Правда и внатрешни работи


На кој начин управувањето со вашите граници е поддржано со разузнавачки податоци?



бет13/51
Дата02.05.2016
өлшемі6.72 Mb.
1   ...   9   10   11   12   13   14   15   16   ...   51

20. На кој начин управувањето со вашите граници е поддржано со разузнавачки податоци?

Во составот на Министерството за внатрешни работи и на Царинската управа на Република Македонија (надлежни субјекти во управувањето со границата) функционираат организациони облици од областа на разузнавањето.

Во Министерството за внатрешни работи активности од наведената област се превземаат на локално, регионално и централно ниво.

Така, во рамки на Одделот за Гранична полиција, а во состав на Секторот за операции, како еден од сегментите на граничното управување постои и функционира Одделение за разузнавање.

Истото врши поддршка на граничното обезбедување со разузнавачки податоци, сознанија и известувања за лица, групи и организации како од земјата така и од странство, за кои постои основaно сомневање дека се вклучени или спроведуват разузнавачка, терористичка и друга противуставна дејност.

Одделението за разузнавање со примена на разновидни разузнавачки оперативно-технички методи и средства, прибира податоци, сознанија и известувања од надлежност и интерес на Граничната полиција, истите ги обработува и во облик на разузнавачки производ ги дистрибуира до надлежните органи заради правовремено планирање и преземање на соодветни оперативни мерки и активности.

На регионално ниво, во Регионалните центри, организирани се и функционираат Одделенија за разузнавање, со задача да со примена на легални средства и методи прибирааат податоци и сознанија и истите ги доставуваат на веќе наведеното Одделение при Одделот за Гранична полиција.

Во однос на начинот на собирање на информациите (согласно хиерархијата), првичните податоци и сознанија се собираат од самите органи за обезбедување на државната граница - лица вработени на премините и граничните полициски станици (на локално ниво).

По приемот на информациите, стручните служби вршат нивна анализа и ангажираат лица за проширување и потврдување на тие сознанија како и доставување на истите до службите надлежни за преземање на соодветни мерки, односно попречување на очекувани гранични инциденти. Бидејќи се работи за широк спектар на информации, по извршените анализи истите се доставуваат и до сродните разузнавачки служби во другите институции во системот заради запознавање или преземање на мерки од нивна надлежност.

Заради потреба од заедничко и координирано делување со останатите сродни служби од државните институции во одредени оперативни активности, а со цел откривање и спречување на противуставни дејствија, покрај размена на разузнавачки податоци и информации помеѓу разузнавачки органи во соодветните државни служби, постои и потреба од размена на истите со разузнавачките служби на соседните држави. Така, вршејќи задачи од својот делокруг на работа дел од информациите се добиваат од разузнавачките офицери на армијата, но и од странските разузнавачки служби (при работни средби).

Секторот за контрола и истраги преку Одделението за разузнавање во Царинската управа на Република Македонија, врши поддршка на граничните премини со разузнавачки податоци за лица, товарни средства, компании и сомнителни стоки, а за кои постои одредено сомневање .

Одделението за разузнавање, во рамките на Секторот за контроли и истраги е задолжено за собирање и дистрибуција на разузнавачки податоци од и до граничните премини. Царинската територија на Република Македонија е поделена на пет региони во кои делуваат и два тима на дистрибуирани локални разузнавачки офицери (регионите Битола и Гевгелија). Информациите поврзани со нелегални активности на граничните премини се проследуваат до Одделението со излезни и влезни разузнавачки формулари (кои се достапни на службите за спроведување на законот и царинските службеници на граничните премини), директно, преку Локалните разузнавачки офицери или Дежурниот оперативен центар. Исто така во Дежурниот оперативен центар постои Отворена царинска линија на која 24 часа можат да се доставуваат информации од граѓаните, а истовремено и да се проследат информации до надлежните служби за извршување на оперативни акции.

Одредени оперативни информации и дејствија се координирани и со останите служби за спроведување на законот надвор од Царината, а исто така преку Одделението за разузнавање се врши размена на информации и со разузнавчките служби на некои од соседните држави со кои е воспоставена добра соработка.

21. Како е уредено собирањето на информации, нивната анализа и дистрибуција?

