Правда и внатрешни работи


Заштита на финансиските интереси на Европските заедници (аспект на „трет столб„)



бет42/51
Дата02.05.2016
өлшемі6.72 Mb.
1   ...   38   39   40   41   42   43   44   45   ...   51

Заштита на финансиските интереси на Европските заедници (аспект на „трет столб„)




1. Дали измамата на штета на финансиските интереси на Заедницата се смета за криминал во вашето домашно право, покривајќи ги приходите и расходите?

Со Законот за изменување и дополнување на Кривичниот законик на РМ, се воведуваат ефикасни мерки за сузбивање на новите форми на криминалитет. Со измените на Кривичниот законик (“Службен весник на Република Македонија“ бр. 37/96, 80/99, 4/02, 43/03 и 19/04) се врши усогласување на домашното законодавство со acuis на ЕУ.

За заштита на имотот, економските основи и односи во нашата земја, во Законот за изменување и дополнување на Кривичниот законик , се пропишани кривични дела против имотот (Глава XXIII), кривични дела против јавните финансии, платниот промет и стопанството (глава XXV) и кривични дела против службената должност (ГлаваXXX).

Делото измама на штета на финансиските интереси на Европската заедница според својот облик може да се подведе под законските облици на следните казнени дела:

Во Главата XXIII, се инкриминираат: кривичното дело измама (член 247) и затајување (член 239).
Во Главата XXV, инкриминирани се делата измама при работење со хартии од вредност (член 275), даночно затајување (член 279) и злоупотреба на овластување во стопанството (член 278).

Во Главата XXX, се криминализираат делата: злоупотреба на службената положба и овластување (член 353), проневера во службата (член 354), измама во службата (член 355), несовесно работење во службата (член 353-в).

Кривичното дело измама (член 247) се извршува со намера за прибавување на противправна имотна корист преку лажно прикажување или прикривање на факти заради доведување или држење некого во заблуда, за тој да биде наведен да стори или не стори нешто на штета на својот или туѓ имот. Извршител на ова дело може да биде секое лице.

Кај делото измама при работење со хартии од вредност (член 275), лажно се прикажува имотната состојба на правното лице кое пушта во промет акции или хартии од вредност, со цел наведување на едно или повеќе лица да ги купуваат или продаваат акциите или другите хартии од вредност.

Кривичното дело злоупотреба на овластувањето во стопанството (член 278) е предвидено како прибавување на противправна имотна корист за правно лице, со создавање или држење на недозволени фондови во земјата или во странство, и со доведување во заблуда на органите на управување во правното лице за состојбата на правното лице при донесување на одлуки. Доведувањето во заблуда на органите на управување може да се оствари со составување на исправа со невистинита содржина, со лажен биланс, процена, или со друго лажно прикажување или со прикривање на факти. Извршител на овие дела може да биде секое лице, но од законското битие произлегува дека извршител може да бидеа само одговорно лице во правното лице, со делокруг и овластувања во управувањето и располагањето со имотот и доверените средства.

Злоупотреба на овластувањето во стопанството е посебен облик на делото злоупотреба на службената положба и овластувањето (член 353).

Кривичните дела против службената должност (злоупотреба на службената положба и овластување, проневера во службата, измама во службата), се деликти што се извршуваат во вршењето на службената должност и јавните овластувања од страна на службени лица, со кои примарно се повредува службената должност но се насочени и кон некое друго добро како имотот. Делата може да се извршат со злоупотреба на службената положба или со пречекорување на службеното овластување. Овие дела може да бидат извршени од страна на службеното лице или одговорното лице во правното лице, како и секое друго службено лице кое работи во некој од субјектите наведени во член 122 став 6 од Законот за изменување и дополнување на Кривичниот законик.

Со цел да се зајакнат превентивните мерки за заштита од незаконито присвојување на државниот имот, средства од буџетот и јавните фондови во вршењето на јавните овластувања, во новото дело несовесно работење во службата (член 353-в), се врши инкриминирање на несовесното располагање со доверениот имот.

Домашното кривично законодавство важи за државјанин на Република Македонија во случај кога во странство ќе стори некое кривично дело, ако се затече на територијата на Република Македонија или биде екстрадиран. Домашното кривичното законодавство ќе се примени и за странец кој надвор од територијата на Република Македонија ќе стори кривично дело кон Република Македонија или кон македонски државјанин, и тоа ако се затече на територијата на Република Македонија или биде екстрадиран.

