Правда и внатрешни работи



жүктеу 6.72 Mb.
бет4/51
Дата02.05.2016
өлшемі6.72 Mb.
1   2   3   4   5   6   7   8   9   ...   51
:

4. Дали е направена национална проценка на ситуацијата на надворешните граници за целата држава и дали таа е ажурирана? Какви се резултатите?

Од осамостојувањето на Република Македонија, проценка на ситуацијата на надворешните граници правена е од страна на Министерството за одбрана односно од Првата гранична бригада како орган надлежен за обезбедувањето на државната граница на Република Македонија. Проценката произлегува од постојаното следење, изучување и познавање на состојбата во граничното и задграничното подрачје и истата начелно опфаќа:

а) Во топографско - географска смисла:


  • Проценка на општите карактеристики на географскиот состав на земјиштето во граничниот појас и во граничното подрачје;

  • Состојба на патната мрежа (вклучувајќи ги и патеките) во граничното подрачје, истакнувајќи ги делниците кои би можеле да бидат опасни за безбедноста на луѓето при вршењето на обезбедувањето (лавини, одрони, големи стрмнини итн);

  • Земјишни објекти погодни за организација на набљудувањето на задграничното подрачје, а особено во зафатот на тактичко оперативните правци;

  • Најпогодните правци на употреба на силите од караулите и граничните водови во сите услови на обезбедување на границата.

б) Во тактичко - оперативна смисла:

  • Распоредот и силите на единиците кои ја обезбедуваат границата на соседната земја;

  • Заклучоци за тоа на кој дел од границата и во кое годишно време треба посебно да му се обрне внимание во обезбедувањето на државната граница;

в) Во безбедносна смисла:

  • Безбедносна проценка на населението во граничното и задграничното подрачје;

  • Проценка на техничките и стопанските објекти во граничните подрачја кои можат да бидат предмет на интересирање.



Ажурирањето на проценката на ситуацијата се врши најмалку еднаш годишно, при што доколку се укаже потреба односно настанат одредни промени кои се од значење за правилната проценка, истата се врши и почесто.

По преземањето на надлежноста за обезбедување на целата државна граница, од страна на Министерството за внатрешни работи односно од Одделот за гранична полиција, ќе се изврши повторна проценка на ситуацијата на државната граница со цел утврдување на постојната состојба и дефинирање на идните чекори и приоритети во насока на поефикасно обезбедување на државната граница и развивање на концептот на интегрирано гранично управување.


5. Дали оваа проценка предизвикала потреба за прилагодување на распределбата на средствата на национално ниво?

Воведувањето на системот на интегрирано гранично управување, како и проценката за состојбата на надворешните граници предизвика реалокација на средства на национално ниво.

Во однос на трансферот на надлежноста за обезбедување на државната граница до сега за 2004 година, од буџетот на Министерството за одбрана се издвоени вкупно 113.445,000 денари. Останатите потреби се финансирани од буџетот на Министерството за внатрешни работи.

Во 2004 година, Министерството за внатрешни работи за отпочнување на функционирањето на Граничната полиција потроши вкупно 95.681,765 денари.

Согласно претходно наведеното, формирањето на Граничната полиција за Министерствата за Одбрана и за Министерството за внатрешни работи во 2004 година, заедно чинеше 209.126,765 денари, не земајќи ја при тоа предвид вредноста на капиталните добра.

Капиталните добра (градежни објекти, технички средства за надзор на границата, вооружување и друга опрема) со одлука на Владата на Република Македонија Министерството за одбрана ги отстапи на Министерството за внатрешни работи. За прераспределба на овие средства од страна на Владата на Република Македонија до сега донесени се:



  • Одлука за пренесување на право на користење на дел од недвижен имот (Бр. 23-3922/1 од 10 септември 2003 година);

  • Одлука за пренесување на право на користење на недвижен имот (Дов. бр. 57/1 од 04 октомври 2004 година);

  • Одлука за пренесување на право на користење и располагање на материјално технички средства и опрема (Дов. бр. 56/1 од 04 октомври 2004 година).



Со наведените одлуки точно се дефинирани видот, типот и бројот на предадените средства и локацијата на објектите кои се преземаат од страна на Министерството за внатрешни работи.

Во ребалансот на Буџетот за 2004 година, средствата за плати и надоместоци за преземениот персонал, во износ од 100.000,000 денари, се префрлени од буџетот на Министерството за одбрана во буџет на Министерството за внатрешни работи.

Во текот на 2005 година од буџетот на Министерството за внатрешни работи за Граничната полиција предвидени се вкупно финансиски средства во износ од 670.362,000 денари. Средствата се распределени на следниов начин:
1. Плати, наемнини и надоместоци за вработените 247.206,000

Основи плати и надоместоци 163.975,000

Придонеси за социјално осигурување од работодавачите 82.253,000

Останати придонеси од плати 978,000

2. Стоки и услуги 82.775,000

Патни и други расходи 3.400,000

Комунални услуги, греење, комуникација и транспорт 28.025,000

Ситен инвентар, алат и други материјали за поправки 41.850,000

Поправки и тековно одржување 7.700,000

3. Капитални расходи 6.100,000

Градежни објекти 3.000,000

Купување на мебел, опрема, возила и машини 3.100,000


6. Опишете ја соработката и координацијата на обврските меѓу владините органи одговорни за управување со границите (гранична контрола и надзор).