Подрачните организациони единици се должни податоците за сторените кривични дела и други недозволени активности, како и за појавите од оперативно и друго безбедносно значење да ги внесуваат во централниот информационен систем на Министерството, а дел од податоците да ги изработуваат на мануелен начин. Прибирањето и обработувањето на информациите и податоците од страна на граничните полициски станици и граничните премини се врши на локално ниво и истите обработени се доставуваат на регионално и централно ниво. На регионално ниво, понатамошната обработка и анализа на иформациите и податоците се врши од страна на стручните служби, кои овие податоци ги доставуваат до надлежните служби на централно ниво, а истовремено ги доставуваат и на локално ниво, со што се врши меѓусебна размена на иформации и податоци. Крајно обработените информации и податоци од страна на стручните служби на централно ниво, се дистрибуираат на надлежните служби на централно ниво, како на регионално и локално ниво,со што е овозможен континуиран проток на информации.


Одделот за гранична полиција ги собира и користи информациите во рамките на воспоставениот систем на известување на Министерството за внатрешни работи. (За Информациониот систем на Министерството за внатрешни работи на Република Македонија види прашања 20, 23 и 27 од Поглавје 24, оддел Г, Полициска соработка).
Со интерниот акт „Упатство за задолжително известување за безбедносни појави, настани и случаи од интерес за Републиката“ утврдени се безбедносните појави, случаите и состојбите за кои подрачните организациони единици на Министерството за внатрешни работи, се должни да ги известуваат надлежните служби во Министерството, како и начинот на нивното известување.
Од обработените безбедносни настани во рамките на централниот информационен систем може да се презентираат податоци за период од три, шест, девет месеци и годишни податоци. Врз основа на вака обработените податоци се изработуваат проблемски информации, аналитички согледувања, осврти и други документи кои служат за следење на безбедносната состојба во земјата заради превенција и откривање на кривичните дела и сторители.
Во зависност од итноста на информацијата известувањето се врши преку говорни пораки (телефонски и радио системи) и неговорни пораки (факс, е-маил пораки и преку систем за пренос на заштитени пораки). Формата на известувањето е во вид на телеграма, извештај, службена белешка, информација.
Дистрибуцијата претставува процес на доставување и давање на информации и податоци на крајните корисници, во форма разбирлива за корисникот и во време во кое корисникот треба да подготви и донесе неопходни одлуки.
Дистрибуцијата се реализира преку лични контакти и физичко доставување на пишувани материјали, оптички дискови, дискети, факс пораки, видео ленти, разни извештаи.
Во процесот на дистрибуција се применуваат мерки за заштита на тајноста на информациите и податоците. Процесот на дистрибуција постојано се проценува и приспособува кон современите потреби со цел да се обезбеди што побрзо информирање и добивање повратни информации и барања.
Размена на податоци и информации од аспект на безбедноста на државната граница во смисла на спречување и откривање на недозволени активности како што се шверцот со оружје, дрога, недозволена трговија со луѓе се врши редовно во координација со Министерството за одбрана и Царинската управа, по што се преземаат и организираат мерки за спречување на истите.
Во Министерството за одбрана информациите и податоците од безбедносно и разузнавачко значење од структурата на граничните единици се дистрибуираат до безбедносниот орган или компонента на Г-2 во АРМ и како производ се доставуваат до Секторот за безбедност и разузнавање каде што се врши анализа и се користат за соодветни проценки заради предлагање на одредени безбедносни мерки. Врз основа на веќе анализирани можни ситуации како насоки од Секторот за безбедност и разузнавање се доставуваат до Г-2,односно граничните единици за преземање на соодветни мерки. По оценка и потреба се разменуваат со другите безбедносни служби во Републиката.
Во Царинската управа во 2003 година е оформен Секторот за контроли и истраги и согласно препораките на Мисијата на Европската комисија CAFAO-МАК, од почетокот на 2003 година работи и Одделението за разузнавање. Во ова Одделение се обработуваат информации поврзани со нелегалните активности при транспортот и трговијата со стоки. Информациите се собираат и дистрибуираат на специјални разузнавачки формулари, кои се наменети за службите за спроведување на законот, како и царинските службеници во другите одделенија. Информациите од граѓаните поврзани со шверц и корупција се собираат преку отворената царинска линија, во рамките на Дежурниот оперативен центар. Р Македонија од 1998 година е членка на РИЛО за Источна Европа и преку CEN ( Customs Enforcment Network ) врши размена на информации и комуникација со останатите царински служби, посебно на службите за спроведување на законот.
Секторот за контрола и истраги учествува и во размената на информации со информацискиот систем со 24-часовен режим BALKAN -INFO по однос на лица, фирми, превозни средства и товари под сомнение за незаконски промет со наркотични супстанци. Овие информации по извршена проценка и анализа се складираат во Разузнавачка база на податоци во рамките на Одделението за разузнавање и согласно од видот на информацијата се дистрибуираат на надлежните служби во Царината и надвор од неа заради понатамошни оперативни активности.
Одделението за разузнавање врши размена на информации со соседни држави, како и со канцеларии за врски од регионален карактер. Анализата на информациите се прави преку анализа на информациите од Разузнавачката база на податоци, ASYCUDA -софтвер за царинска обработка на податоци, одредени интернет WEB страници на релевантни служби и институции. За изработка на одредени стратешки анализи се користи аналитичкиот софтвер ANALYST NOTEBOOK.

