Записни к од дванаесеттата седница на Управниот Одбор на зелс, 9 март, 2006 г., општина К. Вода, Скопје Присутни



Дата26.04.2016
өлшемі90.8 Kb.
З А П И С Н И К

Од дванаесеттата седница на Управниот Одбор на ЗЕЛС,

9 март, 2006 г., општина К. Вода, Скопје
Присутни: Џорџе Арсов, Невзат Бејта, Коце Трајановски, Име Селмани, Марјан Ристески, Зоран Заев, Панчо Минов, Душко Јовановски, Аце Коцевски, Сание Садику, Рами Ќерими, Тони Коцевски, Виолета Аларова, Бранко Трајчевски, Николче Чурлиновски, Владимир Тасевски, Боро Шуклев, Аце Петрески, Андреј Петров, Ризван Сулејмани, Министер за локална самоуправа
Дискусија:
Претседателот ги поздрави присутните констатирајќи го потребниот број присутни за кворум за работа. Присутните отворија дискусија по предложениот:
ДНЕВЕН РЕД


  1. Усвојување на Записникот од 11-та седница на Управниот Одбор на ЗЕЛС одржана на 2 февруари, 2006 г. во Битола;

  2. Презентација на можните модели и опции за разрешување на долговите на општините, изготвени од страна на експертскиот тим на Проектот за успешна децентрализација финансиран од УСАИД и дискусија по истата;

  3. Разгледување на организациската поставеност на ЗЕЛС од аспект на препораките на извештајот изготвен од страна на УСАИД (Mendez England & Associates) во ноември 2005 г.

  4. Разгледување на актуелните состојби во постапката на пренесувањето на надлежностите од централно на локално ниво;

  5. Дискусија по иницијативата за изменување и дополнување на Законот за Градот Скопје и разгледување на текстот на Предлог - Законот;

  6. Дискусија по заклучоците донесени на седница на Комисијата за финансирање при ЗЕЛС одржана на 15 февруари, 2006 г.

  7. Усвојување на Предлог - буџетот за 2006 г. и завршната сметка за 2005 г.

  8. Разгледување на извештајот на Комисијата за евалуација на Извршниот Директор на ЗЕЛС;

  9. Разно.

Во однос на петтата точка од предложениот дневен ред со која се предвидува разгледување на Предлог - законот за изменување и дополнување на Законот за Градот Скопје, поради барање за утврдување на автентичност од страна на законодавно - правната комисија при Собранието на Република Македонија, претседателот предложи истата да биде разгледана на следната седница кога и ќе се обезбеди погоренаведеното толкување од ова тело. Беше исто така предложено, во рамките на точката разно, да се разгледа и донесувањето на заклучок со кој од Владата ќе се побара катастарските подлоги во целост да бидат пренесени на општините.


Во рамките на првата точка од дневниот ред, записникот од 11-та седница е усвоен без забелешки и едногласно.
Во продолжение, во рамките на втората точка од дневниот ред, беше отворена расправа по моделите и опциите за надминување на долговите на општините, согласно концептот изготвен и предложен од страна на УСАИД. Присутните беа запознаени со фактот дека и покрај договорената презентација од страна на претставниците на УСАИД, сепак, поради оправдано отсуство на експертот кој е компетентен да го презентира концептот, оваа презентација ќе се одложи на краток рок а на неа покрај членовите на У.О. на ЗЕЛС ќе бидат поканети и останатите засегнати општини. Беше предложено, со оглед дека анализата е обемна и дадена во повеќе матрици и предвидени се повеќе чекори во меѓувреме да се извршат дополнителни анализи (секоја општина во рамките на својата администрација) и да се излезе со стратегија како ќе се настапи во преговорите со Владата. Претседателот на Комисијата за финансирање при ЗЕЛС (имајќи во предвид дека на својата последна седница оваа комисија веќе ги разгледуваше предложените концепти), пред присутните ги образложи утврдените заклучоци подвлекувајќи дека концептот Б-1 е најприфатлив за општините во републиката. Во рамките на дискусијата беше посочено и дека е потребно да се опсервира и прашањето за долговите по основ експропријација, како и исплатата по основ судски одлуки, која исто така паѓа на товар на општините. Беше предложено дека треба да се побара солуција и во рамките на донаторска конференција со што би се надминал овој проблем.

