Правда и внатрешни работи



жүктеу 6.72 Mb.
бет45/51
Дата02.05.2016
өлшемі6.72 Mb.
1   ...   41   42   43   44   45   46   47   48   ...   51
:

K. ЦАРИНСКА СОРАБОТКА



1. Ве молиме да наведете информации за законите или други прописи со кои се регулира подрачјето на царината.

Основни правни прописи со кои е регулирана царинската област во Република Македонија се следниве:




  • Закон за царинската управа (“Службен весник на Република Македонија”, бр. 46/04);

  • Закон за царинската тарифа (“Службен весник на Република Македонија”, бр. 23/03 и 69/04).

Законот за царинската управа ги уредува организацијата, делокругот на работа, начинот на вршење на работата и управувањето со Царинската управа, царинските надлежности, како и овластувањата и одговорностите при собирањето, евидентирањето, обработката и заштитата на податоци во врска со работите на Царинската управа. Со овој закон се уредуваат специфичностите во правата, обврските и одговорностите на царинските службеници од работен однос, кодексот на однесување, наградите, признанијата, како и финансирањето на Царинската управа.

Истовремено, царинската област е регулирана и со други прописи поврзани со оваа област (законски и подзаконски акти), како и со директно применливи меѓународни конвенции. За повеќе детали види 25_II_13.

Царинската соработка е регулиранa со повеќе одредби од Глава 3 - Поглавје 2 (надлежности на Царинската управа) од Законот за Царинската управа (“Службен весник на Република Македонија”, бр. 46/04).

Имено, согласно член 21 став 2 од овој закон, Царинската управа соработува и разменува информации со органите на државната управа и другите државни органи, и со јавни или приватни организации. Со другите одредби од овој закон (член 18 до член 22) се регулира поединечно видот и постапката на царинската соработка со овие органи.

Со Министерството за внатрешни работи се регулира давањето помош во спроведувањето на одредбите од овој закон или со други закони за чие спроведување е надлежна Царинската управа.

Со органите на државната управа и другите државни органи, се регулира давањето на неопходна помош заради примена и извршување на одредена царинска мерка, известувања за сторени царински прекршоци и кривични дела од областа на царинското работење, како и давање на сите информации и документи.

Исто така, со одредбите на член 22 од овој закон е пропишана соработката на Царинската управа со царинските управи на други земји на полето на царинското работење во откривање и спречување на царински прекршоци и кривични дела, обуките на царинските службеници, унапредување на техничкиот развој и друго, во согласност со ратификуваните меѓународни договори.

Од друга страна, со одредбата од член 138 на Законот за кривична постапка (“Службен весник на Република Македонија”, бр. 15/97 и 74/04), е определено дека државните органи се должни на судовите и на други органи кои учествуваат во кривична постапка да им даваат потребна помош а особено кога е во прашање откривање на кривични дела и нивни сторители. Во оваа насока посебно значајна е одредбата на членот 142-а од Законот за кривичната постапка, со која се определува надлежност на Царинската управа во предистражната постапка и во истрагата, така што, овластувањата што ги има Министерството за внатрешни работи ги имаат и со закон овластените лица од Царинската управа во случаите кога работат на откривање на кривични дела и нивни сторители и прибирање на докази заради кривично гонење на сторителите на кривичните дела конкретно набројани со оваа законска одредба, како и за други кривични дела поврзани со увоз, извоз и транзит на стоки преку граничната линија.

Со останатите одредби од овој закон, со кои се уредува предистражната постапка и истрагата, подетално се определува соработката на Царинската управа со Јавниот обвинител и истражниот судија, како и со органиte на државната управа, односно со Министерството за внатрешни работи и Финансиската полиција. Оваа соработка посебно произлегува од одредбите на член 144-а од Законот за кривична постапка и член 22 од Законот за Јавното овинителство („Службен весник на Република Македонија“, бр. 38/04), според кои Јавниот обвинител во претходната и во кривичната постапка, за кривични дела за кои е пропишана казна затвор од најмалку четири години, за кривични дела сторени од повеќе извршители, или кога тоа го бараат особено оправдани причини поради ефикасно обезбедување докази за обвинението, може да нареди едно или повеќе овластени лица од соодветно министерство или друг државен орган да му бидат ставени на располагање за определен период, но најмногу за една година. Според овие законски одредби овластеното службено лице постапува по налозите и упатствата на Јавниот обвинител и пред него е непосредно одговорно за извршување на работите.

Со оглед на тоа дека со член 2, став 2 и член 38 од Законот за прекршоците (“Службен весник на Република Македонија”, бр. 15/97) е пропишано дека на прекршочната постапка се применуваат одредбите од Законот за кривична постапка, произлегува дека соработката утврдена со Законот за кривична постапка се применува и во прекршочната постапка.

Царинската соработка со другите органи на државна управа произлегува и од одредбите на член 53 од Законот за организација и работа на органите на државната управа (“Службен весник на Република Македонија”, бр. 58/00), според кој органите на државната управа што вршат инспекциски работи се должни во вршењето на инспекциските работи од заеднички интерес да соработуваат меѓусебно, како и со други органи на државната управа.


2. Дали царинската управа има интегриран компјутерски систем?

Царинската управа на Република Македонија за својот царински информационен систем (МАКЦИС) ја користи Asycuda апликацијата за царинско работење, која е компјутеризиран царински менаџмент систем развиен од UNCTAD (United Nations Conference on Trade and Development). Системот ги содржи поголемиот дел од царинските транзитни процедури, обработува документи за ставање на стока на увид, царински декларации, процедури околу плаќањата и дава доверливи и навремени статистички податоци. Референтните податоци се интегрирани во самиот систем: хармонизиран тарифен систем, подносители, компании, валута и курсна листа, царински складишта и сите референтни листи кои се однесуваат на ЕЦД (Единствениот Царински Документ). Ги има интегрирано интернационалните стандарди и кодови развиени од ЕУ, Светската царинска организација и UN. Дава можности и е конфигуриран според потребите на Македонското законодавство во делот во кој е потребно.