22. Опишете ги начините за проценка на ситуацијата и способноста за реагирање на зелената и сината граница. Дали е нивото задоволително во однос на анализата на можните закани? Кои би биле главните подрачја за развој во оваа насока?

За успешно обезбедување на државната граница Одделот за Гранична полиција врши постојана проценка на ситуацијата. Проценката на ситуацијата произлегува од континуираното следење, проучување и познавање на состојбата во граничното подрачје, како и усогласување на сопствените проценки со проценките на некои од авторитетите кои имаат надлежности околу обезбедувањето на државната граница (Министерството за одбрана, Министерството за образование и наука, Министерството за надворешни работи, Министерството за финансии - Царинска управа, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Министерството за здравство, Министерството за транспорт и врски и Министерството за животна средина и просторно планирање). Проценката на ситуацијата која ја врши Граничната полиција начелно опфаќа 3 сегменти и тоа топографско-географска проценка, тактичко -оперативна проценка и безбедносна проценка. Во рамките на топографско - географската проценка се анализираат општите карактеристики на географскиот простор како што се релјефните, хидрографските и вегетационите карактеристики на просторот, демографските карактеристики и населбите, комуникациите и нивната состојба и економските карактеристики на просторот. Во рамките на тактичко-оперативната проценка се анализираат силите кои ја обезбедуваат границата на соседната држава, како и евентуалните правци погодни за нелегални минувања и начините на нивно оперативно затворање. Во рамките на безбедносната проценка се анализира населението и објектите (стопански, телекомуникациони и др.), кои се интересни и важни, а се наоѓаат во граничното подрачје и можат да претставуваат цел на одредени терористички организации.

Способноста на Граничната полиција да реагира и на зелената и на сината линија врз основа на проценката на ситуацијата е сеуште ограничена бидејќи Граничната полиција сеуште се екипира како со персонал така и со технички средства, моторни и пловни средства кои се неоходни за што поефикасно обезбедување на државната граница. На зелената линија, Граничната полиција обезбедувањето го врши претежно со пешачки патроли и застарена опрема за набљудување, но во иднина по опремувањето со современи технички средства за набљудување и моторни возила во обезбедувањето на државната граница ќе бидат вклучени и мотопатроли, патроли на мотоцикли и патроли на моторни санки. На сината линија, односно обезбедувањето на државната граница на трите природни езера се врши со пловни објекти – опремени глисери. Само на Охридското Езеро има глисери кои се опремени со GPS, со сонди и има еден крајбрежен радар со домет од 4 км.

Главните подрачја за развој во насока на соодветно преземање на мерки и активности според проценката на ситуацијата и анализата на можните закани при обезбедувањето на државната граница би биле:



  • Изградба на комуникациска мрежа за полесен пренос на информации;

  • Екипирање на Граничната полиција со професионален персонал;

  • Опремување на Граничната полиција со софистицирана опрема за обезбедување на државната граница;

  • Опремување на Граничната полиција со моторни и пловни средства;

  • Обележување на граничната линија на езерата со пловки (сина линија);

  • Подобрување на состојбата на инфраструктурата во граничните подрачја.