Констатирано е дека е потребно да се разгледаат и споредат и предлозите на министерството за локална самоуправа и министерството за финансии и да се изврши вкрстена анализа на предлозите. Подвлечено е дека проблемот е итен и секој следен работен ден претпоставува зголемување на долгот со нови камати, истовремено имајќи во предвид дека Комисијата при Владата на Р.М. која работи на ова прашање, веќе подолго време го очекува ставот на ЗЕЛС. Дел од присутните нагласија дека стапката на комуналната такса за осветлување е несоодветна за општините во услови кога цената на електричната енергија е зголемена за над 200 %, особено што по продажбата општините ќе се доведат во многу неповолна положба. Конечно, У.О. на ЗЕЛС донесе заклучок со кој се задолжува комисијата за финансирање при ЗЕЛС да го детализира предлогот 1-Б од концептот изготвен од страна на УСАИД, и на својот прв нареден состанок истиот да го детализира со цел добивање јасна слика за придобивките. Управниот Одбор го задолжува г. Љубомир Јанев, како претставник на ЗЕЛС во Владината комисија за надминување на проблемите со општинските долгови, да го истакне барањето на ЗЕЛС за прифаќање на концептот 1-Б од страна на надлежните министерства.


Во продолжение на седницата на присутните им се обрати министерот за локална самоуправа г. Ризван Сулејмани, кој го изрази задоволството од присуството истакнувајќи, во однос на актуелното прашање за долговите на општините, дека доминантен е ставот дека постои незаинтересираност на ЗЕЛС за надминување на состојбите. Усвоениот заклучок за прифаќањето на опцијата Б-1, беше истакнато дека е најдобар но не и најреалистичен ќе мора да биде соочен со позицијата на доверителите. Министерот информираше и за остварените средби со доверителите истакнувајќи дека студијата ќе мора да се прифати таква каква што е па во текот на дискусиите одредени прашања да бидат дополнително решавани. Беше предложено, во рамките на оваа студија да се вметне и програмата што ја понуди министерството. Министерот ги охрабри претставниците на УСАИД да продолжат и понатаму со поддршката во решавањето на овој проблем. Во однос на прашањето со градежното земјиште, беше истакнато дека истото треба да биде пропратено со механизми за добро менаџирање со истото. Присутните беа информирани за фазата во која се наоѓа тендерската постапка во рамките на ТРЕИН проектот и можноста дел од средствата да останат неискористени, предлагајќи притоа да се направи градација за 10 – 20 најзагрозени општини. Општините мора да покажат добра волја и дел од обврските да ги преземат избегнувајќи политизација на процесот. Како потврда на позитивната насока во која се движат работите, присутните беа известени и за интересот кој постои во регионот за македонскиот модел на децентрализација кој особено бил потенциран на средбата со амбасадорот на САД во НАТО. Градоначалниците беа поттикнати да ги истакнуваат и добрите примери од своето работење, преку конкретно изготвување на бела книга на успеси. На крајот, министерот ја истакна и поддршката на зградата на ЗЕЛС, односно на проектот “куќа на општините”.

По обраќањето на министерот, беше упатена пораката за незадоволството на градоначалникот на општина Валандово за донесената одлука за одземање на управувањето со неколку училишта со образложение дека на министерот Положани лошо му е прикажана фактичката состојба и дека податоците кои ги доставува општината до министерството се земени сосема спротивно како аргументи против општината. Второстепената владина комисија не ги прифаќа аргументите на општината. На изнесените констатации министерот истакна дека проблематиката е многу сложена и дека треба да се прави разлика помеѓу одземање на надлежност и одземање на вршење на надлежност. Ова прашање треба да се разгледа во рамките на групата за децентрализација и да се изнајде решение. Инспекторатот кој ја следи законитоста фактички постои, но нема уредена постапка по која треба и да работи.

