Правда и внатрешни работи



жүктеу 6.72 Mb.
бет39/51
Дата02.05.2016
өлшемі6.72 Mb.
1   ...   35   36   37   38   39   40   41   42   ...   51
:

6. Дали постои систем кој овозможува конфискација/запленување на приходите стекнати преку извршување на кривично дело?

Кривично-правниот институт “конфискација на имотната корист прибавена со кривично дело“ е востановен со донесувањето на Законот за изменување и дополнување на Кривичниот законик (“Службен весник на Република Македонија бр. 19/04). Овој институт кој иако и пред донесувањето на законот функционираше во поинаков облик (пленидба на имотната корист) е голем исчекор во сузбивањето на незаконско збогатување на лицата поврзани со организираниот криминал.

Конфискацијата на имот и имотна корист е уредена во посебна глава во Кривичниот законик (“Службен весник на Република Македонија“ бр. 37/96, 80/99, 4/02 и 19/04), каде што се предвидени одредби за основите и начинот на конфискација и конфискацијата од правно лице. Со одредбите на законот се регулира и заштитата на оштетениот, додека постапката за конфискација е уредена во Законот за кривичната постапка (“Службен весник на Република Македонија“ бр. 15/97, 44/02 и 74/04).

Согласно одредбите од Кривичниот законик, никој не може да ја задржи посредната или непосредната имотна корист прибавена со кривично дело. Вака прибавената имотна корист е предвидено да се конфискува со судска одлука со која е утврдено извршувањето на кривичното дело. Одлука за конфискација во постапка определена со закон, судот може да донесе и кога од фактички или правни пречки не е можно водење на кривична постапка спрема сторителот на кривичното дело.

Законот предвидува и одредба според која под услови определени со ратификуван меѓународен договор, конфискуваниот имот може да биде вратен на друга држава.

Согласно законските одредби, конфискувањето на имотна корист прибавена со кривично дело, се состои во конфискување пари, подвижни или недвижни предмети од вредност, како и секоја друга сопственост, имот или актива, материјални или нематеријални права. Исто така, доколку нивната конфискација не е можна, законот предвидува можност на сторителот да му биде конфискуван друг имот што одговара на прибавената имотна корист.

Конфискација на имотната корист може да се изрши и од трети лица на кои е пренесена без соодветен надоместок, доколку тие не знаеле, а можеле или биле должни да знаат дека е прибавена со кривично дело.

Законот предвидува и посебен режим на конфискување на предмети што се прогласени за културно наследство и природни реткости, како и оние за кои оштетениот е лично врзан. Имено, тие се конфискуваат од трети лица, без оглед на тоа што не знаеле или не можеле ниту биле должни да знаат дека се прибавени со кривично дело и без оглед на тоа дали истите им биле пренесени со соодветен надомест.

По правило конфискуваното му се враќа на оштетениот. Доколку пак нема оштетен, конфискуваниот имот станува сопственост на државата.

Во Кривичниот законик е предвидена и одредба за заштита на оштетениот. Имено, оштетениот кој во кривичната постапка во однос на своето имотно-правно барање е упатен на спор може да бара да се намири од износот на конфискуваната вредност, во законски утврдените рокови.

Во Законот е предвидена и одредба за заштита на оштетениот кој во кривичната постапка не пријавил имотно-правно барање. Имено, тој може да бара намирување на конфискуваната вредност, ако заради утврдување на своето барање повел спор во законски утвредните рокови.

Во борбата против организираниот криминал и копруцијата, особено е значајна и новината за воведување кривично-правна одговорност за правните лица и законската можност за конфискација на прибавената имотна корист со извршено кривично дело и од правното лице.

Постапката за примена и извршувањето на конфискацијата на имот и имотна корист е уредена во Законот за кривичната постапка. Меѓу другото, предвидено е дека извршувањето на конфискацијата се врши во рок од 30 дена по правосилноста на пресудата врз основа на налог за извршување што го издава судот кој ја донел првостепената пресуда.

Во законот е определено дека извршувањето се спроведува над имотот и имотната корист определени со судската одлука, а ако тоа делумно или целосно не е можно, извршувањето ќе се спроведе од преостанатиот имот на лицето на кое му е изречена таквата мерка.