23. Со каква опрема располага граничната полиција? Дали постојат било какви поголеми недостатоци во инфраструктурата или опремата од аспект на поставеноста за или организацијата на проверките на граничните премини?

На повеќе гранични премини граничната полиција располага со следната опрема (опремата е поопширно разработена во Поглавје бр.24, Дел А - Надворешни граници, прашање број 27) :



  • Компјутери;

  • Читачи на патни исправи;

  • Доку тестови, детектори за откривање на присуство на дрога и експлозиви;

  • Детектори за откривање на радиоактивни материи;

  • Детектори за откривање на шуплини;

  • Терминалски приклучок на централниот информативен систем на МВР.



Граничните премини за воздушен сообраќај покрај со претходно наведената опрема располагаат и со:

Граничните полициски станици кои вршат надзор на државната граница, располагаат со:

  • Патнички моторни возила;

  • Теренски моторни возила;

  • Пловни објекти за надзор на плавата граница;

  • Оптоелектронски уреди за дневно и ноќно надгледување и во посебни случаи се користи и хеликоптер кој е во состав на хеликоптерската единица во рамките на Министерството за внатрешни работи. Повеќето од средствата со кои располагаат Граничните полициски станици се застарени и во мал број.



На Граничните полициски станици недостасува: компјутерска опрема, моторни возила, пловни средства, оптоелектронски средства за дневно и ноќно набљудување, термоуреди за откривање и друго.

Во делот на опремата (генерално) недостасуваат: централно компјутерско поврзување со цел брза размена на податоци, CO2 детектори, софистицирани уреди и опрема за обезбедување на државната граница и за откривање на фалсификувани документи и слично.

Постојат и одредени недостатоци во делот на инфраструктурата, поточно дел од објектите на граничните премини сеуште се од монтажен карактер.

24. Ве молиме дадете информации за нелегални гранични премини кои се користат за локален сообраќај (наведете подрачја).

Согласно член 9 од Законот за преминување на државната граница и движење во граничен појас („Службен весник на Република Македонија“, бр. 36/92, 11/94 и 19/04), граничниот премин го определува Владата на Република Македонија, во согласност со меѓународен договор. Во Република Македонија постојат вкупно дваесет гранични премини. Во член 8 од наведениот закон утврдено е дека:

Граничниот премин може да биде отворен за вршење на меѓународен сообраќај, за меѓудржавен сообраќај и за вршење на пограничен сообраќај.

Согласно наведеното, дополнително во 2003 година во Националната стратегија за интегрирано гранично управување направена е класификација на граничните премини, со која истите се определени како гранични премини од прва, втора и трета категорија. Режимот на преминувањето на државната граница на Република Македонија е регулиран со Законот за преминување на државната граница и движење во граничен појас. Во член 7 од овој закон е утврдено дека државната граница може да се преминува само на граничен премин со важечка патна исправа и во време определено за сообраќај како и тоа дека границата може да се преминува надвор од граничниот премин само во случај на виша сила или врз основа на меѓународен договор.



Секое преминување на државната граница надвор од местото определено за преминување се смета за нелегално преминување, односно за прекршок за кој во член 66 став 1, точка 1 од законот е утврдена казна. Такви места, односно подрачја кои се користат како нелегални гранични премини, според досегашното работење и сознанија кои ги имаат службите кои вршат обезбедување и контрола на државната граница се:

1. Кон Република Грција:

  • Место викано КАРОТ-во близина на Граничен Камен-51/13

  • Планина КАРАБАЛИЈА-во близина на Граничен Камен-44

  • Село НИКОЛИЌ во близина на дојранско езеро

  • Место викано .ЖЕЛЕЗНИЧКА ПРУГА-во близина на Граничен Камен-150

  • Место викано ЦРКВИЦА-од Граничен Камен-119 до Граничен Камен -120

  • Место викано КРИВИ КАМЕН-во близина на Граничен Камен-167

2. Кон Република Бугарија:

  • Место викано ПЛАНИНСКИ ВРВ-РУЕН- кај Граничен Камен-91

  • Место викано БЕЛ КАМЕН -меѓу Граничен Камен-103 и Граничен Камен-104

  • Место викано ЛУКОВ РИД-меѓу Граничен Камен-70 и Граничен Камен-71

  • Место викано АЏИИЦА-кај Граничен Камен -32 и Граничен Камен -33

  • Место викано РИБНИК-кај Граничен Камен-14 и Граничен Камен-15



3. Кон Република Србија и Црна Гора:

  • Село ДЛОБОЧИЦА (Србија и Црна Гора)---село ЈАЖИНЦЕ (Република Македонија)

  • Село ДОЛНО БЛАЦЕ (Република Македонија)--ГЕНЕРАЛ ЈАНКОВИЧ (Србија и Црна Гора)

  • Село ТАНУШЕВЦИ (Република Македонија)--село ДЕБАЛДЕ (Србија и Црна Гора)

  • Село ГОШИНЦЕ (Република Македонија)--село СТАНКИЌ (Србија и Црна Гора)

  • Село ЛОЈАНЕ (Република Македонија)---село МИРАТОВАЦ (Србија и Црна Гора)

  • Место викано МАЉОЦКА КОРИЈА кај село Сопот



4. Кон Република Албанија:

  • РЕСТЕЛИЦА (Србија и Црна Гора) - ГОСТИВАР (Република Македонија) (во близина на тромеѓето)

  • село КЛОБОЧИШТА (Република Албанија)---село СПАС (Република Македонија)

  • КРАСАТА БРДО (Република Албанија)---СТРУГА (Република Македонија)

  • ЗАВОЈ (Република Албанија)---СТРУГА (Република Македонија)

  • ПОГРАДЕЦ (Република Албанија)---с.ЉУБАНИШТА (Република Македонија)

  • ПЕШКОПЕЈА (Република Албанија)---ЉУБАНИШТА (Република Македонија)

  • По ОХРИДСКО ЕЗЕРО Пловак 3 и 4



Врз основа на наведените сознанија, за местата кои се користат како неовластени гранични премини, службите кои вршат обезбедување и контрола на државната граница (Министерството за внатрешни работи-Гранична полиција, Армијата на Република Македонија и Царинската управа) превземаат адекватни оперативно тактички мерки за спречување на овие појави.

25. Кои национални бази на податоци и регистри ги имате поставено (пр. за украдени возила, исчезнати лица итн.)?

Во Министерството за внатрешни работи се водат разновидни евиденции за работи кои се од надлежност на Министерството. Водењето на овие евиденции во најголем дел е предвидено со законските и подзаконските прописи кои третираат одредена област. Покрај евиденциите кои се водат врз основа на законски или подзаконски акти, од страна на организационите единици на Одделот за гранична полиција се водат и евиденции чие водење е воспоставено врз основа на инструктивни телеграми или наредби од страна на надлежните структури на Министерството за внатрешни работи. При контрола на преминување на државната граница од страна на организациионите единици на Одделот за гранична полиција се користат следните евиденции:

Евиденција за број на лица и возила кои ја преминуваат државната граница;

Евиденција за лица и возила кои ја преминуваат државната граница со посебна евиденција за товарни возила;

Евиденција за слетани и полетани воздухоплови на воздухопловните пристаништа;

Евиденција за остварен влез - излез на возови на граничните премини за железнички сообраќај;

Евиденција за издадени одобренија за пренесување на оружје и муниција преку територијата на Република Македонија и за одобренијата за држење и носење на ловечко оружје на лицата што доаѓаат во Република Македонија заради лов и на членовите на странски стрелачки организации што доаѓаат во Република Македонија на стрелачки натпревари или на подготовки за такви натпревари;

Евиденција за дадените дозволи за движење и задржување на граничен премин и дозволи за движење и престој надвор од местото на граничниот премин;

Евиденција за издадени дозволи за движење и престој во граничниот појас;

Евиденција за издадени визи (издадени на граничните премини);

Евиденција за издадени туристички пропусници;

Евиденција за гранични инциденти и за други повреди на државната граница;

Евиденција за лица, возила и предмети за кои се распишани потерници, распис за трагање или објава;

Евиденција за лица за кои е распишана одредена мерка (контрола, претрес и сл.);

Евиденција за меѓународни потерници за лица, возила и предмети;

Евиденција на странски државјани на кои им е забранет влез во Република Македонија;

Евиденција за одземени и пронајдени предмети;