Одредбите од Кривичниот законик се применуваат и кон странец кој спрема странска држава или спрема странец ќе стори во странство кривично дело за кое според тоа законодавство може да се изрече казна затвор од пет години или потешка казна, кога ќе се затече на територијата на РМ и не и биде екстрадиран на странската држава.

Според тоа може да се заклучи дека нашето законодавство го инкриминира делото измама, како и останатите казниви дела доколку се извршат на штета на финансиските интереси на Заедницата покривајќи ги расходите и приходите.

2. Дали се смета за кривично дело активната и пасивната корупција во којашто се вклучени службеници на Европската Заедницa и на државите членки?

Република Македонија ги санкционира примањето и давањето поткуп член 357 и член 358 од Кривичниот законик (“Службен весник на Република Македонија” бр. 37/96, 80/99, 4/02, 43/03 и 19/04). Значајна новина во овие членови е дистинкцијата помеѓу службено и одговорно лице, како и можноста лицето кое дало поткуп по барање на службено лице, истото да биде ослободено од казна доколку го пријави делото пред да биде откриено. Во последните ставови од приложените членови содржани во новиот Кривичен Законик е содржана одредбата со која всушност активната и пасивната корупција се смета за кривично дело и за странските правни лица и странското службено лице.



Примање поткуп

Службено лице кое ќе побара или ќе прими подарок или друга корист, или ќе прими ветување за подарок или друга корист за да изврши во рамките на своето службено овластување службено дејствие што не би смеело да го изврши или да не изврши службено дејствие што би морало да го изврши, ќе се казни со затвор од една до десет години.

Службено лице кое ќе побара или ќе прими подарок или друга корист или ќе прими ветување за подарок или на друга корист, за да изврши во рамките на своето службено овластување службено дејствие што би морало да го изврши, или да не изврши службено дејствие што не би смеело да го изврши, ќе се казни со затвор од шест месеци до пет години.

Службено лице кое по извршувањето или неизвршувањето на наведите службени дејствија, ќе побара или ќе прими подарок или друга корист, ќе се казни со затвор од три месеци до три години.

Со наведените казни ќе се казни и одговорно лице и лице кое врши работи од јавен интерес, ако е делото извршено во врска со стекнување, остварување или одземање права утврдени со закон или заради стекнување корист или нанесување штета на друг, одговорно лице во странско правно лице, како и странско службено лице што делото ќе го стори на штета на Република Македонија, нејзин граѓанин или правно лице.

Примениот подарок или имотната корист ќе се одземат.



Давање поткуп

Тој што на службено лице ќе му даде или ќе му вети подарок или друга корист за да изврши во рамките на своето службено овластување службено дејствие што не би смеело да го изврши или да не изврши службено дејствие што би морало да го изврши или тој што посредува при ова, ќе се казни со затвор од шест месеци до пет години.

Тој што на службено лице ќе му даде или ќе му вети подарок или друга корист за да изврши во рамките на своето службено овластување службено дејствие што би морало да го изврши или да не изврши службено дејствие што не би смеело да го изврши или тој што посредува при ова, ќе се казни со парична казна или со затвор до три години.

За наведените дела од ставовите 1 и 2 нема да се казни тој кој дал или ветил поткуп по барање од службено лице и тоа го пријави пред да дознае дека делото е откриено.

Одредбите од ставовите 1, 2 и 3 се применуваат и кога поткуп е даден или ветен на одговорно лице, одговорно лице во странско правно лице, лице кое врши работи од јавен интерес и странско службено лице, во врска со делото од член 357.

Ако делото од став 1 го стори правно лице, ќе се казни со парична казна.

Дадениот подарок или имотна корист ќе се одземат, и ќе му се вратат на лицето кое го дало поткупот кога истиот е даден или вратен на одговорно лице, одговорно лице во странско правно лице, лице кое врши работи од јавен интерес и странско службено лице. .

3. Дали измамата и корупција, согласно со членот 1 од Конвенцијата за заштита на Европската Заедница и нејзиниот прв Протокол, претставуваат поврзани казниви дела со перење на пари?

Со Законот за изменување и дополнување на Кривичниот законик (“Службен весник на Република Македонија” бр. 37/96, 80/99, 4/02, 43/03 и 19/04“) се врши усогласување на домашното законодавство со Вториот протокол на Конвенцијата за заштита на финансиските интереси на Заедницата.

Перењето на пари и други приноси од казниво дело во македонското законодавство е инкриминирано како посебно кривично дело во член 273 во Кривичниот законик .