Предвидена е и одредба со која се спречуваат можни злоупотреби по извршувањето на кривичното дело. Имено, правните дела склучени по извршување на кривичното дело, а со намера да се намали вредноста на имотот што е предмет на конфискација, согласно законот се неважечки.

7. Опишете ги конкретните институции/тела/одделенија/судски совети основани за борба против организираниот криминал (влкучувајќи и податоци за вработените, определување на буџетските средства и опрема во ова подрачје). На кој начин обезбедувате посебна обука на лицата задолжени за спроведување на законите, вклучувајќи ги обвинителите и судиите?



Министерство за внатрешни работи

Во Министерството за внатрешни работи на Република Македонија започна со функционирање Одделот за организиран криминал, што претставуваше еден од приоритетите на Република Македонија во борбата за спречување на организираниот криминал. Со формирањето на Одделот се подига нивото на оваа служба, која се здобива со поразгранета структура и специјализирани единици за одделни видови криминал. Се формираат и специјализирани единици за примена на воведените специјални истражни техники.

Одделот ќе ја продлабочи досега релизираната соработка на Секоторот за организираниот криминал со другите државни институции и полициите на другите држави.. Се зајакнува и функцијата на криминалистичко разузнавање и анализа, ситуирано во посебен Сектор. Овој Сектор организирано собира податоци и информации кои укажуваат на разни облици на противзаконско однесување, потоа ги обработува и анализира добиените сознаниа, посебно оние кои укажуваат на криминално дејствување на криминални групи и ги користи и одстапува на користење информациите и анализите потребни за подготовка, планирање и спроведување на оперативно-криминалистичките обработки.

Одделот за организиран криминал во соработка со другите организациони единици ги подготвува, планира и спроведува оперативните криминалистички обработки над криминалните групи кои дејствуваат на подрачјетo на Република Македонија или се поврзани со странство; ја анализира состојбата, движењето и појавните облици на криминалитетот, изнаоѓа најсоодветни методи за превенција и сузбивање на организираниот криминалитет и извршува и други работи од областа на организираниот криминалитет.

Одделот за организиран криминал согласно важечката систематизација на работните места има 135 инспектори и со неговата работа раководи Потсекретар. Исто така во 12 регионални Сектори и 23 Одделенија за внатрешни работи, во составот на криминалистичката полиција дејствуваат отсеци и инспекторати за сузбивање на организираниот криминалитет. Вкупниот број на полициски инспектори кои се бават со сузбивање на организираниот криминалитет се 116, вклучувајќи и 21 раководители.

Средствата за работа на Одделот за организиран криминал и регионалните организациони единици се обезбедуваат од средствата на Министерствототo за внатрешни работи. Акцискиот план за реформа на полицијата ги проценува финансиските потреби за Одделот на вкупно 4.734.000 евра. Овие потреби ќе се обезбедат делумно од Буџетот на Република Македонија, делумно од Програмата КАРДС, кадешто веќе се планирани и во тек се повеќе проекти.

Специјализирана обука на полициските инспектори за сузбивање на организираниот криминалитет се врши преку редовни и вонредни семинари и курсеви, кои се организираат во соработка со полициската академија, потоа преку меѓународни семинари кои се организираат во соработка со полициите на другите земји, владини и невладини организации и сл..

Во рамките на Управата за безбедност и контраразузнување функционира исто така Сектор за организиран криминал во чија надлежност се софистицираните видови на организиран криминалитет од аспект на делокругот на работењето на Управата за безбедност и контраразузнавање, а за кое се задолжени 40 оперативни работници.



Јавно обвинителство

Една од клучните институции кои имаат надлежности во борбата против организираниот криминал претставува Јавното обвинителство. Согласно новиот Закон за јавното обвинителство, се формираше посебно Одделение за гонење на сторители на кривични дела од областа на организираниот криминал и корупцијата. Одделението постапува за кривични дела за кои гонењето се презема по службена должност извршени од организирана група од најмалку 3 лица која дејствува одреден период со цел да оствари непосредна или посредна финансиска корист, или друг вид материјална акорист и која ќе изврши едно или повеќе кривични дела, како и за други кривични дела за кои со закон е пропишана казна затвор во траење од најмалку четири години. Согласно утврдените надлежности, Одделението постапува пред сите надлежни судови во Република Македонија.

Во Правилникот за организација на Одделението е предвидено дека тоа е составено од најмногу 10 членови (јавни обвинители и заменици јавни обвинители). Конкретниот број на пополнети места ќе зависи од обемот на работата што ќе ја има Одделението.