Царинската управа е поделена во пет региони (Царинарници) и има вкупно 43 царински локации од кои моментално 36 се поврзани, а во скоро време се планира поврзување на уште 5 царински испостави во Македонскиот Царински Информационен Систем (МАКЦИС). МАКЦИС подразбира компјутеризирана царинска испостава (ЦИ) поврзана во LAN (Local Area Network), со локален сервер на кој е поставена сервер Asycuda апликација. Сите ЦИ приклучени на МАКЦИС се поврзани во WAN (Wide Area Network) на Царинската управа преку кој се обезбедува размена на податоци. Преку WAN-от, се собираат податоци од сите царински испостави на централен сервер кој служи за статистичка обработка како и за понатамошна подгoтовка на статистички податоци за останатите државни институции. Започнат е процес на намалување на бројот на серверите во царинските испостави (ЦИ), т.е. некои помали царински испостави (ЦИ) се поврзани на еден сервер преку WAN. Во овој момент не е можно комплетно централизирање воглавно поради недоволно добар квалитет на комуникациска врска која ја нудат двата провајдери како и недостиг на backup пристап. Корисниците (царинските работници и подносителите) пристапуваат до сервер апликацијата преку PC-а на кои се наоѓа клиент апликација Asycuda. До серверот се пристапува преку два физички одвоени LAN-a, еден за подносителите, друг за царинските работници. Во ЦИ е овозможен пристап до Internet од централна локација преку единствен линк кој е заштитен со Firewall.

Комуникациската мрежа на Царинската управа на Република Македонија користи современи мрежни уреди кои овозможуваат подршка на голем број преносни технологии и интеграција на мултимедијални сервиси. Базирана е на IP протокол што резултира со поедноставување на администраторските функции и смалување на оптовареноста на самата мрежа. Во функционална смисла мрежата овозможува пристап до Internet/Intranet, e-mail услуги, пристап до податоци на централниот сервер и до секој од работните сервери. Мрежата за поврзување на граничните премини е во споственост на МВР.

Како директни учесници во МАКЦИС се и јавните претпријатија: Јавното претпријатие за аеродромски услуги, Македонски железници и Македонска Пошта. Овие учесници ги доставуваат во МАКЦИС податоците за стоките кои се царинат и имаат можност да извршат увид во текот на царинската постапка за стоките со кои тие ракуваат или се гаранти. Освен ова, како корисници на податоците од МАКЦИС во електронски формат се и Министерство за економија, Министерство за финансии, Министерство за земјоделство, Народна Банка на Република Македонија, Републички завод за статистика и Управата за јавни приходи. Не постои поврзан компјутерски систем помеѓу МВР и Царинската управа. Доколку на едната или другата служба (МВР и Царинската управа) и се потребни податоци со кои располага другата служба, истата е во секој момент спремна да ги достави.

3. Дали се изготвува на анализа на ризикот, помеѓу другото, користејќи информации кои потекнуваат од Меморандумот за разбирање?

Согласно мисијата на Царинската управа за забрзување на царинските постапки, а истовремено зголемување на контролната функција, од 2002 година работењето во Царинската управа се базира на Метод на проценка на ризикот и селективност. За тоа постои модул во рамките на постоечкиот царински информационен систем (МАКЦИС) базиран на системот ASYCUDA кој во моментот е имплементиран во внатрешните царински испостави. Исто така се спроведува и постапка на селективен преглед на граничните премини поддржан со разузнавачки податоци.

Проценката на ризикот и оформувањето на критериумите се базира на информации добиени од МАКЦИС (постоечкиот информационен систем), разузнавачка база на податоци, како и информации од останатите одделенија и служби во Царинската управа.

Управувањето со ризикот и оперативните дејствија се во надлежност на Одделението за Анализа на ризик во рамките на Секторот за контроли и истраги.

За подобрување на резултатите Царинската управа посебно инсистира на соработка со другите институции во земјата како и на меѓународна соработка со земјите во регионот .

Досегашната соработка и размена на информации кои ги користиме во анализата на ризикот е во согласност со член 10 точка 17 и член 21 од Законот за Царинската управа („Службен весник на Република Македонија“, бр. 46/04), како и член 11 точка 9 од Царинскиот закон („Службен весник на Република Македонија“, бр. 21/98, 26/98, 63/98, 86/99, 25/00, 109/00, 31/01, 4/02 и 55/02), и член 3 од Законот за внатрешни работи.

Меморандумот за разбирање помеѓу Министерството за внатрешни работи и Министерството за финансии е во припрема и се очекува да биде потпишан до крајот на 2004 година.

Врз основа на меморандумот помеѓу Министерството за внатрешни работи и Царинската управа на Република Македонија ќе се склучат протоколи врз основа на кои ќе се подобри меѓусебната соработка.


4. Што се прави за да се обезбеди меѓу-институционална соработка и имплементација на договорите за взаемна помош?

Согласно со чл. 10 точка 17 и чл. 21 од Закон за Царинската управа („Службен весник на Република Македонија“, бр. 46/04), како и чл.11 точка 9 од Царинскиот закон („Службен весник на Република Македонија“, бр. 21/98, 26/98, 63/98, 86/99, 25/00, 109/00, 31/01, 4/02 и 55/02,) и член 3 од Законот за внатрешни работи пропишана е соработка и разменување на информации со органите на државната управа и другите државни органи како и органите на општините и градот Скопје.

Националната стратегија за интегрирано гранично управување, која беше усвоена од Владата на Република Македонија во 2003 година предвидува зајакнување на соработката помеѓу одговорните Министерства.

Во практиката соработката помеѓу Министерството за внатрешни работи и Царинската управа се одвива успешно како на централно така и на локално ниво.

Во МВР формирана е национална фокусна точка согласно со член 8 од Договорот за соработка во превенција и борба против прекуграничниот криминал (СЕКИ) („Службен весник на Република Македонија“, бр. 16/00) и изработен е Водич за националната фокусна точка. Во националната фокусна точка Царинската управа има свој офицер кој доставува и прима барања од СЕКИ ценатрот.

Од Август 2004 година се одвиваат редовни состаноци за соработка помеѓу претставниците на Секторот за недозволена трговија со наркотични средства при МВР, Погранична полиција, Секторот за контрола и истраги при Царинската управа под покровителство на ЕУПОЛ Проксима и CAFAO-MAK мисијата. Целта на овие меѓусебни состаноци е подобрување-олеснување на меѓусебната соработка со цел успешна борба против трговијата со дрога, скратување на процедурите за размена на информации почнувајќи од локалните сектори на секој од наведените субјекти како и олеснување на меѓусебната координација на оперативно ниво.


5. Дали Царинската управа има посебна истражна служба која располага со доволно средства?