Евиденција за дневни настани;

Евиденција за недозволен влез - излез на лица и возила;

Евиденција за исклучени возила од сообраќај поради преоптовареност;

Евиденција за употреба на средства за присилба;

Евиденција за приведени, задржани и лишени лица од слобода;

Евиденција за добиени оперативни сознанија;

Деловодник;

Евиденција за граѓани кои пријавиле престој во странство подолго од три месеци;

Евиденција за поднесени преставки од странки;

Евиденција за влез - излез на возила кои превезуваат опасни материи;

Евиденција за влез - излез на возила со кои се превезуваат акцизни стоки;

Евиденција за издадени патни исправи;

Евиденција за пријавени изгубени и исчезнати патни исправи;

Евиденција за лични карти и државјанство на Република Македонија;

Евиденција за регистрирани возила;

Евиденција за издадени возачки дозволи;

Евиденција за остварени контакти со соседни погранични органи;

Евиденција за примени - предадени лица по полициски и комисиски пат;

Евиденција за влез на оштетени возила;

Евиденција за преземени мерки по оперативни акции.

Покрај евиденциите кои се водат од страна на организационите единици на Одделот за гранична полиција, при контролата на преминување на државна граница соодветни евиденции се водат и од страна на Царинската управа на Република Македонија. Царинската управа за својот царински информационен систем (МАКЦИС) ја користи Asycuda апликацијата за царинско работење. Референтните податоци кои се интегрирани во самиот систем се : хармонизиран тарифен систем, подносители, компании, валута и курсна листа, царински складишта и сите референтни листи кои се однесуваат на ЕЦД (Единствен царински документ) и податоци за сите форми на царинска постапка (увоз,извоз,транзит,провоз итн). Во евиденцијата интегрирани се интернационалните стандарди и кодови развиени од ЕУ, Светската царинска организација и Обединетите Нации и истовремено системот дава можности и е конфигуриран според потребите на Македонското законодавство во делот во кој е потребно.

Согласно со Член 48 од Законот за Царинската управа („Службен весник на Република Македонија“, бр. 46/04), во рамките на Секторот за контрола и истраги ги имаме следниве бази на податоци:


  • Разузнавачка база на податоци;

  • База на податоци за сторени кривични дела и прекршоци;

  • База за регистрирање на заплени на високотарифни стоки, дрога ,оружје,според CITES конфенцијата и заплени на парични средства.


26. Опишете ја вашата ИТ опременост и online врските на границите? Дали системите за комуникација се компатибилни со оние кои ги користат соседните земји и/или земјите членки на ЕУ?

Нa повеќето од граничните премини за патен сообраќај (и на двата гранични премини за воздушен сообраќај) има персонални компјутери со читачи на пасоши меѓусебно поврзани во ЛАН (Локална компјутерска мрежа) и директна врска со централниот компјутерски систем на Министерството за внатрешни работи. Со врската помеѓу граничните премини и централниот компутерски систем на Министерството за внатрешни работи, со специјална комуникациска опрема, е овозможен 24 часовен пристап до централните компјутерски бази со брзина на пренос до 2 Мбит/сек. Преносот на податоци помеѓу граничните премини и централниот компјутерски систем се извршува преку закупени канали за пренос на податоци на Македонски телекумуникации (телеком оператор). На овие компјутерски мрежи постои можност за користење на текст процесор, а има и специјализирано апликативно решение за внес и контрола на патници и возила кои поминуваат на самиот граничен премин. Апликативното решение е застарено и не ги задоволува потребите на корисниците, внесувањето на податоците за лицата по потерници се врши локално на граничниот премин, а од ист тип е и меморирањето на податоците за лицата и возилата кои поминуваат на тој граничен премин. Податоците се чуваат на серверот на граничниот премин така што непостои централна база на податоци за сите гранични премини. На железничките и помалку фрекфентните гранични премини постојат локални компјутерски мрежи кои немаат овозможена врска со централниот компјутерски систем на Министерството за внатрешни работи. На овие компјутерски мрежи нема читачи на пасоши и евидентирањето на лицата и возилата кои поминуваат на овиe гранични премини е рачно. Апликативното решение за внес и контрола на патници е исто како и на граничните премини за патен и воздушен сообраќај. На езерскиот и привремените (малогранични) гранични премини непостои компјутерска опрема како и информатичка инфраструктура. Компјутерската опремата која е инсталирана на граничните премини е во добра состојба и може да овозможи користење на многу пософистицирани апликативни решенија. Граничните полициски станици на јужната и источната граница имаат локални компјутерски мрежи, меѓусебно неповрзани, непостои ни врска со централниот компјутерски систем на Министерството за внатрешни работи. На овие компјутерски мрежи може да се користи текст процесор, меѓусебна електронска комуникација како и алатки за изработка на табели и други пресметки. Радиосистемот за комуникација што се користи моментално во Граничната полиција не е компатибилен со системите на соседните земји или земјите од ЕУ, додека телефонскиот систем за комуникација е компатибилен и е според стандардите на ЕУ.