Членовите на Одделението се распоредени за работа од Јавниот обвинител на Република Македонија за период од четири години, со можност по истекот на овој период повторно да бидат распоредени.

Обуката на членовите на Одделението се обезбедува преку Програмата за едукација на Здружението на јавните обвинители на Република Македонија во соработка со Центарот на континуирана едукација. Во таа смисла, изминатиот период беа организирани обуки за проблематиката поврзана со кривичните дела од областа на трговијата со луѓе, како најекспониран сегмент од содржината на организираниот криминал. Оваа активност резултираше и со изготвување на Прирачник за постапување наменет за судии и јавни обвинители, а во фаза е и подготовка на Практикум за посебните практични аспекти на овој вид криминал. Исто така, оргазнизирани се и повеќе семинари на теми поврзани со корупцијата и перењето пари на кои учество зедоа поголем број јавни обвинители.

Од Буџетот за 2005 година (“Службен весник на Република Македонија“ бр. 96/04) се издвоени 10.000.000 МКД во Програмата за Јавно обвинителство – за реконструкција и опремување на јавни обвинителства. Од овие средства се планираат и издатоци за потребите на Одделението за гонење на сторителите на кривични дела од областа на организираниот криминал и корупцијата.



Царинска управа

Во рамките на борбата против организираниот криминал посебни надлежности има и Царинската управа на Република Македонија. Кaкo државен орган надлежен за спроведување на законите, Царинската управа оваа своја надлежност ја остварува преку Секторот за контрола и истраги. Со цел што поуспешно справување со сите нови облици на организиран криминал и заедничко дејствување со другите државни институции, a особено од обвинителството и судството, спроведени се заеднички обуки како во државата така и надвор од неа. Така, дванаесет царински работници од Царинската управа на Република Македонија учествувале на обуки кои го третирале проблемот со перење на пари, корупциски кривични дела, злоупотреба на службена положба, транснационален организиран криминал, финасирање на тероризам, даночно затајување, криумчарење и сл. Во овие обуки, покрај вработените во Царинската управа активно учествуваат и претставници од јавното обвинителство и судството, со основна цел поврзување на овие институции заради заедничко третирање, координирање и успешно спроведување на борбата против горе наведените облици на организиран криминал.

Од Буџетот за 2005 година издвоени се 507.322.000 МКД. Дел од овие средства се наменети за остварување на основните приоритети на Царинската Управа за 2005 година:- донесување нов Царински закон и подготовка на подзаконски акти, борба против недозволената трговија со дрога, информатичка подршка на размената на документи итн.

Дирекција за спречување на перење пари

Законот за спречување на перење пари беше донесен во 2001 година, врз основа на кој се формираше Дирекцијата за спречување на перење пари (оперативна од 01.03.2002 година) како орган во состав на Министерство за финансии кој ќе дејствува како посредник во размената на информациите меѓу приватниот сектор и државните органи надлежни за гонење на кривичното дело перење пари. Согласно Правилникот за организација и работа на Министерството за финансии, Дирекцијата како административен модел на Финансиско разузнавачка единица (ФИУ) е организирана во три одделенија: Одделение за аналитика, Одделение за сомнителни трансакции и Одделение за развој на системот и меѓународна соработка. Одделението за аналитика е задолжено да ги прибира информациите кои субјектите согласно законот ги доставуваат до Дирекцијата. Доколку при анализата за определена трансакција се појави сомнение, од ова одделение извештајот за трансакцијата се доставува до одделението за сомнителни трансакции на подетална обработка.

Одделението за сомнителни трансакции: е надлежно да постапува по извештаите за сомнителни трансакции кои се доставени од страна на субјектите задолжени со закон, од надлежните државни органи и надлежните органи на други држави добиени преку одделението за меѓународна соработка.

Одделението за развој на системот и меѓународна соработка: е надлежно да ги следи и проучува законските и подзаконските акти со кои се регулира спречувањето на перењето пари и финансирањето на тероризмот на национално и меѓунароно ниво.

Бројот на вработени во Дирекцијата во моментов изнесува осум лица распоредени во секое од одделенијата во состав на Дирекцијата. Во тек е нивна обука која во иднина ќе продолжи со редовно учество на обуки и семинари организирани преку проектот КАРДС 2002, или обезбедени преку други друштва за техничка помош, како што се ГТЗ и УСАИД.