Во Царинската управа постои посебно Одделение за истраги кое функционира во состав на Секторот за контрола и не постои друга посебна самостојна служба вон Секторот која би вршела истражни дејства. Основен делокруг на Одделението е спречување, откривање и расветлување на кривични дела и царински прекршоци. За извршување на активностите од делокругот на работењето Одделението остварува соработка со надлежните служби во земјата. Исто така, Одделението остварува и непосредно учествува во соработката со странски царински служби и меѓународни организации.

Одделението за истраги непосредно учествува во акции за откривање и документирање на сторени кривични дела и царински прекршоци и поведува постапка по истите пред надлежен суд согласно со законските овластувања. Во согласност со подзаконските акти и со анализа на податоците кои се доставени од други служби од Царинската управа како и од други државни служби одредува случаи за кои треба да се поведе истрага. Одделението ги следи сите појавни облици на вршење на кривични дела, начинот на транспортирање на стоки, потоа актуелните трендови на недозволена трговија со опојни дроги, прекурзори, оружје, акцизни и други стоки, како во земјата така и во странство.

За остварување на овие работни задачи Одделението за истраги располага со доволни финансиски средства кои се осигурани преку буџетот за секоја календарска година. Овие финансиски средства се доволна основа за извршување на тековните активности, меѓутоа не обезбедуваат доволно средства за развојната функција. Покрај тоа се користат и оперативно-технички средства (возила, опрема за преглед, дигитални фото-апарати, дигитална видео-камера, уреди за детектирање на дрога, обучени царински кучиња, диктафони и друго). Дел од овие средства се добиени како техничка помош по разни програми од страна на Европската унија. Во најскоро време царинските инспектори ќе бидат наоружани и со лично оружје. Одделението за истраги покрај тоа што го користи информацискиот систем на Цариснката управа-МАКЦИС, дата базата на Одделението за разузнавање има и сопствена дата база на информации и евидентирани случаи за сторени кривични дела и царински прекршоци.


6. Дали постојат соодветни методи за борба против измами, вклучувајќи воведување на мобилни единици за надзор?

Во борбата против измамите вклучени се по службена должност сите Сектори од Царинската управа, а особено Секторот за контрола и истраги. Во рамките на Секторот за контрола и истраги функционираат Одделенијата за:



  • Разузнавање;

  • Истраги;

  • Контрола и ревизија;

  • Мобилни тимови;

  • Анализа на ризик.

Како и Службите:




  • Аналитика и статистика;

  • Дежурна служба,



кои се занимаваат со откривање на царински прекршоци и кривични дела. На локално ниво во рамките на Секторот за контрола и истраги при царинарниците се распоредени локални разузнавачки офицери и царински инспектори-ревизори.

Мобилните екипи се користат за сузбивање на криумчарење кои делуваат по посебен план или по укажана потреба за зголемен надзор на поедини гранични премини односно прометни сообраќајни правци, воздушни пристаништа и царински терминали. За подобра оперативност Одделението за мобилни тимови е организирано во тимови и делуваат на целото подрачје на Република Македонија со тоа што постои и еден дежурен тим за итни брзи интервенции. Во поедини акции се формираат мешовити тимови од Одделенијата за истраги и разузнавање со мобилните екипи особено кога се во прашање криумчарење на забранети стоки во прв ред наркотични средства како и акцизни стоки. Мобилните екипи делуваат координирано заедно со полициските екипи при акции од регионално ниво.

Во откривањето на измамите во значителна мерка помага користењето на информативниот систем на Царинската управа-МАКЦИС, како и базите на податоци од Одделенијата за разузнавање и истраги. Во рамките на Дежурниот оперативен центар функционира Отворена царинска линија на која 24 часа можат да се доставуваат информации од граѓаните за пријавување на криумчарење на дрога, оружје, стока, како и за пријавување на корупција.

Согласно со член 24 од Законот за Царинската управа („Службен весник на Република Македонија“, бр. 46/04), може да исплати надомест за информација која ќе помогне во откривање и спречување на царински прекршоци или кривични дела.

Постапката на откривање на измами зависи од тоа дали се работи за откривање на криумчарење или измама во текот на царинската постапка, кога стоката се уште е под царински надзор или во превозното средство, односно кога измамата се открива во постапка на дополнителна контрола на книговодствената евиденција.

Во случај на откривање на кривични дела и на царински прекршоци веднаш се известува Одделението за истраги заради вклучување во истрагата. Постапката се спроведува во целост од страна на Одделението за истраги.

Одделението за ревизија има посебна улога во делот на утврдување на недостатоци и неправилности во примената на царинските прописи и врз основа на Царинскиот закон („Службен весник на Република Македонија“, бр. 21/98, 26/98, 63/98, 86/99, 25/00, 109/00, 31/01, 4/02, 55/02 и 42/03), врши контролно инспекциски работи над сите учесници во царинската постапка. Одделението за ревизија превзема соодветни мерки и спроведува постапка согласно со законските овластувања кои во некои случаи завршуваат со поднесување на соодветни пријави до Основното јавно обвинителство или Основните судови.

7. Ве молиме да ја опишете обуката на царинските службеници.

Во март 2004 година на предлог на Директорот на Царинската управа, Министерот за финансии донесе Правилник за организација и работа на Царинската управа и Правилник за систематизација на работните места на Царинската управа каде за прв пат е предвиден Сектор за управување со човечки ресурси. Делокругот на работа овој Сектор го врши преку Одделението за кадрови, Одделението за обуки, Одделението за советување.

Одделението за обуки, го развива, го ажурира стратегискиот план за обуки утврдувајќи ги потребите од надоградба на знаења и вештини на вработените во службата, организира системи, процедури за развој и обучување на вработените; врши проценка на обуките; соработува со организации и институции во земјата и надвор од неа; води и ажурира податоци во врска со својата надлежност.

Царинските службеници кои се униформирани или со посебни должности и овластувања, кој се најголем процент со ваков статус во службата се вработуваат со завршено соодветно средно или високо образование. Само 4% од вработените во службата се со статус на државни службеници и за нив стручното усовршување се одвива во согласност со Законот за државни службеници.

Стручното оспособување на царинските работници (со статус на униформирани и лица со посебни должности и овластувања) се врши преку обуки, семинари и советувања. Царинските работници покрај Основниот царински курс посетуваат и специјализирани курсеви.


  • Со цел да се обезбеди поефикасно и поефективно работење на граничните премини со што ќе се овозможи и побрз проток на патници и возила, за сите вработени на граничните премини се одржуваат обуки за Примарен и секундарен преглед на патнички возила. Обуката ја изведуваат царински службеници од Царинската управа. Од фебруари до септември 2004 година се завршени обуките за најголем дел на гранични испостави и на нив учествувале 190 царински службеници. Подготвен е и план за изведување на оваа обука за преостанати два гранични премини.