Царинската управа на Република Македонија има локални компјутерски мрежи на сите друмски и железнички гранични премини, на двата меѓународни аеродроми и двете меѓународни пошти. На езерскиот и малограничните премини не постои информатичка опрема. Во локалните мрежи поврзани се сервери, работни станици, печатари, скeнери на документи и бар код читачи. На граничните премини со компјутерска опрема се обработуваат документи за меѓународен или национален транзит во компјутерскиот систем МАКЦИС базиран на УН/УНЦТАД софтверското решение АСИЦУДА. Апликативното решение е базирно на УН/ЕДИФАЦТ стандардот и ИСО стандардите и претставува добра основа за размена на податоци со соседните држави. Локалните компјутерски мрежи на граничните премини се поврзани со централните бази на податоци во Царинската управа (освен граничниот премин Блато кај Дебар) со брзина од 64 Кбит/сек. Преку мрежата за пренос на податоци на Министерството за внатрешни работи и изнајмени линии од Македонски Телекомуникации на локалните работни станици можен е пристап до Интернет мрежата и може да се користат за размена на информации (електронска пошта). Мрежната опрема овозможува и пренос на говор (ВолП) кој сега не е во функција.

27. Каква опрема од прва и втора линија поседувате на граничните премини?

На повеќето меѓународни гранични премини располагаме со следната примарна опрема:



  • Терминални приклучоци на централниот информационен систем на МВР кој ги содржи сите релевантни бази на податоци на национално ниво;

  • Опрема за телекомуникација (телефонски централи и телефонски апарати Panasonik);

  • Компјутери марка Fujitsu - Siemens со читачи на патни исправи и печатари;

  • Доку тестови за контрола на документи со UV лампа и лупа;

  • Рачни UV лампи и портабл лупи за контрола на документи;

  • Радио комуникациска опрема (рачни и стационирани радио станици - Моторола ГП - 300);

  • Портабл пејџери за детекција на радиоактивни материи (на три гранични премини).



На повеќето меѓународни гранични премини располагаме со следната секундарна опрема:

  • Детектори за откривање на дрога и експлозиви - Ion tracer

  • Детектор за откривање шуплини

  • Рачни метал детектори, метал детектор врати и ренген апарати за контрола на багаж - Хајман ( на граничните премини за воздушен сообраќај)

  • Видео камери со рекордери за контрола на прометот на патници и возила

  • Статички детектори за радиоактивно зрачење

  • Фиберскоп

  • Бустер

  • Огледало со телескопска рачка

  • Ласерски мерач на далечина

  • Детектори за откривање на скриена стока

  • Светлечки стоп палки

  • Лежалка на тркала и огледало за контрола на возила

  • Шипка за земање мостри

  • Контрабанд детектор

  • Фото апарати

  • Сет со крупен и ситен алат


28. Дали имате капацитет да обезбедите компјутерско читање на нови исправи?

Со цел побрз проток на патници и возила, на 16 гранични премини ( од вкупно 20 ) во Република Македонија инсталирани се компјутерски системи и читачи на патни исправи. Наведените читачи марка Rochford - Thompson модел RDE 6701 се способни за читање на патни исправи изработени согласно ICAO стандардите. Во текот на 2002 година во рамките на КАРДС проектот добиени се 50 нови и пософистицирани читачи на патни исправи со скенери марка PD - 150 B кои поради несоодветен Софтвер односно поради некомпатибилност на програмот за пасошка контрола (кој е од постар тип ) и читачите (кои се од поново производство) сеуште не се во употреба. Со воведувањето на новиот софтвер за пасошка контрола (за чија изработка веќе се преземаат активности) се очекува сите читачи за пасошка да бидат ставени во функција, со што ќе имаме целосен капацитет за компјутерско читање на патните исправи.


