Правда и внатрешни работи



жүктеу 6.72 Mb.
бет7/51
Дата02.05.2016
өлшемі6.72 Mb.
1   2   3   4   5   6   7   8   9   10   ...   51
:

9. Што е направено за да се обезбеди доволно обука? Колку време трае основната обука за извршување на работите на граничната полиција и која е содржината на тие програми за обука? Дали постојат конкретни модули на обука (и кои се темите?)

Согласно Законот за Полициската Академија („Службен весник на Република Македонија“, бр. 40/03), основната обука за полицаец трае 12 месеци од кои три месеци се предвидени за практична обука на терен, а специјалната обука и обуката за раководење во подрачја на безбедноста (менаџмент во безбедноста) траат зависно од нивните содржини, но не повеќе од 12 месеци.

Имајќи го во предвид фактот што во Република Македонија во тек е процесот на пренесување на надлежноста на обезбедување на државната граница од Министерството за одбрана на Министерството за внатрешни работи, како и договорот помеѓу овие министерства за превземање на определен број на припадници на Армијата на Република Македонија од страна на Министерството за внатрешни работи, за овие лица се спроведува основна дообука, со цел нивно оспособување за извршување на полициските работи во граничната полиција. Времетраењето на курсот за основна полициска обука за припадниците на Армијата на Република Македонија од средно и ниско ниво (професионални војници, подофицери, цивилни лица и помлади офицери) изнесува три месеци, а за повисоко ниво (офицери на раководни должности), два месеци. Наведените курсеви се организираат само за припадниците на Армијата на Република Македонија кои во изминатиот период биле ангажирани за извршување на задачи за обезбедување на државната граница или на други сродни должности во Армијата Република Македонија.

Заклучно со шести август 2004 година, реализирани се два курса за основна полициска обука за персоналот кој беше трансфериран од Армијата на Република Македонија во Министерството за внатрешни работи, за потребите на Граничната полиција. Содржината на програмата за обука се состои од следните модули-теми:



1. Општа полициска подготовка:

  • Полициска работа во демократско општество;

  • Интегритет и етичко однесување - полициски кодекс;

  • Правила за начинот на однесување и меѓусебните односи на работниците со посебни должности и овластување во МВР;

  • Полициска работа во мултиетничко општество , свесност за дискриминација;

  • Човековите права преку декларацијата на ООН, но и во одредбите во уставот на Република Македонија;

  • Свесност за разлики;

  • Партнерство меѓу полицијата и заедницата;

  • Психологија на личноста;

  • Психолошки карактеристики на екстремни ситуации и однесување во такви ситуации;

  • Емоции во екстремни ситуации (афекти, стресови);

  • Посматрање како психолошка метода;

  • Осети, перцепции и аномалии на истите;

  • Извори на фрустрации во полициска средина;



2. Правно – криминалистички:

  • Уставна рамка;

  • Закон за внатрешни работи;

  • Правила за вршење на работите во МВР;

  • Закон за преминување на Државната граница и движење во граничниот појас;

  • Закон за движење и престој на странци;

  • Закон за патни исправи;

  • Правилник за решавање на гранични инциденти,

  • Посебни меѓународни (билатерални) договори на Република Македонија со соседните, но и други држави;

  • Закон за кривична постапка;

  • Кривичен законик;

  • Кривично дело - трговија со луѓе;

  • Кривични дела - недозволена трговија со оружје, дрога, акцизни стоки и сл.;

  • Кривични дела - кражба, разбојничка кражба, разбојништво;

  • Кривични дела против животот и телото, против половата слобода и моралот;

  • Криминалистичко-техничка обработка на местото на настанот;

  • Материјални докази - корпораделикти;

  • Индиции;

  • Закон за азил и привремена заштита;

  • Европско право:

  • историски развој на ЕУ и неговото значење за граничната полиција;

  • институции и органи на ЕУ;

  • правни акти на ЕУ кои се означени за гранична полиција;

  • шенгенски информационен систем;

  • право на азил - бегалци во ЕУ.

