Правда и внатрешни работи


Наведете дали постои докажана меѓународна димензија на организираниот криминал во Вашата земја



бет38/51
Дата02.05.2016
өлшемі6.72 Mb.
1   ...   34   35   36   37   38   39   40   41   ...   51

4. Наведете дали постои докажана меѓународна димензија на организираниот криминал во Вашата земја.

Од досегашните согледувања и анализа на откриените случаи, како и добиените информации и оперативни сознанија, произлегуваат сомневања за поврзаност на криминални групи од подрачјето на Република Македонија, со криминални групи од одредени држави на Источна Европа (Бугарија, Русија, Албанија, Чешка), потоа Турција и земји од Блискиот Исток, а посебно со оние кои дејствуваат на подрачјето на земјите што настанале со распадот на поранешна Југославија (Косово,Србија и Црна Гора, Хрватска и Босна и Херцеговина). Меѓутоа, постојат и сознанија дека криминалните структури од Република Македонија се поврзани и со организирани криминални структури од западноевропските земји, во кои во главно се наоѓаат и главните организациони структури и кои всушност преставуваат и крајните дестинации на криминалната активност. Поврзаноста на тие групи посебно е забележителна кај недозволената трговија со наркотички дроги и психотропни супстанци, криумчарењето на луѓе, криумчарењето на акцизни стоки, недозволената трговија со оружје и украдени луксузни моторни возила.

Според досегашните искуства, како специфичен пример може да се посочи недозволената трговија со наркотични дроги и психотропни супстанци, која активност всушност преставува дел од активностгите на т.н. Балкански пат на дрогата. Република Македонија преставува транзитна зона, во која поради малиот и непрофитабилен пазар, останува само мал дел од дрогата што е наменета за наркотичките пазари на западна Европа, а доаѓа од Блискиот Исток и Турција. Република Македонија исто така преставува транзитен дел од меѓународен криумчарски канал за криумчарењето на луѓе преку државната граница од земјите со висок миграционен ризик кон развиените земји на Западна Европа.

Меѓународна поврзаност е забележана и кај недозволената трговија со оружје, кој ланец е доста разработен и организиран од криминални структури од Република Македонија, Албанија и другите држави од Западен Балкан, главно поради актуелните состојби и настани на Балканот,(тие рамки и во Република Македонија), но и поради големите можности за реализација и големиот профит. Кај криумчарењето на акцизни стоки( цигари, алкохол,нафтени деривати и сл.), Република Македонија претежно се јавува како транзитен регион, но и како крајна дестинација за одредени криумчарени акцизни стоки, кои во значителен обем се продаваат на илегалниот пазар.

Трговијата со луѓе особено жени заради присилна проституција, исто така бележи меѓународна димензија. Република Македонија може да се јави како крајна дестинација и притоа се користат следните канали: Молдавија-Романија- Србија и Црна Гора – Република Македонија; Романија – Бугарија – Република Македонија; односно Молдавија – Романија – Република Македонија;Република Македонија може да се јави и како транзитна држава во која странските државјанки се внесуваат од Бугарија со крајна дестинација Албанија, а дел од нив завршуваат на пазарите на бело робје во европските држави.

Поврзаност на меѓународни криминални групи и криминални групи од Република Македонија е присутна и во случаите на криумчарење на украдени моторни возила во Западна Европа, но и во Република Македонија, кои завршуваат на илегалните пазари во земјите на источна Европа , но и во земјите на опкружувањето.


5. Кои се главните елементи на вашата политика во однос на справување со организираниот криминал?

Приоритетна задача во борбата против организираниот криминал преставува обезбедувањето на основни предуслови за ефикасно спротивставување и идентификување на неговите појавни облици и форми, а пред се:



  • ефикасен продор на полицијата во криминалните средини и групи, со цел откривање, идентификување и докажување на криминалната активност на главните учесници, со употреба на законски методи и средства на оперативното-криминалистичко работење;

  • воспоставување и унапредување на соработката на полицијата и граѓаните;

  • сузбивање на сите облици на организирано криминално однесување;

  • сузбивање на корупцијата;

  • спречување на перењето на пари и други приноси од казниво дело и

  • конфискација на имотната корист стекната со кривично дело.



За таа цел неопходно е да биде обезбедено следното:

  • Доследна примена на меѓународните инструменти и усогласување на законодавството на Република Македонија со стандардите на Европската Унија и Обединетите Нации, кои се однесуваат на борбата и сузбивањето на организираниот криминал, корупцијата и перењето пари, земајќи ги во предвид препораките содржани во извештаите за Република Македонија подготвени од меѓународните организации (Европската Комисија, GREKO, Комитетот на Советот на Европа за перење пари PC-R-V /MONEVAL/, Иницијативите на Пактот за Стабаилност) и сл.;

  • Завршување на активностите и доследно имплементирање на документот - Конкретни мерки и активности за спречување на организираниот криминал во Република Македонија, усвоен од Владата на Република Македонија како последователна активност на Лондонската конференција и презентиран на Министерскиот состанок за правда и внатрешни работи на ЕУ - Западен Балкан на 28.11.2003 год;

  • Обезбедување на непристрасна, стручна, законска и колективна работа на полициските службеници во откривањето на организираниот криминалитет, како и обезбедување на синхронизирано и координирано дејствување на сите субјекти и институции надлежни за борба против организираниот криминал, корупцијата и перењето пари.;

  • Успешно откривање и спречување на коруптивното однесување во сите сегменти и нивоа на државната власт, елиминирање на сите услови кои придонесуваат за појава на криминални однесувања, како и спречување на евентуална поврзаност со криминални структури и групи на службеници на државните органи заради вршење на кривични дела од областа на организираниот криминал;

  • Доследна примена на одредбите на кривичното право, со цел остварување на начелото на „неисплатливост на злосторството„ и оневозможување на перењето на криминално стекнатите и нечисти пари;

  • Континуирано оспособување на овластените службени лица кои извршуваат работи и работни задачи за сузбивање на криминалитетот и нивно соодветно опремување со потребнитге технички средства;

  • Перманентно прилагодување на организацијата на субјектите надлежни за сузбивање на организираниот криминалитет, која мора да биде во состојба да одговори на предизвиците што со себе ги носи организираниот криминал; координирано заедничко и организирано дејствување на ниво на целата држава со што помал број на формални препреки во спроведувањето на оперативно-криминалистичките обработки со обезбедена јасна вертикална хиерархија на раководење;

  • Создавање на независно и ефикасно судство;

  • Ажурно водење и завршување во разумен законски рок на кривичните постапки кои се водат во врска со извршени кривични дела од сите видови, а особено во врска со организираниот криминалитет,преку изедначување на казнената политика на целото подрачје на државата и

  • Интензивирање, проширување, одржување и унапредување на сите облици на меѓународна полициска соработка заради поуспешно откривање и сузбивање на организираниот криминал и размена на поддатоци и информации во врска со тоа.




Достарыңызбен бөлісу:
1   ...   34   35   36   37   38   39   40   41   ...   51


©netref.ru 2019
әкімшілігінің қараңыз

    Басты бет