  • На некои гранични премини каде има поставено инструменти за мерење на радиоактивно зрачење, во организација на Одделението за обуки изведени се и еднодневни обуки за ракување со истите инструменти. Обуките се изведени од обучувач од Царинската управа во мај 2004 година за 4 гранични премини и на нив учествувале 65 царински работници. Подготвен е и план за изведување на оваа обука уште за 6 гранични премини каде има вакви инструменти.



Политика на обуки
Со подршка на Канцеларијата за царинска и фискална соработка - КАФАО МАК (Customs and fiscal assistance office - ЦАФАО МАК) и билатералната меѓународна соработка, развојот на обуките во службата се планира во насока на исполнување на ЕУ стандардите:

Одделението за обуки прави анализа на потребите од обука кој е првиот чекор во циклусот на обуките со која правилна анализа ја одредува насоката, содржината и структурата на обуките кои ќе бидат потребни за дизајнирање и структурата на програмата за обука. Програмите за обука ќе се креирааат со цел да на службениците им овозможат да се стекнат не само со знаење туку и со вештини и однесување кои се потребни за извршување на нивните работни задачи.

За да се обезбеди поголем успех во развојот на системот за обуки, веќе се оди во насока на обезбедување на подршка од раководителите кои треба да ги согледаат и утврдат потребите од обука и да ги достават до Одделението за обука, да ги промовираат принципите на континуирано учење, да ги мотивираат вработените да се развиваат, да ги потикнуваат да завземат одговорност за сопствениот развој и да им овозможат на вработените да дел од времето го користат како обучувачи или обучувани.

Одделението за обуки веќе има план за воведување на воведен курс со цел за запознавање на нововработените за целите и структурата на Царинската управа, како и нивните права и обврски. Одделението за обуки ќе направи ревизија на предметите, содржината, временскиот распоред и практичната настава во основниот царински курс со цел да се обезбедат поголеми активности соодветни за потрбите на работното место.

Со цел да Царинската управа има квалитетни обучувачи кои ќе задоволуваат одредени повисоки стандарди и кои покрај знаење ќе поседуваат и вештини и способности за пренесување на истите, Одделението за обука направи првична селекција на обучувачите по пат на интервју. Потоа на оние кои беа селктирани им овозможи да ја посетуваат Обуката на обучувачи која ја изведе локална фирма од Скопје квалификувана за изведување на ваков вид обуки. Оваа обука на обучувачи ја посетуваа и завршија 29 царински службеници. Со обучувачите Одделението за обуки ќе изработи договор кој ќе биде склучен меѓу Директорот и обучувачите за времето за кое ќе бидат ангажирани и нивните права и обврски.

Одделението за обуки заедно со обучувачите ќе работи на развојот на националните модули за интерни обуки, индивидуални и групни видови на обуки, вид на обука на работно место со примена на разнични методи и техника и ќе испорачува квалитетни обуки.

Одделението за обуки води евиденција за обуките и обучувањето на секој вработен, но треба да се развие и обезбеди електронска подршка на овој систем со цел за полесно ажурирање и дополнување на базата.

Секоја обука како и обучувачите се следи и оценува со цел да се процени ефективноста и да се идентификуваат потребните промени, а Одделението за обуки ги специфицира целите и критериумот за оценување на обуката.

На овој начин Одделението за обуки се развива во насока да има советодавна функција и да служи како обучувач, подготвувач на национални модули за обука, оценувач и спроведувач на воспоставените стандарди за обука. Со ова ќе допринесе во целосно и независно подржување на работната стратегија на царинската служба во целина и ќе придонесе за подобрување на работната изведба на вработените и нивниот развој по пат на обука.

Основен стручен курс за царински службеници

Во текот на 2000 година во организација на Одделението за кадрови и обуки беше организирана и спроведена обука за вкупно 287 царински службеници од кои 132 со високо образование и 155 со средно образование. По утврдената програма за Основниот царински курс во траење од 266 часа за службениците со високо образование и 162 часа за службениците со средно образование беа опфатени следните наставни предмети :

За царинските службеници со високо образование: 1.Царински систем и постапка; 2.Познавање на стоки; 3.Царинска тарифа; 4.Надворешно трговско и девизно работење; 5.Спречување на криумчарење со основи на психологија; 6.Работна дисциплина и етика.

За царинските службеници со средно образование: 1.Царински систем и постапка; 2.Познавање на стоки; 3.Царинска тарифа; 4.Надворешно трговско и девизно работење; 5.Спречување на криумчарење со основи на психологија и 6.Работна дисциплина и етика.

Во 2002 година направена е реформа на програмата на основниот царински курс и од 2002 - 2004 година беа организирани и спроведени 2 основни царински курса за вкупно 109 царински службеници од кои 71 со високо образование и 38 со средно образование. По утврдената програма за Основниот царински курс во траење од 216 часа за службениците со високо образование и 104 часа за службениците со средно образование беа опфатени следните наставни предмети :

За царинските службеници со високо образование: 1.Царински закон и царински постапки; 2. Царинска тарифа; 3.Царинска вредност; 4.Потекло на стоки; 5.Прекршоци и кривични дела; 6.Мерки на трговска политика; 7.Данок и акцизи; 8.Информационен систем во царинската служба; 9.Спречување на криумчарење и 10.Работна дисциплина и етика

За царинските службеници со средно образование: 1.Царински закон и царински постапки; 2.Царинска вредност; 3.Прекршоци и кривични дела; 4.Мерки на трговска политика; 5.Данок и акцизи; 6.Информационен систем во царинската служба; 7.Спречување на криумчарење и 8.Работна дисциплина и етика

Предавањата ги реализираа предавачи од Царинската управа на Република Македонија.



Пресметка на увезената стока

Обуки за контрола на сметководство на увезена стока за царински службеници до сега нема, но се планира вакви обуки да се изведат во наредната година.



Странски јазици

Царинската управа на Република Македонија во соработка со Амбасадата на Франција организира часови по француски јазик. Часовите ги посетуваат 13 царински слубеници од ноември 2003 година до јуни 2004 година и истите се одржуваат од септември до декември 2004 година.