Дел од присутните побараа во иднина ЗЕЛС да работи по рокови односно најдоцна во рок од 1 месец Владата да добие мислење во однос на истакнатиот предлог (концептот Б-1) од страна на донаторите. Беше исто така предложено дека е потребно да се утврди што всушност предлогот ќе значи во финансиски средства. Беше истакната и забелешката дека особено проблемот со ЕСМ мора што поскоро да се разреши. Тарифата што ја плаќаат општините е преголема, особено имајќи ги во предвид податоците дека кон дел од населението се применуваат и олеснувања, што всушност претставува комуналната такса која и понатаму е на товар на општините. Имајќи во предвид дека се водат и постапки пред судовите, беше истакнато барањето при преговорите и при утврдувањето на модалитетите за надминување на долговите, да се запрат судските постапки.

Исто така беше истакнато и прашањето за веќе склучените договори за репрограмирање на долгот односно што ќе се случи со истите доколку се прифати некое друго решение. Беше констатирана потребата од ревизија на основот на долгот на секоја општина поодделно и тоа како кон ЕСМ, така и кон градежните фирми каде исто така се врши големо фактурирање а постои можност дел од износите веќе да биде вратен.


Беше истакнат и ставот дека ЗЕЛС ја губи острината со која ги наметнува ставовите. Особено во услови кога веќе постои договор со ЕСМ, општинските сметки се блокираат. Истото се случува и со Македонија пат. Беше заклучена потребата од организирање наменски прес конференции како механизам за информирање на јавноста за ставовите на ЗЕЛС. Отворајќи дискусија за актуелната позиција на ЗЕЛС, претседателот на ЗЕЛС предложи организирање на прес конференција на која би се собрале група градоначалници, забележувајќи дека потоа се организираат партиски конференции на кои се негираат истакнатите ставови. Беше заклучено дека е против интересите на ЗЕЛС градоначалници од иста партија да излегуваат на прес, туку истото да се прави со претставници на сите партии како заеднички партнери, кои се со ист став. Оттука, Претседателот на ЗЕЛС ја истакна обврската минимум еднаш месечно да се одржуваат прес конференции.
Дополнително елаборирајќи го прашањето со долговите кон ЕСМ, У.О. на ЗЕЛС донесе заклучок со кој се задолжуваат претседателот и потпретседателите да остварат итен состанок со ЕСМ со барање стриктно да се почитува договореното на средбата во април.
Дел од присутните во продолжение го истакнаа барањето до УЈП, општините да не бидат исклучени од ДАНИС системот, особено во околности кога не се предадени архивите, а оттука и барањето да се испечатат и решенијата за 2006 г. Во оваа насока беше истакнато стравувањето дека доколку денес се преземат податоците, општините ќе бидат подготвени да ги печатат решенијата најмалку за 6 месеци. Од страна на проектот за успешна децентрализација, присутните беа информирани дека дури од април би се започнало со инсталација на софтверот.
Во однос на заклучоците на комисијата за финансирање при ЗЕЛС, беше упте еднаш повторен ставот дека од се што остварува Скопје да се добиваат само 6 % од вкупниот износ. Постои извесен степен на демотивација кај општините да се инвестира во индустриски капацитети а да се двои дури 1 % од ДДВ за оние општини кои немаат приход. Заклучоците на комисијата беа ставени на гласање и истите се усвоени со констатација дека истите од сега се сметаат за ставови на ЗЕЛС.
Во однос на следната точка - усвојување на предлог буџетот за 2006 г. и завршната сметка, која согласно законот мора да биде предадена до надлежните институции, беше истакната препораката завршната сметка да биде разгледана од страна на комисијата за финансирање и утврденото мислење да биде разгледано на следниот состанок на У.О. Препораката беше усвоена од страна на членовите на У.О.
Во однос на точката “Разгледување на извештајот за евалуацијата на Извршниот Директор на ЗЕЛС”, членот на комисијата г. Имер Селмани (во отсуство на претседателот г-ѓа Гажоска) информираше за средбата на оваа комисија на која е усвоена проекцијата за евалуација, утврдувајќи прашалник кој треба да го пополнат членовите на У.О. По сумирање на резултатите од прашалникот, ќе се побара од Извршниот Директор согледување на извршените задачи но и визија за она што треба да се сработи во врска со стратегијата на ЗЕЛС. Беше истакнато дека комисијата ќе ги разгледа и одговорите на извршниот директор и ќе предложи насоки до У.О.

