци. Покрај користењето на АСФ базите, вработените во Интерпол Скопје активно ги користат сите сервиси на овој систем, меѓу кои и системот за електронска пошта, при што размената на информации помеѓу земјите членки на Интерпол се изведува во една затворена и заштитена средина. Електронската пошта која пристига во НЦБ Скопје е постојано следена од оператор, што придонесува за навремено делување, особено во итните случаи.



Генерално, пристапот до И-24/7 комуникацискиот систем на Интепрол е заштитен, како од техничка страна (со користење на хардверски уреди за заштита, Firewall), така и во поглед на контрола на корисничкиот пристапот до податоците. Имено, Националниот офицер за заштита на И-24/7 системот, кој е вработен во Интерпол Скопје и е назначен на оваа функција од страна на Генералниот Секретаријат на Интерпол, врши дефиниција и контрола на пристапот до системот за секој корисник поединечно, доделувајќи им на корисниците различни права на пристап во согласност со нивната функција и работните задачи кои ги извршуваат.
Во периодот што следи, претстои продолжување на регионалниот CARDS проект, како резултат на успешната имплементација на досегашните фази и извонредната соработка помеѓу членовите на проектниот тим и вработените во ова НЦБ. Со донирање на дополнителни средства, се планира обука на вработените за изучување на вториот официјален јазик на Интерпол; францускиот. Во секојдневната работа се следат препораките кои ги дава Генералниот секретаријат на Интерпол.
Во однос на Интерпол стандардите, ова НЦБ ги задоволува скоро сите стандарди. Интерпол Скопје работи во две смени (8:00 - 22:00 часот), а останатото време во работните денови и за време на викендите и празниците постои дежурен инспектор кој е во можност, по потреба, веднаш да интервенира. Дежурниот телефон, на кој овој инспектор може да се контактира, е постојано во функција и е објавен на официјалниот интерен интернет сајт на Интерпол (каде може да се најдат и останатите податоци за ова НЦБ, како и за сите други членки на Интерпол).
Во поглед на брзината на постапување по барањата, кои се доставени до Интерпол Скопје од страна на институции за спроведување на законот во РМ или, од друга страна, од другите членки на Интепрол, многу зависи од комуникацијата и соработката со нив и нивната брзина во постапувањето по барањата за проверки кои Интерпол Скопје им ги проследува во текот на решавањето на некој случај.
Имајќи ја во предвид природата на криминалните делувања и нивната регионална поврзаност, Република Македонија преку своето НЦБ има најблиска соработка со соседните земји и земјите од Балканскиот регион, а потоа, и со земјите членки на Интерпол од Зона 2, во која спаѓаат европските земји.
ЕВРОПОЛ
Со Одлука на Советот за правда и внатрешни работи на ЕУ, од 27.03.2000 година, Директоратот на ЕВРОПОЛ беше овластен да започне преговори за склучување на договор за соработка со 23 земји и 3 тела надвор од ЕУ. Оваа одлука на Советот на 13.06.2002 година е дополнета со овластување за започнување на оваа процедура со 5 нови земји, меѓу кои и Република Македонија.
Во рамките на подготовка на формалните преговори на 15 и 16.10.2004 година ЕВРОПОЛ го организираше вториот иницијален семинар за петте земји, каде беа врачени прашалници, потребни на ЕВРОПОЛ заради проценка на исполнување на условите за потишување на договор. Одговорите на прашалниците, подготвени врз основа на постоечкото законодавство веќе се доставени до ЕВРОПОЛ.
Со ратификацијата на Конвенцијата на Советот на Европа за заштита на лица при автоматска обработка на лични податоци број.108 од 28.01.1981 и донесувањето на новиот Закон за заштита на податоци усогласен со релевантното закондавство на ЕУ се исполнуваат неопходните формални предуслови за потпишување на договор за соработка со ЕВРОПОЛ.
Во 2003 година врз основа на промена на систематизиајција на работни места во Министерството за внатрешни работи е формиран Сектор за меѓународна полициска соработка, каде е предвидено работно место офицер за врска со ЕВРОПОЛ. Описот на работните задачи ќе биде дефиниран по потпишувањето на договорот со ЕВРОПОЛ.
СЕКИ Регионален Центар (SECI REGIONAL CENTRE) за борба против преку-граничниот криминал
Република Македонија е една од иницијаторите на идејата за формирање на СЕКИ центарот, а договорот за соработка кој е основен правен акт на центарот го ратификува 2000 година. Од 2001 година се номинирани и упатени офицери за врски од царината и полицијата во СЕКИ центарот. Воедно во секторот за меѓународна полициска соработка при МВР има национална фокусна канцеларија со офицер за врска за СЕКИ за постапување по барањата на центарот. Офицерите за врска кои се назначени во центарот учествуваат во размената на информации, подготовката на регионалните операции и спроведување на различни проекти.
МВР на Република Македонија има активно учество во голем број оперативни активности на СЕКИ Центарот и според покажаните резултати е меѓу најуспешните земји во регионот.Покарактеристични случаи иницирани или реализирани од страна на МВР на РМ се: обезбедување на сведоци-жртви на трговија со луѓе за судска постапка во Македонија;организирање на опeративни состaноци меѓу преставници на Република Македонија и Република Албанија за случај на киднапирање на македонски државјани;утврдување на идентитетот на жртви на убиство извршено во Македонија а е во врска со трговија на жени; доставување на оперативни информации во случаи на киднапирања на македонски државјани и сл.
Република Македонија е регионален координатор на СЕКИ Работната група за финансиски и компјутерски криминал. Во таа насока беше реализирана обврската на нашата држава за формирање на Регионална Канцеларија (Regional Clearing House) за анализа на податоците за финансискиот криминал , каде ќе се состануваат експерти од МВР на Република Македонија, Министерството за финасии, Царинската Управа,Јавно Обвинителство на Република Македонија и др. Во насока на сузбивање на криминалот во регионот МВР на РМ активно учествува и во следните работни групи: Работна група за антитероризам, Работна група за украдени возила, Работна група за спречување на криумчарењето и измами, Работна група за сузбивање на трговијата со луѓе и Работна група за сузбивање на трговијата со дрога. Исто така Република Македoнија во рамки на Центарот била иницијатор на првата регионална акција за сузбивање на слуачи со недозволена трговија со дрога; иницијатор за подготовка на регионална програма за заштита на сведоци, иницијатор на регионална акција за сузбивање на илегалната миграција и др.
По бројот на иницирани барања и размена на информации од државите кои имаат офицери за врска со центарот Република Македонија е на трето место.



1   ...   28   29   30   31   32   33   34   35   ...   51


©netref.ru 2017
әкімшілігінің қараңыз

    Басты бет