Курсеви по информатика

Од Проект за олеснување на трговијата и транспортот во Југоисточна Европа - Интегриран царински информативен систем (ИЦИС) се реализирани следните обуки:



  • Компјутерска обука за "Основи на Windows, МС Office и Интернет" спроведена од април 2001 година до април 2002 година за вкупно 332 царински службеници и тоа за Царинска управа и Царинарница Скопје (179), Царинарница Куманово (47), Царинарница Гевгелија (36), Царинарница Штип (31) и Царинарница Битола (39). Курсевите се реализирани во соработка на Царинската управа со фирма која е овластена за спроведување на информатички обуки;

  • Обука на обучувачи за подготвување на модули за обука и додатна документација за Автоматизиран систем за царински податоци и функција за развој на софтвер (АСИКУДА) - транзит, селективност, шпедитерски и сметководствен модул. 18 учесници, а предавач од Велика Британија;

  • 1.фаза - Управување со компјутерски мрежи (базична фаза) во јуни 2001 година во Скопје, 5 учесници , 2.фаза - телекомуникации во јули 2001 година во Скопје, 9 учесници. 3.фаза - Управување со компјутерски мрежи (напредна фаза) во јули 2001 година во Белгија, 6 учесници;

  • Обука - "IT&C - Web Site" за раководење со база на податоци, внатрешни инструменти и механизми, дизајнирање и развој на веб страница во октомври 2001 година во Скопје, 7 учесници;

  • Обука "Case Tools " телекомуникација, KASE (компјутерски додаден систем инжинеринг) инструмент ии ИТ методологии, во ооктомври и ноември 2001 година во Скопје, 4 учесници.



Други курсеви по информатика:

  • Обука за компјутерски јазик – Oracle 9: Програм со PL/SQL, 5 дена во април 2003 година во Скопје, 1 учесник од Одделение за разузнавање од Царинската управа.

  • Семинар на тема Win Days 2004, во април 2004 година во Република Хрватска, 1 учесник од Секторот за информатика.

  • За потребите на вработените во Секторот за контрола и истраги и Секторот за професионална одговорност, во текот на мај и јуни 2004 година во Царинската управа се ораганизираа Обуки за "Компјутерски вештини" и "МАКЦИС", а со цел да им се овозможи следење на напредокот на информатичката технологија и поефикасно користење на МАКЦИС системот во нивната секојдневна работа. Предавачите кои ја изведуваат обуката се од Секторот за информатика во Царинската управа на Република Македонија.



Советување за актуелните прашања на царинскиот систем

  • Во интерес на правилната примена на новиот Царински закон, Законот за данок на додадена вредност, Закон за акцизи, во текот на јули 2001 год. одржани се повеќе еднодневни семинари во Царинарница Куманово (18 учесници), Царинарница Скопје (36 учесници), Царинарница Гевгелија (15 учесници), Царинарница Битола (20 учесници), Царинарница Штип (29 учесници);

  • Со цел за запознавање со Законот за изменување на Законот за царинска тарифа, во Царинската Управа во март 2002 година одржан е еднодневен семинар за повеќе претставници од сите царинарници (39 учесници);

  • Советувања наменети за царинските службеници, а по потреба и за останатите учесници во царинските постапки и тоа увозници, извозници, шпедитери или превозници се организираат кога се воведуваат измени на регулатива или кога ќе се оцени дека е потребно да се потенцираат одредени актуелни прашања од областа на царинското работење. Меѓу последните советувања одржани во 2003 година, се оние кои се однесуваат на спроведување на постапката на царинење, анализа на ризик, завршување на транзитна постапка, реекспорт и поедноставени постапки. Исто така, се одржуваат и советувања при започнување на примена на Договорите за слободна трговија кои ги склучува Република Македонија, како и примената на Договорот за асоцијација и стабилизација, посебно во делот на правилата за потекло;

  • При зачленувањето на Република Македонија во Светска трговска организација со цел за запознавање на царинските работници со најновите измени на Законот за царинска тарифа и еднообразно и правилно распоредување на стоката согласно пристапувањето на Република Македонија кон Светската Трговска Организација беа одржани еднодневни советувања по царинарниците и учество земаа сите царински работници кои непосредно работат на распоредување на стока според царинска тарифа;

  • Во мај 2004 година одржани се и 2 еднодневни семинари во Скопје и Битола на тема Постапување по ТИР конвенција за вкупно 110 царински службеници.



Обука за средства за присила и носење и употреба на оружје

Во член 44 од Законот за Царинска управа е утврдено дека при спроведување на своите надлежности царинските службеници може да употребат средства за присила, како и да носат и да употребат огнено оружје во ситуации предвидени во овој член.



Владата на Република Македонија, на предлог на Министерот за финансии, поблиску ќе ја пропише употребата на средствата за присила, како и носењето и употребата на огненото оружје од страна на царинските службеници. По донесување на овој акт во план е одржување на обука за употреба на средства за присила, како и носење и употреба на огнено оружје во соработка со Министерството за внатрешни работи.

Методи на економска измама

  • Семинар за комерцијални измами, од Проект на Светската Царинска Организација, во мај 2002 година, 16 учесници;

  • На семинар на тема Перење на пари и меѓународно банкарство во октомври 2003 година во Скопје учествуваа 4 царински службеници;

  • Две дводневни обуки одржани од американската Агенција за меѓународен развој во март 2004 година за спречување на финансиски криминал посетуваа 4 царински службеници, една еднодневна во април 2004 година, за спречување на перење на пари, посетуваа 7 царински службеници;

  • Една дводневна обука одржана од Дирекцијата за спречување на перење на пари при Министерството за финансии во јуни 2004 година за напорите за спречување на перење на пари ја посетуваа 2 царински службеници;

  • Еднодневен семинар во септември 2004 година на тема координирање на активностите помеѓу надлежните органи за спроведување на мерките и дејствијата регулирани со Законот за спречување на перење на пари и други приноси од казниво дело. Учествуваа 2 царински службеници.