3. Полициско постапување:

  • Преживување - вештина за опстанок и безбедност;

  • Практична примена (постапување) на овластувањата;

  • Оперативно-тактички мерки и нивна примена (практични сценарија);

  • Истражни дејствија - на увид на местото на настанот, претрес и нивна примена (практични сценарија);

  • Полициски бележници, обрасци - формулари - практични вежби за нивно пополнување и изработка;

  • Одговор - постапка на полицијата при нарушување на јавниот ред и мир од поединци и групи;

  • Одговор - постапување на полицијата при илегален премин на државните граници од поединци и групи;

  • Контрола на влез и излез на лица и возила на граничен премин;

  • Присилно запирање на лица и возила;

  • Апсење - лишување од слободата на малолетни и возрасни;

  • Легитимирање - проверка на идентитет - криминалистички опис на лица;

  • Спроведување на лица во разни услови;

  • Прибирање на информации - криминалистичко разузнување;

  • Тактика и техника на водење на разговори - со жртва, со сторител, со сведоци (со возрасни и малолетни);

  • Индициите како основ за сомневање;

  • Трагите и предметите како корпораделикти.



4. Одбранбени полициски техники:

а) Самоодбрана:



  • Борбени ставови и движења во истите;

  • Техники на транспорт на лица (спроведување) - од стоечки, седечка и лежечки положби;

  • Удари со рака и нога, блокирање - комбинации и на блокади и удари;

  • Техника на паѓање;

  • Одбрана од невооружен напаѓач (од удари, од држење, од гушење, од туркање, од фрлања и сл.);

  • Одбрана од вооружен напаѓач (со нож, со пиштол, со мотка и сл.);

  • Одбранбени техники со палка;

  • Примена на одбранбени техники во ситуација;

  • Начини на врзување на лица (без пружање на отпор и при совладување на отпор);

б) Ракување и употреба со лично и формациско вооружување:

  • Обука за ракување и употреба со АП М70/70А кал. 7,62 мм;

  • Обука за ракување и употреба со пиштол ЦЗ-99 кал. 9 мм;

  • Гаѓање со АП М70/70А кал. 7,62 мм;

  • Гаѓање со пиштол ЦЗ-99 кал. 9 мм.



Курсот организиран за персоналот од повисоко ниво, а кој трае два месеци, во програмата за основна полициска обука го содржи и модулот Раководење во функција на подобрување на полициската работа - менаџмент со следните содржини:

    1. Вовед во управувачки техники - улога на менаџментот;

    2. Обликување, доградба и реорганизација на структурата на полицијата;

    3. Организација на работата на полицијата - елементи на полицијата;

    4. Управување и раководење со организацијата;

- раководење во полицијата;

- решавање на проблеми во организацијата;



    1. Програмирање и планирање на полициска работа;

    2. Користење на одредени средства и методи во оперативното работење - информатор, соработник, оперативна информација, евидентирање, користење и чување.

Покрај наведените содржини, во текот на 2004 година во организација и со поддршка на партнерските организации (ОБСЕ, ЕУ и Женевскиот центар за демократска контрола на вооружените сили) за потребите на персоналот од граничната полиција реализирани се курсеви и семинари за:

  • Борба против трговија со луге,криумчарење и илегална миграција;

  • Меѓународни стандарди за човековите права;

  • Постапка и критериуми за определување на статус на бегалец;

  • Откривање и идентификација на незаконски дроги;

  • Иницијален одговор за оружје за масовно уништување;

  • Откривање на фалфификувани патни исправи и визи;

  • Човаковите права и слободи и полициската функција во демократското општество;

  • Работа со документи, тестови и апарати за наркотички средства и експлозивни направи;

  • Семинари за менаџмент обука и други.



Поради специфичностите на граничното работење постои и посебна програма за воведување во служба на новопримените полицајци.

Од голема важност е да се наведе и фактот дека покрај основната, се реализираат и разновидни специјалистички обуки, неопходни за ефикасно извршување на работните задачи.





1   2   3   4   5   6   7   8   9   10   ...   51


©netref.ru 2017
әкімшілігінің қараңыз

    Басты бет