Правда и внатрешни работи


Дали за одредени активности се користи специјално обучен професионален персонал?



бет5/51
Дата02.05.2016
өлшемі6.72 Mb.
1   2   3   4   5   6   7   8   9   ...   51

7. Дали за одредени активности се користи специјално обучен професионален персонал?

Во Република Македонија во тек е процесот на пренесување на надлежноста на обезбедување на државната граница од Министерството за одбрана на Министерството за внатрешни работи (поопширно објаснето во прашање број 1 од Дел А - Надворешни граници, поглавје 24). Контролата на преминување на државната граница и престој во граничниот појас надвор од населените места и граничните премини заради спречување на неовластено преминување на државната граница и повреди на граничната линија каде пренесувањето на надлежноста се уште не е извршено (север и запад) е во надлежност на Армијата на Република Македонија, која оваа активност ја извршува преку соодветно обучени припадници на Граничната бригада.

Граничната бригада располага со посебен персонал од следните категории:


  • Офицерски и подофицерски персонал за раководење од најниско до највисоко ниво;

  • Војници граничари (водичи на патроли, водичи на службени кучиња, возачи на теренски моторни возила, ракувачи на оптичко елетронски системи) за наменски дожности;

  • Професионални ракувачи на радарски системи;

  • Професионални врскари и други.

Офицерскиот персонал од понизок ранг раководи со обезбедувањето директно на теренот и е непосредно одговорен. Поради специфичностите во одредени ситуации и реони како водичи на патроли се одредуваат офицери во чии придружби (членови на патрола) се војници и професионални војници, Граничната бригада располага со современ радарски систем АСКАРАТ и опитчки електронски средства за набљудување и извидување. За ракување со нив обучени се професионални лица. Офицерскиот персонал од повисок ранг е стациониран во команди на батаљони и бригади кои раководат преку непосредните извршители во обезбедувањето на државната граница, а во одредени ситуации и директно. Командите на бригадите и батаљоните се состојат од штабови (секции) по специјалности за одредени проблематики (персонална секција, секција за безбедност и разузнавање оперативна секција, секција за логистичка подршка, секција за односи со јавноста, секција за врски и секција за финансиска проблематика). Офицерскиот персонал е со соодветно образование и е специјално обучен за одредени дејности во секциите. Задолжително е следење на сите хиерархиски скалила во кариерата т.е. не се можни поголеми унапредувања, во смисла на преминување на две, три нивоа. Пред приемот на должност и во текот на работата овој персонал постојано се обучува низ одредени курсеви и семинари.

Персоналот од граничната бригада е обучуван од НАТО инструктори и секој нејзин припадник поседува одредена воено евиденциска специјалност.

Контролата на јужната и источната граница ја врши Одделот за гранична полиција на Министерството за внатрешни работи. Во овој Оддел, за еден работник да биде распореден на одредено работно место потребно е да ги исполнува условите пропишани за извршување на работите и работните задачи содржани во Правилникот за систематизација на работните места.

Овластени службени лица кои работат на аеродромите и извршуваат задачи од областа на противдиверзионата заштита, оспособени се за вршење на противдиверзиона заштита преку обуки, семинари и работилници организирани и спроведени од Министерството за внатрешни работи.

На граничните премини, контролата на преминувањето на државната граница ја извршуваат професионално обучени овластени службени лица за откривање на фалсификувани патни документи. За таа цел во организација на Мисијата ПРОКСИМА на сите гранични премини реализирани се повеќе курсеви за откривање на фалсификати и трговија со луѓе.

На граничните премини и граничните полициски станици се користат службени кучиња за откривање на дрога и експлозив и кучиња за заштита. Во граничните полициски станици повеќе се користат кучиња за заштита така што во секоја станица има по најмалку две заштитни кучиња со исто толку обучени водичи на кучиња. На граничните премини се користат кучиња за откривање на дроги и експлозив. Овластените службени лица-водичи на службени кучиња имаат завршено курс за водич на службено куче. Водачите на заштитни кучиња еднаш годишно вршат редресура на кучињата во посебен центар за обука, а водачите на службените кучиња за откривање на дроги и експлозив истата ја вршат еднаш во два месеци. Воедно, континуирано се врши тренинг на кучињата.

На граничните полициските станици и на граничните премини се спроведува посебна програма за воведување во работа на новопримените полицајци како и полицајците кои се распоредени од други организациони единици.

Контролата на границата на езерските води ја извршуваат овластени службени лица кои се соодветно обучени за извршување на оваа должност. На Охридското Езеро, Преспанското Езеро и Дојранското Езеро има 28 овластени службени лица кои управуваат со 6 патролни чамци. Овие службени лица имаат положено испит во Езерската Капетанија во Охрид, за што им е издадено Уверение за оспособеност за управување со чамец.

Исто така, пред да се започне со употреба на ново средство за работа (теренско моторно возило, мотоцикли, пловни објекти, оптичко-електронски системи итн.) неопходно е овластеното службено лице да заврши основна или дополнителна обука со цел негово оспособување за работа со средството. За секоја гранична полициска станица оспособени се по 4 возачи на теренски моторни возила и по 5 возачи на мотоцикли.