Потребите за работата на Дирекцијата, односно трошоците кои произлегуваат од работењето на Дирекцијата, трошоците за плата за вработените, трошоците за закуп за просториите, основните средства за редовно работење се обезбедуваат од буџетот на Министерството за финансии. Дирекцијата е вклучена во изготвувањето на буџетот на Министерството за финансии на начин што ги проектира сопствените трошоци кои би требало да се направат во зависност од предвидените активности во годината за која се изготвува буџетот. Во Буџетот за 2005 година, за првпат, во посебна ставка, издвоени се средства наменети за зајакнување на капацитетот на Дирекцијата за спроведување на Законот (вкупно 3 672 000 МКД.)



Финансиска полиција

Со законот за Финансиска полиција за првпат во Република Македонија се востановува оперативен орган надлежен за кривичен прогон, со полициски овластувања за откривање, документирање и докажување на сторен финансиски криминал.. Законот предвидува специјализација и специфична надлежност на Финансиската полиција,односно, предвидува дека истата е надлежна за откривање на прекршителите на законот кои се вклучени во активности поврзани со најсложени видови на финансиски криминал, даночно затајување, перење пари, криумчарење, недозволена трговија со стока и производи или друг вид кривични дела кои вклучуваат неплакање поголеми и значителни износи на данок царина или претставуваат легализирање на приноси од казниви дела, кои доколку неможат да се докажат непосредно со постојните докази Финансиската полиција ги докажува со користење на методи за посредно и непосредно докажување на приходите систематизирани и утврдени со Законот за финансиска полиција, а предвидени и со други прописи од областа на финансиите.

Финансиската полиција е составена од десет Финансиски полицајци –со завршен економски или правен факултет, специјално за оваа цел преземени од Управата за јавни приходи, Министерство за внатрешни работи и Јавното обвинителство.

Финансиската полиција како орган во состав на Министерството за Финансии е дел од извршната власт. Директорот на истата се именува од страна на Владата на РМ, и истиот за својата работа одговара пред Министерот за финансии и пред Владата на РМ. Изборот и назначувањето на Финансиските полицајци со оглед на специфичноста на нивната работа се врши согласно Правилникот за проверка на способностите и оценка на личните предиспозиции на лицата за вршење на работите на Финансиската полиција, кој ги предвидува посебните услови за назначување.

За борбата против финансискиот криминал, за прв пат, во Буџетот за 2005 година, во посебна ставка, се издвоени 3 976 000 МКД.

Обука на судии и јавни обвинители во сферата на борба против организираниот криминал

Обуката на судии во Република Македонија ја изведува Центарот за континуирана едукација. Во тие рамки, особено внимание се посветува и на обуката за борба против огранизираниот криминал. Во овие програми, покрај судиите активно учество земаат и јавните обвинители. Подетално за активностите организирани од Центарот за континуирана едукација види во одговор 24_I_14.



Обука изведувана од Полициската академија

Полициската академија обезбедува и обука за вработените вклучени во борба против организираниот криминал. Организираниот криминал како содржина е опфатен во програмите на основната обука за полицаец, во додипломските студии, како и на постдипломските студии.

Полициската академија во соработка со МВР ја подготви и посебната програма за основна обука за организиран криминал, со која ќе бидат опфатени сите лица (вкупно 155) кои во рамките на реформата во МВР ќе бидат определени за работа во Секторот за организиран криминал. Обуката започна во средината на Јануари 2005, откако заврши постапката за избор на вработените. Со оглед на големината на групата, обуката се изведува во 4 циклуси. Во рамки на првиот циклус се опфатени раководните лица, за кои во месец април 2005 се подготвува и спроведување на специјалистичка обука за менаџмент.

Со програмата предвидена за обуката се опфатени: организациската структура и надлежностите на новоформираниот Сектор за организиран криминал, најновите измени во националното законодавство, современите методи на работа, меѓународните документи и соработка. Со обуката се обезбедува мултидисциплинарен пристап, кој става посебен акцент на меѓуресорската соработка на органите задолжени за спроведување на законот.(за поопширни инфомации види 24_G_09).




1   ...   35   36   37   38   39   40   41   42   ...   51


©netref.ru 2017
әкімшілігінің қараңыз

    Басты бет