29. Опишете што е направено за откривање на фалсификувани исправи и, посебно, за подобрување на размената на информации за сузбивање на фалсификувањето на патни исправи.

Граничните премини располагаат со податоци за изгубени и исчезнати патни исправи кои од страна на одредени лица можат да бидат фалсификувани и како такви употребени за влез-излез од Република Македонија.

Поголем број од Граничните премини поседуваат специмени од патни исправи кои се користат за компарација со приложената патна исправа и на тој начин откривање на фалсификатот.

Граничните премини се опремени со технички помагала, лупи и докутестови кој со употреба на разни видови светлина на граничниот персонал му помагаат во откривањето на фалсификатите.

Вештачењето на фaлсификуваните патни исправи е во надлежност на Секторот за криминалистичко-технички вештачења во Министерството за внатрешни работи кој остварува соработка со службите во Граничната полиција. Овој сектор располага со софистицирана опрема и стручен кадар обучен за документирање на фалсификатите. Податоците и сознанијата до кои доаѓа овој Сектор, преставуваат основа за запознавање на Граничниот персонал со новите појавните облици на фалсификување и начинот на нивно откривање.

На ова поле Граничната полиција соработува со Криминалистичката полиција, а особено со Секторот за организиран криминал кој е непосредно задолжен за преземање истражни активности по откриена фалсификувана патна исправа.

Граничните премини располагаат со податоци за изгубени и исчезнати патни исправи кои од страна на одредени лица можат да бидат фалсификувани и како такви употребени за влез-излез од Република Македонија.

Поголем број од Граничните премини поседуваат специмени од патни исправи кои се користат за компарација со приложената патна исправа и на тој начин откривање на фалсификатот.

Граничните премини се опремени со технички помагала, лупи и докутестови кој со употреба на разни видови светлина на граничниот персонал му помагаат во откривањето на фалсификатите.

Основната полициска обука на припадниците на Граничната полиција се изведува во Полициската академија, каде (меѓудругото) се стекнуваат основните познавања од областа на патните исправи, начините за нивно фалсификување и методогологијата на откривање.

Дополнителната обука на граничниот персонал се реализира на национално ниво и во рамките на меѓународната полициска соработка преку организација на работилници и семинари за препознавање и откривање на фалсификувани патни исправи.

Во текот на 2004 година, американски и германски експерти реализираа обука на 50 полициски службеници од Граничната полиција за откривање на фалсификувани патни исправи.

Во соработка со “ЕУПОЛ ПРОКСИМА“ со присуство на германски, француски и холандски експерти, беа организирани работилници за откривање фалсификувани патни исправи на кои земаа учество 228 припадници на Граничната полиција.

Исто така во соработка со “ЕУПОЛ ПРОКСИМА“, во тек е реализација на проектот “Далеку напред“ кој претставува напредна работилница каде ќе се оспособат македонски експерти за тренинг и обука на останатиот граничен персонал.

Размената на информации за сузбивање на фалсификуваните патни исправи се врши преку Секторот за меѓународна полициска соработка - НЦБ Интерпол Скопје, SECI центарот во Романија во кој постојан преставник има и Министерството за внатрешни работи, офицерите за безбедност во Дипломатско конзуларните преставништва во Република Македонија и преку соработка со Граничните и Криминалистичките полиции на другите земји кои работат на оваа проблематика. На ова поле Министерството за внатрешни работи презема активности за зајакнување и координација на соработката со повеќе земји во регионот и пошироко. Во тој контекст се потпишани бројни договори за соработка во кој е актуализирана и проблематиката со фалсификуваните патни исправи.

За поголема ефикасност во откривањето на фалсификуваните патни исправи потребна е дополнителна софистицирана опрема за скенирање и читање на патните исправи.





Достарыңызбен бөлісу:
1   ...   9   10   11   12   13   14   15   16   ...   51


©netref.ru 2019
әкімшілігінің қараңыз

    Басты бет