Организацијата, надлежностите и работата на органите на државната управа е уредено со Законот за организација и работа на органите на државната управа („Службен весник на Република Македонија“, бр. 58/00 и 44/02). Согласно одредбите од наведениот закон, органите на државната управа како дел од извршната власт, се основаат во областите и подрачјата кои се од значење за вршење на функциите на државата и за ефикасно остварување на правата и должностите на граѓаните и правните лица.

Согласно Законот за преминување на државната граница и за движење во граничниот појас („Службен весник на Република Македонија’’, бр. 36/92, 12/93, 11/94 и 19/04), заради усогласено вршење на одделни работи од заеднички интерес за повеќе надлежни државни органи и претпријатија во областа на контролата на преминувањето на државната граница и контролата на движењето и престојот во граничниот појас, министерот за внатрешни работи со надлежните државни органи и претпријатија може да формира заеднички комисии и други работни тела.

Согласно член 11-а од Законот за изменување и дополнување на Законот за внатрешни работи („Службен весник на Република Македонија“, бр. 19/04), граничната полиција ги врши работите на заштитата на државната граница, утврдување и решавање на гранични инциденти и други повреди на државната граница и други работи утврдени со закон..

По целосното пренесување на надлежноста на обезбедување на државната граница од Министерството за одбрана на Министерството за внатрешни работи (поопширно разработено во Поглавје бр. 24, Дел А - Надворешни граници, прашање бр. 1), овој орган на државната управа ќе биде исклучиво надлежен да ја обезбедува државната граница.

Во извршувањето на своите надлежности, Министерството за внатрешни работи соработува и со другите министерства кои имаат надлежности во управувањето на државната граница.

Со Министерството за надворешни работи соработката се остварува преку редовна размена на информации од областа на визниот режим, согласно Законот за движење и престој на странците („Службен весник на Република Македонија“, бр. 36/92; 66/92; 26/93 и 45/02), Правилникот за начинот на издавање на патни исправи и визи на странци и за обрасците на тие исправи и визи („Службен весник на Република Македонија“, бр. 75/93) и Упатството за начинот на издавање на патни исправи и визи за странци од дипломатско конзуларните преставништва на Република Македонија во странство и начинот на водење на евиденција за издавање патни исправи и визи на странци („Службен весник на Република Македонија“, бр. 10/98). Со овие акти се утврдени надлежностите на Министерството за надворешни работи и Министерството за внатрешни работи во областа на визниот режим, меѓусебните обврски и протокот на информации.

Со Министерството за финансии - Царинска управа, соработка се остварува на повеќе нивоа. На ниво на раководители на смена, соработката се остварува секојдневно, преку размена на информации и податоци и договарање за преземање на одредени активности. Во услови на зголемена фрекфенција на патници и превозни средства постои меѓусебна координација на активностите што треба да се преземат. Соработката на ниво на командир на граничен премин и управник на царинска испостава се остварува преку повремени средби, со цел размена на мислења и разрешување на инциденти настани и појави, а на централно ниво овие средби се одржуваат по потреба. Со цел регулирање на соработката, на 18.11.2004 година, потпишан е Меморандум за соработка за спречување и борба против организиран и други видови криминал во Република Македонија, меѓу Министерството за внатрешни работи и Министерството за финансии. Врз основа на овој меморандум, а со цел преземање на непосредни заеднички активности, Царинската управа и Бирото за јавна безбедност, потпишаa Протокол за спроведување на овој Меморандум, со кој се регулираат начинот и областа на соработката, како и заедничкото дејствување на Министерството за финансии - Царинска управа и Министерството за внатрешни работи - Биро за јавна безбедност, со цел справување со криминалните појави на целата територија на Република Македонија.

Со Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, соработката и координацијата се остварува во спроведувањето на ветеринарната и фитосанитарната инспекција. Координацијата и соработката се остварува на централно ниво и на Граничните премини (локално ниво) преку секојдневни контакти, периодични состаноци, информирање, давање стручна помош и слично. Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство редовно го информира Министерството за внатрешни работи за забрана на увоз на одредени видови стоки во Република Македонија.

Со Министерството за здравство, односно Државниот санитарен и здравствен инспекторат соработката се остварува преку секојдневното извршување на работите и задачите со цел зајакната контрола од страна на сите субјекти што се занимаваат со транспорт на храна, производи и материјали што доаѓаат во контакт со храната, заштита од јонизирачко зрачење и радијација, заштита од заразни болести, превоз на прекурсори, опасни материи и отрови.

Со Министерството за одбрана соработката се остварува преку одржување на редовни состаноци на локално ниво на кои се врши размена на информации за состојбата на државната граница, безбедносно интересни настани, појави и сознанија. Согласно законската регулатива и пропишаните надлежности, се предлага и договара преземање на заеднички активности и благовремено се врши информирање за одреден настан кој се случил на државната граница каде согласно надлежностите потребно е преземање на понатамошни активности од страна на Граничната полиција или други организациони облици на Министерството за внатрешни работи.



1   2   3   4   5   6   7   8   9   ...   51


©netref.ru 2017
әкімшілігінің қараңыз

    Басты бет