Сектор за контрола и превенција на



Дата18.05.2020
өлшемі333 Kb.


ИНСТИТУТ ЗА ЈАВНО ЗДРАВЈЕ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Сектор за контрола и превенција на заразни болести





ЗАБОЛУВАЊА КОИ СЕ ПРЕНЕСУВААТ ПРЕКУ ХРАНА

Заболувањата кои се пренесуваат преку храна (food borne diseases), всушност настануваат после внесување во организмот на човекот храна која е контаминирана со инфективни или токсични агенси.


Предизвикувачи на овие заболувања се инфективни микроорганизми, кои во погодни услови се размножуваат во храната или во неа излачуваат токсини.

Во речиси 90% од случаите овие заболување ги предизвикуваат бактерии, затоа најчесто зборуваме за бактериски алиментарни инфекции и интоксикации, но исто така можат да бидат предизвикани и од други инфективни агенси (вируси, паразити).


За заболувањата кои се пренесуваат преку храна е карактеристичен нивниот сезонски карактер - најголем број труења со храна се јавуваат во текот на летните месеци, иако можат да се јават во било кој период од годината. Најчесто се јавуваат како групни заболувања, односно во вид на епидемии во семејства, колективи, ресторани, слаткарници и сл.

Причини за појава на овие заболувања, кои често се јавуваат во епидемиска форма се се пропустите во технологијата на подготвување, дистрибуција и чување на храната.

Во принцип сите хранливи продукти од животинско потекло, се сметаат за примарно контаминирани.

Покрај примарната контаминација на продуктите од животинско потекло, во процесот на нивната обработка, односно ракувањето со нив, често доаѓа до секундарна контаминација.



Чувањето на веќе подготвената храна на собна температура, особено во топлите летни месеци, овозможува брзо размножување на инфективните агенси и лачење на нивни токсини и е најчеста причина за настанување на заболувањата кои се пренесуваат преку храна.

ПРЕВЕНТИВНИ МЕРКИ:


  • Да не се консумира сирова, термички непреработена храна од животинско потекло (месо и производи од месо, млеко и млечни производи, јајца).

  • Свежите прехрамбени продукти треба да се чуваат во разладни уреди (фрижидери) за да се спречи размножување на бактериите и лачење на токсини.

  • Да се избегнува подготвување и консумација на храна од свежи, термички непреработени животински намирници (кремови, сладоледи, крем сирења и сл.).

  • Термичката обработка на храната да биде доволно долга и на доволно висока температура за да ги уништи бактериите и нивните токсини.

  • Храната да се користи веднаш по подготвувањето. Доколку не се упшотреби веднаш, да се чува на температура до 4°Ц (во фрижидер) или над 70°Ц до нејзина употреба.


  • Обработката на термички нетретираната и третираната храна да се врши на различни работни површини, со различен прибор и во различни садови.

  • Темелно чистење и миење на садовите, кујнскиот прибор, работните површини и рацете, пред и после ракувањето со храна - сирова или термички обработена.

  • Свежиот зеленчук, овошјето и салатите треба темелно да се измијат под силен млаз вода - пред јадење, сецкање или готвење, па дури и кога се излупени.

  • Да се избегнува храна од кулинарски тезги на улица, брза храна, како и др. храна и вода од несигурни извори

  • Темелно миење на рацете пред и после јадење.

  • Безбедно складирање на храната и нејзина заштита од инсекти и глодари.

  • Лицата кои вршат подготовка на големи количини храна (ресторани, кафани, кујни и сл. објекти) да бидат здравствено просветени и да ги спазуваат основните принципи на хигиенски минимум при ракување со храна (подготвување, чување и дистрибуција). Тие треба да поминат и специјална обука за начинот и постапките во технологијата на подготвувањето на храна и да прават редовни санитарно-здравствени прегледи.




  • Заради безбедноста на продуктите од животинско потекло, потребна е засилена и прописна ветеринарна контрола на животните, контрола на кланиците при колење и обработка на месото и контрола на месото и неговите преработки во индустријата и на пазарот.

Каталог: wp-content -> uploads -> 2014
2014 -> Сабақтың тақырыбы: Спорттық ойын волейбол ойынға қосылған допты жоғарыдан немесе төменнен қабылдау
2014 -> Эй бир боорум! Менден бир нече насыйкат сурадың. Сен бир жоокер болгонуң үчүн, аскердик мисалдар менен айтылган сегиз чакан аңгеме аркылуу бир нече акыйкатты напсим менен бирге уккун
2014 -> Қазақстан республикасы білім және ғылым министрлігі
2014 -> ЖҰмыс бағдарламасы пән: «Қоғамтану» Мамандығы: : 0301000
2014 -> Ұлт тарихы толқынындағЫ Ұлы тұЛҒалар
2014 -> Конкурс ережесі «Астана Опера»
2014 -> «Қостанай таңының» кітапханасы Сәлім меңдібаев


Достарыңызбен бөлісу:


©netref.ru 2019
әкімшілігінің қараңыз

    Басты бет