Членовите на У.О. отворија дискусија и по последната точка од дневниот ред односно “Разгледување на организациската поставеност на ЗЕЛС, согласно извештајот изготвен од страна на УСАИД”. Претседателот ги потсети членовите за најавата од минатата седница, а известувајќи и за дискусијата меѓу претседателството и претставниците на УСАИД од каде е добиена бланко поддршка за намерите во оваа насока.

Со цел координиран пристап кон работите, беше предложено формирање на посебна комисија за утврдувањето на предметот на работа на Заменик - Извршениот директор на ЗЕЛС. За членови на оваа комисија беа предложени претседателот, двајцата потпретседатели и претседателот на комисијата за општинска администрација, г. Зоран Заев и Извршниот Директор, г-ѓа Душица Перишиќ, предлог кој беше усвоен од страна на У.О. Во продолжение останатите членови дискутираа во однос на прашањето на конкретниот предмет на работа на вршителот на оваа функција, поделбата на компетенциите секторски а имајќи ги во предвид спецификите кои ЗЕЛС ги има како организација. Беше истакнато дека лицето избрано на оваа функција треба да биде граѓанин од албанската заедница, како одговор на спецификите на ЗЕЛС.

Претседателот на ЗЕЛС истакна дека е најсоодветно оваа функција да ја извршува лице од внатре, предлагајќи ја г-ца Ардита Дема за вршител на оваа функција, истакнувајќи дека станува збор за личност која е подготвена да соработува и е посветена на асоцијацијата. Дел од присутните го истакнаа барањето изборот да се изврши преку конкурс, и на транспарентен начин. Претседателот образложи дека не станува збор за ново вработување туку за унапредување во повисока функција на лице веќе вработено во ЗЕЛС, со сугестија лицето да го предложи формираната комисија.



Во рамките на точката разно, беше дискутирано и за катастарските подлоги, а особено по сугестија на градоначалникот на општина Берово чија сугестија е ЗЕЛС да побара за подлогите кои веќе се подготвени да не се наплаќа средства. Присутните беа информирани дека катастарот целосно ќе се реформира па оттука добро би било доколку ЗЕЛС се избори за катастар на општините.
Скопје, 13 март, 2006 г. ЗЕЛС




Каталог: Upload -> Content -> Documents
Documents -> Јавно претпријатие за управување и заштита на повеќенаменското подрачјЕ Јасен
Content -> I. о познании II. Какая цель этого произведения? III. О философии
Content -> 21 октября с 14-00 до 16-45 «ite сибирская ярмарка», конференц-зал №5 (1 этаж)
Documents -> Nata{a Trajkova Член на Совет на
Content -> Қазақстан Республикасының денсаулық сақтау саласын дамытудың 2011 2015 жылдарға арналған «Саламатты Қазақстан» мемлекеттiк бағдарламасы
Content -> Бағдарламасы туралы «Қазақстан Республикасының 2020 жылға дейінгі Стратегиялық даму жоспары туралы»
Content -> Организация управления


Достарыңызбен бөлісу:


©netref.ru 2019
әкімшілігінің қараңыз

    Басты бет