Со измените се проширува законскиот опис на делото перење пари и други приноси од казниво дело во согласност со acuis на Европската Унија и другите меѓународни стандарди. Имено, според член 273 “Перење пари и други приноси од казниво дело” во македонското законодавство како предикативни кривични дела се сметаат сите кривични дела, што значи дека измамата и корупцијата, согласно членот 1 од Конвенцијата за заштита на Европската Заедница и нејзиниот прв Протокол, претставуваат предикативни казниви дела на перењето пари.


4. Дали во домашите закони постојат одредби за кривична одговорност на раководителите на деловните субјекти и одговорност на правните лица за такви кривични дела?

Во Република Македонија во домашните закони постојат одредби за кривична одговорност на раководителите на деловните субјекти и одговорност на правните лица и тоа во Кривичниот законик (“Службен весник на Република Македонија“ бр. 37/96, 80/99, 4/02, 43/03 и 19/04) и во Законот за кривичната постапка (“Службен весник на Република Македонија“ бр. 15/97, 44/02 и 74/04). Во Кривичниот законик во Главата XXV – Кривични дела против јавните финансии, платниот промет и стопанството и Главата XXX – Кривични дела против службената должност, за кривични дела на кривично одговорните сторители може да им се изречат следниве казни: казна затвор; парична казна; забрана на вршење професија, дејност или должност; забрана на управување со моторно возило и протерување странец од земјата (член 33).

Казната затвор може да се изрече само како главна казна, а паричната казна може да се изрече како главна и како споредна казна заедно со казната затвор или со условната осуда со која е утврдена казна затвор.

Ако за едно кривично дело се пропишани казната затвор или паричната казна, како главна казна може да се изрече само едната од нив, освен кога со закон е пропишано дека може да се изречат и двете казни. Заедно со главната казна може да се изрече една или повеќе споредни казни, под условите за нивното изрекување предвидени во законот. Со закон може да се пропише и задолжително изрекување на споредна казна.

Казната Забрана на вршење професија, дејност или должност може да се изрече само како споредна казна заедно со казната затвор или со условна осуда со која е утврдена казна затвор.

Казните Забрана на управување со моторно возило и Протерување странец од земјата можат да се изречат ако на сторителот му е изречена казна затвор или парична казна, условна осуда или судска опомена.

Казната Забрана на управување со моторно возило може да се изрече и како единствена казна на сторителот на небрежно дело за кое е пропишана парична казна или казна затвор до една година, ако делото го сторил под особено олеснувачки околности.

Во однос на конфискацијата на имот и имотна корист битно е дека никој не може да ја задржи посредната или непосредната имотна корист присвоено со кривично дело. Имотната корист ќе се конфискува со судска одлука со која е утврдено извршувањето на кривичното дело под услов предвиден со Кривичниот законик. Одлука за конфискација, судот ќе донесе во постапка определена со закон и кога од фактички или правни пречки не е можно водење на кривична постапка спрема сторителот на кривичното дело. Под услови определени со меѓународен договор, конфискуваниот имот може да биде вратен на другата држава (член 97).

Во Кривичниот законик на Република Македонија за прв пат е предвидена кривична одговорност на правното лице во домашното законодавство со измените донесени во месец март 2004 (објавени од 30.03.2004 година).

Согласно Законикот (член 28-а) правното лице е кривично одговорно ако до извршување на делото дошло со дејствие или со пропуштање на должниот надзор од страна на органот на управување или на одговорното лице во правното лице, или на друго лице кое било овластено да постапува од името на правното лице во рамките на неговите овластувања, или кога тоа ги пречекорило своите овластувања заради остварување корист за правното лице.

Кривичната одговорност на правното лице не ја исклучува одговорноста на сторителот на кривичното дело. За делата определени со закон (како што се кривичните дела измама при работење со хартии од вредност и удели, криумчарење, перење пари и други приноси од казниво дело и др.), кривично одговорни се сите правни лица, со исклучок на државата. Странските правни лица се кривично одговорни ако делото го сториле на територијата на Република Македонија, без оглед дали имаат свое претставништво или подружница која врши дејност на нејзина територија.

За кривичните дела на правни лица, може да се изречат следните казни: парична казна; привремена забрана за вршење одделна дејност; трајна забрана за вршење одделна дејност и престанок на правното лице (член 96-а).

Паричната казна се изрекува во износ кој не може да биде помал од 100.000 денари, ниту поголем од 30 милиони денари. За кривични дела сторени од користољубие или за кривични дела со кои се предизвикува поголема имотна штета, може да се пропише парична казна до двојниот износ од максимумот на оваа казна или во сразмер со висината на причинетата штета или прибавената корист, но најмногу до дваесеткратен износ.