Семинари за антикриумчарење

  • Проект на УНДСП и ФАРЕ - од април до мај 2000 година (прв дел) во Германија, основна обука за две кучиња и 2 водичи на кучиња за откривање на дрога во Германија; Обука за водичи на службени кучиња за откривање на тешка дрога (втор дел) во август и септември 2000 година во Германија и (трет дел) - редресура во март и април 2001 година;

  • Во склоп на заедничката програма на УНДСП и ФАРЕ, обука за контрола на патници, багаж и карго пратки на аеродром, во јуни 2000 година 17 учесници;

  • На обука за попречување и откривање на илегална трговија со прекурсори (МВР и ДЕА) во ноември 2000 година учествувале 8 царински службеници;

  • Проект УНДСП и ФАРЕ во мај 2001 година во Бугарија, обука за правилна употреба на технички направи за откривање на опојни дроги и други криумчарени стоки (РАД РЕФЛЕКС детектори) 2 учесници;

  • Во текот на 2001 и 2002 година на 3 обуки за борба против криумчарење и недозволена трговија со дрога организирана од Царинската управа 39 учесници;

  • На меѓународна работилница за спречување, борба против недозволена трговија со малокалибарско и лесно оружје во Југоисточна Европа, во септември 2002 година, 1 учесник;

  • За ракување со инструментите Vapor Tracer 2 - анализатори на наркотици и експлозиви еднодневна обука во мај 2003 година и јануари 2004 година, 14 учесници;

  • Обука за препознавање на дроги изведена од меѓународен полициски експерт од Единицата за обучување на полиција при ОБСЕ во октомври 2003 година, 31 учесник од Царинската управа;

  • Во јуни 2003 година во Унгарија, на семинар за борба против распространување на оружје за масовно уништување 1 учесник од Одделение за разузнавање;

  • Од страна на Канцеларијата за царинска и фискална соработка - КАФАО МАК (Customs and fiscal assistance office - ЦАФАО МАК) во текот на 2003 година организирани се и одржани вкупно 11 обуки, а во текот на 2004 година, 3 обуки и тоа за Одделението за разузнавање, Одделението за истраги, Одделението за мобилни тимови и Дежурниот оперативен центар од Секторот за контрола и истраги. На овие обуки учествувале 58 царински службеници.



8. Кои мерки се преземаат за да се обезбеди интегритетот на царинските службеници и да се спречи корупцијата?

Работата на царинските службеници е заснована на Устав, закони и други прописи. Царинските службеници ги вршат работите од царинската служба во согласност со општите принципи на царинските надлежностите предвидени во член 12 од Законот за Царинска управа („Службен весник на Република Македонија“, бр. 46/04), и надлежностите на царинските службеници предвидени во член 26 од Законот за Царинска управа, како и Правилникот за систематизација на работните места во Царинската управа.

Во член 58 од Законот за Царинската управа се пропишани општите обврски на царинските службеници. Царинските службеници се должни работните задачи да ги вршат совесно, стручно, ефикасно, уредно и навремено, непристрасно без надворешни влијаниа, лични финансиски интереси, при што не смеат да го злоупотребуваат овластувањето и својот статус и углед на Царинската управа.

Ги извршуваат наредбите од непосредниот раководител во согласност со Уставот, закон и друг пропис. Царинските службеници на заинтересираните странки и јавни институции им даваат информации за остварување на нивните права и интереси, освен информации кои преставуваат државна и службена тајна.

Царинските службеници не смеат да користат привилегии и ослободувања, ниту да бараат и примаат материјална и друга корист при исполнување на своите обврски.

Царинските службеници се должни да ги почитуваат сите безбедносни мерки, тие се должни да се однесуваат во согласност со Кодексот на однесување и пропишаните правила за ред и дисциплина во Царинската управа кои се предвидени во Колективниот договор за работни односи во Царинската управа на Република Македонија број 01-1984/1 од 17.03.2003 година.

Согласно обврската од Колективниот договор, царинските службеници имаат потпишано Изјава дека "се запознати со одредбите на Колективниот договор и дека совесно, уредно и одговорно ќе ги извршуваат доверените работни задачи, при што ќе го почитуваат Уставот, Законите и другите прописи и нема да учествуваат во мито и корупција, ниту ќе го толерираат таквото однесување кај другите работници во Царинската управа на Република Македонија".

Оваа потпишана Изјава се чува во персоналната евиденција на царинскиот службеник.

Со новиот Закон за Царинска управа за прв пат се предвидуваат основи кои ке овозможат превземање на мерки од страна на Царинската управа во интерес на обезбедување на интегритетот на царинските службеници и спречување на корупцијата и тоа:


  • За лицата кои за прв пат се вработуваат како царински службеници, се предвидува пред Директорот да дадат и потпишат пропишана заклетва. Потпишаната заклетва се чува во персоналната евиденциа. За лицето кое ќе одбие да даде и потпише заклетва, ќе се смета дека одлуката за вработување дека не е донесена;

  • Во постапката за вработување Директорот може да побара податоци за лице кое е во оваа постапка, од надлежна државна институција која е овластена за водење безбедносни податоци, за постоење на пречки кои ја загрозуваат безбедноста на работењето во Царинската управа;

  • Договорот за засновање на работниот однос ќе се потпише откако од страна на здраствена установа определена од Царинската управа се утврди дека кандидатот за царински службеник ги исполнува соодветните здраствени стандарди за вршење на работите на работното место;

  • Царински службеник кој е во работен однос, кој не ги исполнува задоволително своите работни задачи, и кога подолго време отсуствува од работа или постои сомневање во неговата здраствена способност или слични околности, Директорот може да одлучи царинскиот службеник да го упати на медицински преглед во овластена здраствена установа назначена за таа цел;

  • Забрана за вршење на надворешни активности, односно царинските службеници да вршат друга функција, должност или дејност, поврзана со остварување на профит која е во судир со нивната службена должност. Оваа забрана се однесува кон царинските службеници и како сопственици или партнери во трговски друштва, членови на управни одбори или на надзорни органи на трговски друштва. Царинските службеници дисциплински одговараат доколку се однесуваат спротивно на оваа забрана;



Царинската управа подготви Оперативна инструкција во која се опишани работите и дејностите кои што се во судир со службените должности на царинските службеници, и кои истите не смеат да ги вршат. Во оваа Оперативна инструкција опишани се и други работи и дејности кои не се во судир со службената должност но само под кои услови и во кои случаи може да ги вршат царинските службеници, односно само по поднесено барање и добиено писмено одобрение од Директорот на Царинската управа. Оваа инструкција ги обврзува сите царински службеници вклучувајќи ги и раководителите од највисоко ниво, па во интерес на транспарентноста и решеноста на Царинската управа за обезбедување на примена на Оперативната инструкција истата ќе биде дистрибуирана до секој вработен со потпишување на изјава за запознавање.

Во правилата за работна дисциплина е предвидена обврска на раководителот на организационата единица за случаи кога е утврдено кршење на работната дисциплина или неисполнување на работните обврски, истиот да покрене постапка за утврдување на одоговорност на царинскиот службеник со поднесување на предлог.

Ова правило целосно се применува за секој случај на утврдено кршење на работната дисциплина или неисполнување на работните обврски и е дел од воспоставената пракса на дисциплинските постапки во Царинската управа.