Неопходно е да се напомене дека паралелно со спроведување на разновидните обуки, секојдневно се следи спроведувањето и почитувањето на прописите, методологијата на работа и етиката на постапување, заради правилно насочување на сите видови активности поврзани со државната граница.

Согласно позитивните законски прописи, процесирањето на легалните стоки и откривањето на нелегалните стоки преку државната граница се извршува од страна на специјално обучени припадници на Царинската управа.

Согласно плановите и програмите на Одделението за обуки и Стратешкиот план на Царинската управа на Република Македонија 2004 - 2008, а заради поуспешно изведување на своите задачи за одредени царински службеници се планираат и изведуваат специјализирани обуки за одредени области .

Царинските службеници кои се распоредени на аеродромите се обучени за користење на ренген апарати и се оспособени за извршување на задачите на заштитен преглед на патници и рачен багаж.

Царинската управа има обучени царински инспектори водичи на кучиња во состав на Одделението за мобилни тимови. Инспекторите ја имаат поминато обуката во 2000 - та година во еден во обучните центри во Германија, а во тек е обука во Турција

Исто така, царинските инспектори од мобилните тимови како и царински службеници од пофрекфентните гранични премини во текот на 2004 година се снабдени со Вапор Трејсери - електронски апарати кои преку анализа на честичките детектира присуство на честитки на дрога за кои уреди е спроведена соодветна обука.

Изградбата на системот за заштита од недозволен внес на нуклеарни и радиоактивни материјали во Република Македонија започна уште во текот на 2000 година, кога и беше донесена одлуката за воспоставување на еден ваков систем во државата. Од најразлични извори беа обезбедени средства за набавка на стационарни детектори за радиоактивност за поставување на граничните премини и за набавка на рачни детектори за лоцирање на радиоактивниот извор.

Со помош на Мегународната Агенција за Атомска Енергија од Виена, реализиран е проект за надградба на постоечката опрема на еден граничен премин со неутронски детектор, поставување на видео камера за регистрирање на алармот и поврзување на двата сигнала и нивно презентирање на видеодисплеј. Царинската управа во соработка со оваа организација во 2002 година во Охрид организираше и регионален семинар на тема „Недозволена трговија на нуклеарни и радиоактивни материјали“.

Во изминатиот период спроведена е обука на сите царински работници кои работат на граничните премини со цел добивање на основно познавање за радиоактивноста и првично реагирање во случај на аларм. Спроведена е и едномесечна обука - тренинг за тренери на тројца царински работници во Руската Царинска Академија во Санкт Петерсбург.

Во моментов, Царинската управа поседува 22 стационарни детектори за радиоактивност поставени на 11 гранични премини. Со тоа се покриени сите гранични премини каде што има увоз на стока, освен железничките премини. Исто така има и 23 рачни детектори со чија што помош може да се лоцира радиоактивниот извор и да се одреди неговата доза на зрачење и доколку е потребно да се побара соодветна помош од Одделението за радиоактивна заштита кое се наоѓа во склоп на Министерството за здравство. На два гранични премина се инсталирани детектори за неутронско зрачење.

Во иднина се предвидува надградба и на останатите детектори со канал за неутронско зрачење и поврзување на сите детектори со конролен центар во Царинската управа во Скопје како и спроведување на соодветни обуки.

Во текот на 2003 и 2004 се спроведени семинари за обука за борба против распостранување на оружје за масовно уништување .

Исто така се спроведени обуки за зачувување на озонската обвивка како и за ракување на инструменти за контрола на ладилни флуиди.

Во рамките на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (како еден од авторитетите надлежни во управувањето со границите), ветеринарно- санитарниот преглед и контрола на граничните премини при увоз, извоз и транзит на пратки од животинско потекло го извршуваат ветеринарните инспектори на граничен премин. Ветеринарен инспектор на граничен премин може да биде доктор по ветеринарна медицина со положен стручен испит и најмалку две години искуство во областа. Овие работници имаат статус на државен службеник и согласно одредбите од Законот за државни службеници („Службен весник на Република Македонија“, бр. 59/00, 112/00, 34/01, 103/01, 43/02, 98/02, 17/03, 40/03 85/03 и 17/04) и Законот за ветеринарно здравство („Службен весник на Република Македонија“ бр. 28/98), се врши континуирано стручно усовршување и едукација.

Покрај наведеното, во службите на Министерството за здравство, како на пример, Државниот санитарен и здравствен инспекторат, Дирекцијата за храна и Бирото за лекови, постои посебен инспекциски дел кој добива постојана специјализирана едукација. Активностите на тие служби се координирани од одговорни лица од Царинската управа.




Достарыңызбен бөлісу:
1   2   3   4   5   6   7   8   9   ...   51


©netref.ru 2019
әкімшілігінің қараңыз

    Басты бет