Привремена забрана за вршење одделна дејност во траење од една до три години се изрекува заедно со паричната казна, ако при вршење на дејноста на правното лице е извршено кривично дело за кое за физичко лице е пропишана парична казна или казна затвор до три години, а од начинот на извршување на делото произлегува опасноста од повторно вршење на такво или слично дело.

Трајна забрана за вршење одделна дејност, од дејностите што ги врши правното лице се изрекува заедно со парична казна, ако е извршено дело за кое за физичко лице е пропишана казна затвор од најмалку три години, а од начинот на извршување на делото произлегува опасност од повторно вршење на такво или слично дело. Оваа казна судот ќе ја изрече и кога е извршено кривично дело по претходна осуда со која на правното лице му е изречена привремена забрана за вршење дејност.

Казната престанок на правното лице се изрекува заедно со паричната казна, ако е извршено дело за кое за физичко лице е пропишана казна затвор од најмалку пет години, а од начинот на извршувањето на делото произлегува опасност од повторно вршење на такво или слично дело. Оваа казна судот ќе ја изрече и кога е извршено кривично дело по претходна осуда со која на правното лице му е изречена трајна забрана за вршење дејност.

Казната привремена или трајна забрана за вршење дејност и престанок на правното лице не може да се изрече на правно лице основано со закон, како и на политичка партија. Врз основа на правосилна пресуда со која е изречена казната престанок на правното лице, надлежниот суд покренува со закон утврдена постапка за ликвидација на правното лице во рок од 30 дена од денот на правосилноста на пресудата.

Правното лице над кое е отворен стечај, ќе се казни за кривични дела сторени пред отворањето на стечајната постапка.

При одмерување на казната судот ќе го земе предвид билансот на состојбите и билансот на успехот на правното лице, видот на дејноста и природата и тежината на извршеното дело.

Ако судот утврди парична казна за две или повеќе дела во стек, единствената казна не може да го достигне збирот на поединечно утврдените казни, ниту да го надминува законскиот максимум на казната пропишана за правното лице.

На конфискуваниот имот и имотна корист прибавени со кривично дело на правно лице соодветно се применуваат одредбите од Кривичниот законик во однос на начинот на конфискација, заштита на оштетениот и конфискување од правното лице.

Ако од правното лице не може да се конфискува имот или имотна корист поради тоа што престанало да постои пред извршување на конфискацијата, основачот или основачите на правното лице, односно кај трговското друштво, акционерите или содружниците солидарно ќе се обврзат да платат паричен износ што одговара на прибавената имотна корист.

На одземањето предмети од правното лице соодветно се применуваат одредбите за одземање предмети од Кривичниот законик (член 96).

Во Законот за кривичната постапка содржани се одредбите за постапка спрема правните лица и истите се применуваат во постапката за утврдувањена кривична одговорност и изрекување казни и други мерки на правните лица како сторители на кривични дела.


5. Дали имате воспоставено надлежност за сите овие казниви дела?

Во рамките на процесните одредби на Законот за кривичната постапка (“Службен весник на Република Македонија” бр. 15/97, 44/02 и 74/04), за сите кривични дела, како и за кривичните дела од овој вид надлежни се судовите во границите на својата стварна и месна надлежост определени со Законот за судовите (“Службен весник на Република Македонија” бр. 36/95, 45/95 и 64/03).

Имено, согласно овој закон, постапката се води пред основните судови како првостепени, а по жалба одлучуваат апелационите судови.

Во прв степен судовите судат во совети составени од двајца судии и тројца судии-поротници за кривични дела за кои со закон е пропишана казна затвор во траење од 15 години или казна доживотен затвор, а во совети составени од еден судија и двајца судии-поротници - за кривични дела за кои со закон е пропишана поблага казна. За кривични дела за кои како главна казна е пропишана парична казна или казна затвор до три години, во прв степен суди судија поединец. Во втор степен судовите судат во совети составени од петмина судии за кривични дела за кои со закон е пропишана казна затвор во траење од 15 години или казна доживотен затвор, а во совети составени од тројца судии - за кривични дела за кои е пропишана поблага казна. Кога суди во втор степен на претрес, советот е составен од двајца судии и тројца судии поротници.




Достарыңызбен бөлісу:
1   ...   38   39   40   41   42   43   44   45   ...   51


©netref.ru 2019
әкімшілігінің қараңыз

    Басты бет