Како превентивна мерка за обезбедување на интегритет, морално работење на царинските службеници и сузбивање на корупција е обуката за новопримени царински работници по предметот работна дисциплина и етика. Оваа обука се спроведува од 1998 година - 91 учесник, 2000 година 287 учесници, 2002 година 90 учесници и 2004 година - 19 учесници.

Во интерес на интегритетот на царинските службеници и спречување на корупцијата Царинската управа воведе дополнителен дел на службената униформа - легитимација за идентификација со обврска за носење на истата, како можност за идентификување на цариник кој неправилно ја обавува својата должност или има лошо однесување.

Во оваа насока Царинската управа е транспарентна и отворена кон јавноста со редовно информирање за прописите, актуелните проблеми во службата, активностите кои ги превзема за надминување на истите како и резултатите кои ги постигнува. Царинската управа има воспоставено интернет, редовни трибини и прес конференции. Треба да се истакне и воспоставениот систем на редовни средби со трговски групи (брокери, шпедитери, превозници, увозници и извозници и стопански комори).

Сите мерки кои се превземаат за да се обезбеди интегритетот на царинските службеници и да се спречи корупцијата допринесоа да се воведе работна диференцијација.

Во интерес на обезбедување на интегритет на царинските службеници и спречување на корупцијата во 2003 година е воведена нова функција во Царинската управа - Сектор за професионална одговорност со две Одделенија: Одделение за внатрешна инспекција и Одделение за внатрешни истраги.

Секторот за професионална одговорност е под директна јуриздикција на Директорот на Царинската управа на Република Македонија.

Во месец мај 2003 година по иницијатива на Директорот на Царинската управа на Република Македонија се пристапи кон кадровско екипирање на Секторот за професионална одговорност.

Во јуни 2003 година и во август и септември 2004 година, од страна на странски експерти изведена е обука специјално наменета за потребите на Секторот за професионална одговорност.

Мисијата на Секторот за професионална одговорност е:



  • Да делува превентивно, да детектира и елиминира непрофесионално однесување, измами, загуби, злоупотреби, корупција и неправилно раководење, поточно сите девијантни појави на однесување таксативно наведени во членот 123 од Колективниот договор за работни односи во Царинската управа на Република Македонија;

  • Да врши контрола врз сите воведени функции во Секторите во Царинската управа и Царинарниците, од аспект на нивно спроведување во согласност со Законот, пропишаните процедури, надлежност, работни задачи, права и одговорности, како и истражување за наводно непрописно работење од страна на вработените (униформирани лица, овластени лица, лица со статус на државни службеници и лица кои немаат статус на државни службеници).



Во контекст на погоре изнесеното Секторот за професионална одговорност прибира информации за незаконито постапување на царинските службеници преку Дежурниот оперативен центар односно ОТВОРЕНАТА ТЕЛЕФОНСКА ЛИНИЈА - 197 која почна со работа на ден 27.11.2003 година. Заклучно со 31.11.2004 година реализирани се 349 јавувања на граѓани кои се однесуваат на Корупција кај царинските службеници. Овој проект е финансиран од страна на Владата на Кралството на Холандија.

Секторот за професионална одговорност добива информации и од Секторот за контрола и истраги, користи разни техники на набљудување и следење во согласност со законот и развива доверливи контакти со субјектите кои се учесници во царинската постапка.

Секторот за професионална одговорност врз основа на објективно прибраните факти и докази подготвува службени извештаи.

Службени белешки за интерна употреба и Службени информации за комуникација со Директорот како подршка за наводите за сторен царински прекршок строго водејќи сметка за моралниот интегритет на личноста на царинскиот службеник при тоа не загрозувајќи ги човековите права.

По добиената согласност од Директорот ваквите службени информации преку Секторот за управување со човечки ресурси се упатуваат до првопретпоставениот - Управникот на соодветната Царинарница во чија надлежност е покренувањето на дисциплинската постапка. Предлогот за покренување на дисциплинска постапка се доставува до Директорот кој понатаму го процесуира до дисциплинската комисија.

9. Какви внатрешни дисциплински постапки постојат?

Царинските службеници кои се униформирани или имаат посебни должности и овластувања се дисциплински одговорни во три вида на дисциплински постапки:

1. Кршење на работната дисциплина поради неисполнување на службените должности и работи кои произлегуваат од работното место и неисполнување на општите обврски,

2. Незадоволителни резултати од работа,

3. Недостаток на знаење и способности за извршување на работата во согласност со Законот за Царинска управа, Законот за работни односи, Колективниот договор за работни односи во Царинската управа на Република Македонија.

За вработените лица во Царинската управа со статус на државен службеник во однос на правата, должностите и одговорностите се применува Законот за државни службеници.

1. Дисциплинска постапка заради кршење на работната дисциплина поради неисполнување на службените должности и работи кои произлегуваат од работното место и неисполнување на општите обврски.

Во Законот за Царинска управа предвидени се општите обврски на царинските службеници. Во Колективниот договор за работни односи во Царинската управа на Република Македонија, кој е склучен на 17.03.2003 година, помеѓу Синдикатот на Царинската управа и Царинската управа, односно потпишан од Претседателот на Синдикатот и Директорот на Царинската управа, предвиден е Царинскиот кодекс и 57 случаи на однесување кои може да бидат предмет на дисциплинска мерка, вклучувајќи ја и мерката за престанок на работен однос со отказ. Во овој акт е објаснето што значи неправилно однесување и последователни санкции. Секој вработен во службата е информиран за овој акт и има потпишано изјава дека е запознат со истиот, неговата изјава се чува во персоналното евиденција. Предлогот за покренување на постапка е во надлежност на непосредниот раководител кој е обврзан со едно од правилата за работна дисциплина, при постојаните проверки над работењето на лицата над кои е одговорен во случај на повреда постапката да ја иницира.

Дисциплинската постапка може да биде иницирана и од Секторот за професионална одговорност, како и од јавувањата на отворената линија 197.

Царинската управа воспостави постојани контакти со судовите и органите на прогон, како и Министерството за внатрешни работи, преку размена на информации за вработените за кои постои основано сомнение дека извршиле недозволени дејствија во службата или поврзани со службените овластувања. По спроведени истраги од соодветното Одделение, информацијата се проследува до непосредниот раководител заради покренување на дисциплинска постапка.

Во вакви случаи покрај дисциплинската одговорност, независна е и постапката пред надлежните судови каде што се утврдува кривичната одговорност на царинскиот службеник.

