Правда и внатрешни работи


На кој начин соработувате на меѓународен план во борбата против организираниот криминал и како ја обезбедувате националната координација во таа борба? Како соработувате со приватниот сектор, посебн



бет40/51
Дата02.05.2016
өлшемі6.72 Mb.
1   ...   36   37   38   39   40   41   42   43   ...   51

8. На кој начин соработувате на меѓународен план во борбата против организираниот криминал и како ја обезбедувате националната координација во таа борба? Како соработувате со приватниот сектор, посебно со банкарскиот сектор?

Република Македонија во борбата против организираниот криминал доследно ги применува меѓународните стандарди и насоки кои произлегуваат од меѓународните конвенции и протоколи, кои ги има прифатено и ратификувано. Потпишани се голем број на билатерални и мултилатерални меѓународни договори во областа на: соработка и зајакнување на борбата против организираниот криминал; взаемна правна помош во кривичните предмети, а посебно од областа на организираниот криминал и тешки облици на економски и финансиски криминал; како и за екстрадиција на извршители на кривични дела. На 15.05.2004 година Министерствата за правда и внатрешни работи на земјите од Југоисточна Европа, меѓу кои и од Република Македонија, потпишаа заедничка изјава за зајакнување на регионалната соработка во областа на организираниот криминал.

Исто така, склучени се билатерални договори со повеќе држави и тоа:


  • помеѓу Владата на Република Македонија и Владата на Република Словенија за соработка против тероризмот и организираниот криминал (1995);

  • помеѓу Владата на Република Македонија и Владата на Република Хрватска за соработка во борбата против меѓународната трговија со дрога и психотропни супстанции, меѓународниот тероризам и организиран криминал (1997);

  • помеѓу Владата на Република Македонија и Владата на Република Бугарија за соработка во борбата против тероризмот, организираниот криминал, недозволената трговија со наркотички дроги, психотропни супстанции и прекурзори, илегалната миграција и останатите кривични дела (2003);

  • помеѓу владата на Република Македонија и Владата на Република Црна Гора за соработка во борбата против тероризмот, организираниот криминал, недозволената трговија со наркотички дроги, психотропни супстанции и прекурзори, илегална миграција и останати кривични дела (2003);

  • помеѓу Владата на Република Македонија и Владата на Република Србија за соработка во борбата против тероризмот, организираниот криминал, недозволената трговија со наркотички дроги, психотропни супстанции и прекурзори, илегална миграција и останати кривични дела;

  • помеѓу Владата на Република Македонија и Владата на Република Романија за соработка во борбата против тероризмот, организираниот криминал, недозволената трговија со наркотички дроги, психотропни супстанции и прекурзори и останатите недозволени активности и

  • помеѓу Владата на Република Македонија и Советот на Министри на Република Албанија за соработка во борбата против тероризмот, организираниот криминал, недозволената трговија со наркотички дроги, психотропни супстанции и прекурзори, илегалната миграција и останатите недозволени активности.



Во основа полициската соработка на меѓународен план се одвива преку Секторот за меѓународна полициска соработка, кој е во составот на Одделот за криминалистичка полиција при Министерството за внатрешни работи на Република Македонија.Истата се остварува преку офицерите и каналите на ИНТЕРПОЛ, офицерите за врска на СЕКИ (Иницијатива за соработка на Југоисточна Европа) и офицери за врска назначени во Република Македонија од трети земји. (за повеќе детали види 24_G_10).

Во борбата против перењето на пари и финансирање на тероризам, преку Дирекцијата за спречување на перење на пари, со овластени тела на други држави, како и меѓународни организации кои се занимаваат со борба против перење пари и борба против финансирање на тероризам, постојано се разменуваат податоци на нивно барање и врз база на реципроцитет. Со цел зајакнување на регионалната соработка, Дирекцијата има потпишано билатерални Меморандуми за разбирање и Писма за размена на доверливи информации со единиците за спречување на перење пари на Република Хрватска, Република Словенија, Република Бугарија, Србија, Република Алабнија, Република Романија и Република Украина.

Националната координација во борбата против организираниот криминал се врши од страна на Владата на Република Македонија. Во рамките на Секторот за европска интеграција, со административна поддршка на Одделението за правда и внатрешни работи се врши координација и следење на реализацијата на Документот Конкретни мерки и активности во борбата против организираниот криминал.

Во согласност со одредбите од Законот за организација на органите на државната управа (“Службен весник на Република Македонија“ бр.58/00 и 44/02), органите на државната управа што вршат инспекциски работи меѓусебно соработуваат во вршењето на инспекциските работи и разменуваат информации од заеднички интерес.

Со цел поуспешно спротивставување и сузбивање на криминалитетот, се утврдува законска обврска за меѓусебна соработка и размена на информации и сознанија меѓу сите институции надлежни за откривање и прогон на криминалот.. Во тој контекст, при расчистувањето на покарактеристични и потешки случаи на криминал, преку заеднички стручни работни групи и комисиии, се врши координирано и заедничко настапување и преземање на активности за обезбедување на материјални докази, Соработката на органите на прогонот со приватниот, односно банкарскиот сектор во однос на спречување на перење пари и финансирање на тероризмот во Република Македонија се остварува преку Дирекцијата за спречување на перење пари. Банкарскиот сектор како дел од финансискиот сектор со Законот за спречување на перење пари и други приноси од казниво дело е задолжен да превзема мерки и дејствија за спречување на перење пари. Соработката се остварува преку посебно назначени лица за контакт ( compliance officers ), кои се одговорни и се грижат за спроведување на програмите за имплементација на мерките за спречување на перење пари во нивната банка. Соработката со банкарскиот сектор се остварува и во рамките на организирање на обуки и едукативни тренинзи за вработените во банките со цел нивна поуспешна акција во спроведување на мерките од Законот за спречување на перење пари и други приноси од казниво дело. Врз основа на меѓусебно потпишани договори помеѓу дирекцијата и банките изготвен е програм за електронска размена на податоци врз база на јавни клучеви, со можност за пребарување на Дирекцијата низ податоците, преку кој се остварува секојдневно информирање.

Дирекцијата согласно Законот, податоците што ќе ги добие во текот на своето работење, може да ги достави на барање и под услов на реципроцитет и до овластените тела и организации за борба против перење на пари на други држави, како и на меѓународни организации кои се занимаваат со откривање и спречување на перење пари и спречување на финансирање на тероризам.




Достарыңызбен бөлісу:
1   ...   36   37   38   39   40   41   42   43   ...   51


©netref.ru 2019
әкімшілігінің қараңыз

    Басты бет