Царинската управа има воспоставено евиденција за овој вид на покренати дисциплински постапки.

Како надлежен орган за водење на дисциплинската постапка за царинските службеници кои се униформирани или имаат посебни должности и овластувања е Дисциплинска комисија, која ја формира Директорот. Во текот на дисциплинската постапка присуствува преставник на Синдикатот кој по завршување на постапката, доставува писмено мислење.

Во дисциплинската постапка на царинскиот службеник му е дозволена правна помош од Синдикатот или друго лице.

Дисциплинската комисија утврдува одговорност на работникот и доставува писмен предлог до Директорот. По Одлуката на Директорот во колку е поднесена жалба од страна на царинскиот службеник, одлучува Второстепена комисија при Влада на Република Македонија. По Одлуката на оваа Комисија предвидена е и судска заштита пред надлежен суд.

Царинскиот службеник може да биде суспендиран од работното место и од Царинската управа, доколку постои основано сомневање дека го злоупотребил своето работно место; кога против него е покрената кривична постапка за кривично дело сторено на работа или во врска со работа; му е одреден притвор; непосредно го загрозува животот и здравјето на работниците или други лица или се оштетуваат средствата од поголема вредност; присуството на работа и понатамошната работа штетно ќе се одрази врз работењето на Царинската управа; го осуетува или го оневозможува утврдувањето на одговорноста за повреда на работните обврски.

На суспендираниот царински службеник му се одзема службената легитимација, факсимил, униформа и други средства кои му се доверени за вршење на работата.

Суспендирањето трае се додека трае причината за суспендирањето, односно до завршување на кривичната и/или дисциплинска постапка.

За времетраењето на суспензија на царинскиот службеник му следува 60% од основната плата, а во случај на враќање на работа му се надоместува до 100% од платата.

2. Дисциплинска постапка заради незадоволителни резултати од работа.

Ако во тековниот месец работникот искаже незадоволителни резултати не посредниот раководител подготвува извештај за неговата работа која не задоволува и истиот му се доставува на работникот со писмено укажување и предупредување да го подобри своето работење во наредниот месец. Доколку работникот по истекот на 30-те дена не го подобри работењето, а нема оправдани причини за таквото работење се изготвува писмен и образложен предлог за покренување на постапка за утврдување на одговорност. Предлогот му се врачува на работникот кој е должен да се произнесе по истиот. Предлогот се доставува и до Синдикалната организација од која се бара писмено мислење. Целокупниот предмет се доставува до Директорот која ја покренува дисциплинската постапка.

3. Дисциплинска постапка заради недостаток на знаење и способности за извршување на работата.

Во колку на работникот му се обезбедени еднакви услови за извршување на работата како и на другите работници кои работат на исти работи, а непосредниот раководител ја следи работата на работникот и оцени дека работникот нема знаење и способности, го известува работникот дека е отпочната постапка за утврдување на неговите знаења и способности за вршење на работите на работното место на кое е распореден. Известувањето се доставува и до основната организација на Синдикатот. Работникот има право на увид во постапката со право на изјаснување. Целокупната документација непосредниот раководител ја доставува до Директорот на Царинската управа кој формира Комисија за давање на оценка за способноста на работникот. По дадената оценка од страна на Комсијата, Директорот донесува соодветно решение.
Царинската управа редовно ја информира јавноста за спроведените постапки и изречените дисциплински мерки.

Во царинската управа постојат 2 вида дисциплински мерки:

1. Престанок на работен однос со отказ;

2. Парична казна до 15% од месечната плата на работникот во траење од 1 до 6 месеци.

Во зависност од степенот на одговорноста на царинскиот службеник, условите под кои е направена повредата на работните обврски, поранешната работа и однесување на царинскиот службеник, тежината на повредата и нејзините последици, Директорот на Царинската управа отказот на работникот може да го замени со парична казна.

За вработените во Царинската управа со статус на државни службеници дисциплинската одговорност, дисциплинските мерки и дисциплинската постапка се води во согласност со Законот за државни службеници.

10. Дали постојат расположиви статистички податоци за бројот и видовите на дисциплински случаи кои биле спроведени во последните 3 години?

Од формирањето на Царинската управа, во Одделението за кадрови воспоставена е евиденција на дисциплинските постапки.

Врз основа на овие статистички податоци се подготвуваат извештаи и анализи.

Во последните 3 години покренати се вкупно 208 дисциплински постапки.

Изречени се 44 престанок на работен однос со отказ, 120 парични казни, 36 донесени одлуки за запирање на дисциплинската постапка или е отфрлен предлогот за дисциплинската постапка.

По видови на изречени се следните казни:



2001 година

Дисциплински мерки

Број

Престанок на работен однос со отказ

5

Парични казни:




30% од л.д. во траење од 1 месец

8

15% од л.д. во траење од 1 месец

12

10% од л.д. во траење од 1 месец

1

15% од л.д. во траење од 6 месеци

2

Вкупно парични казни:

23

Вкупно покренати дисциплински постапки:

28

Мерка суспендирање од работно место - 5



2002 година

Дисциплински мерки

Број

Престанок на работен однос со отказ

11

Парични казни:




15% од л.д. во траење од 3 месеци

2

15% од л.д. во траење од 6 месеци

6

Вкупно парични казни:

8

Вкупно покренати дисциплински постапки:

27

Мерка суспендирање од работно место - 5



2003 година

Дисциплински мерки

Број

Престанок на работен однос со отказ

22

Парични казни:




15% од л.д. во траење од 1 месец

2

15% од л.д. во траење од 2 месеци

5

15% од л.д. во траење од 3 месеци

8

15% од л.д. во траење од 6 месеци

61

Вкупно парични казни:

76

Донесени одлуки за запирање на дисциплинската постапка или е отфрлен предлогот за дисциплинската постапка

15

Вкупно покренати дисциплински постапки:

113

Мерка суспендирање од работно место - 4



2004 година

Дисциплински мерки

Број

Престанок на работен однос со отказ

6

Парични казни:




15% од л.д. во траење од 3 месеци

4

15% од л.д. во траење од 6 месеци

9

Вкупно парични казни:

13

Донесени одлуки за запирање на дисциплинската постапка или е отфрлен предлогот за дисциплинската постапка

21

Вкупно покренати дисциплински постапки:

40

Мерка суспендирање од работно место – 3




1   ...   41   42   43   44   45   46   47   48   ...   51


©netref.ru 2017
әкімшілігінің қараңыз

    Басты бет